Дали сте крстени во црква?

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте крстени во црква?

  • Да.

  • Не и не планирам.

  • Не, но планирам.

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Скроз нема везе дали си помнел или не. Не се крсти по два пати. Макар и да преминуваш од една во друга христијанска деноминација.
 
Така е,првиот пат не го помнев,па затоа морав и втор пат.Но добив и огнено крштевање а со тоа и гратис зборување на јазици.За неупатените тоа е,слегнување и исполнување со Светиот Дух, како на апостолите за Педесетница.

Frater Barrabbas,

дај исуструрај ни, на кој начин Светиот Дух ја дели својата благодатна енергија на луѓето кои се надвор од Црквата...

Патем кажано, Светиот Дух не дели дар за зборување на туѓи јазици уште од 3-от век, така да ем себе си се лажеш, а и нас не‘ лажеш дека зборуваш на туѓи јазици.
 
Скроз нема везе дали си помнел или не. Не се крсти по два пати. Макар и да преминуваш од една во друга христијанска деноминација.
За протестантите православното крштевање не е крштевање,затоа и не важи.Вистинското крштевање е она по библијата како што го обавувале апостолите.
 
Знам. Но, католиците и православните колку што знам си ги признаваат крштевањата.
 
Frater Barrabbas,

дај исуструрај ни, на кој начин Светиот Дух ја дели својата благодатна енергија на луѓето кои се надвор од Црквата...

Патем кажано, Светиот Дух не дели дар за зборување на туѓи јазици уште од 3-от век, така да ем себе си се лажеш, а и нас не‘ лажеш дека зборуваш на туѓи јазици.
Зборувањето на јазици го немаат сите протестанти, туку само пентакосталните заедници.Тоа го кажува и нивното име.[DOUBLEPOST=1514663471][/DOUBLEPOST]
Знам. Но, католиците и православните колку што знам си ги признаваат крштевањата.
Тоа е едно исто,католиците и Православните биле едно те исто пред Шизмата.Крштевањето на бебиња нема библиска основа.
 
Зборувањето на јазици го немаат сите протестанти, туку само пентакосталните заедници.Тоа го кажува и нивното име.

Frater Barrabbas,

ајде уште малце да го зголемам апсурдот во твоиве дописи.

Имено, пентакосталците не зборуваат на туѓ јазик, туку „мамлаат„ т.е. млатат празна слама на непознат јазик.

Прашање до тебе; на кој јазик зборуваат пентакосталците и на кои народи им го проповедаат евангелието Христово?
 
За протестантите православното крштевање не е крштевање,затоа и не важи.Вистинското крштевање е она по библијата како што го обавувале апостолите.

Дај илустирај ни на кој начин Апостолите крштеваа.[DOUBLEPOST=1514663688][/DOUBLEPOST]
Ова исто ко муслиман нешто коа ми збори.

Изгледа препишуваат едни од други...:icon_lol:
 
Дај илустирај ни на кој начин Апостолите крштеваа.[DOUBLEPOST=1514663688][/DOUBLEPOST]

Изгледа препишуваат едни од други...:icon_lol:
Гледам баш не ви е позната протестантската доктрина,на крштевање возрасни единки кои откако ќе ја исповедаат верата во Бог,доброволно прифаќаат обавување на чинот и заповедта на крштевање.
 
единствено што гледам, тоа е дека не знаеш...
 
Е што де,доискажи се.Кажи дека крштевањето на бебиња е еднакво валидно пред Бог,исто како возрасен кој ја исповеда својата вера и свесно станува дел од Црквата небеска.
 
Гледам баш не ви е позната протестантската доктрина,на крштевање возрасни единки кои откако ќе ја исповедаат верата во Бог,доброволно прифаќаат обавување на чинот и заповедта на крштевање.

На оваа протестантска доктрина мислиш?

https://forum.kajgana.com/threads/Што-мислат-религиозни-луѓе-за-еволуција.81402/page-6#post-7817267
 
Е што де,доискажи се.Кажи дека крштевањето на бебиња е еднакво валидно пред Бог,исто како возрасен кој ја исповеда својата вера и свесно станува дел од Црквата небеска.

Frater Barrabbas,

моите прашања се наоѓаат на само неколку дописи погоре, така да нема потреба да те потсетувам.

Плус, крштевањето бебиња навистина е валидно колку и крштевањето возразни, кои не се крстени навремено, но сето тоа во рамките од Црквата Христова а не било каде, посебно не во протестантизмот, оти кај протестаните Бог не ја излива својата благодат па затоа нивното крштевање не се разликува од обично бањање.
 
Frater Barrabbas,

моите прашања се наоѓаат на само неколку дописи погоре, така да нема потреба да те потсетувам.

Плус, крштевањето бебиња навистина е валидно колку и крштевањето возразни, кои не се крстени навремено, но сето тоа во рамките од Црквата Христова а не било каде, посебно не во протестнизмот, оти кај протестаните Бог не ја излива својата благодат па затоа нивното крштевање не се разликува од обично бањање.
Да во право си,крштевањето кај протестантите не е валидно бидејќи е бесплатно,додека вие добро наплатувате за него.
 
Да во право си,крштевањето кај протестантите не е валидно бидејќи е бесплатно,додека вие добро наплатувате за него.

Frater Barrabbas,

а кој те прашува дали е бесплатно или со платно? Оти не гледаш што те прашуваат и не одговараш на прашањата?

Да, навистина, кај протестантите све е бесплатно, затоа што за добивање „ништо„ нема смисла да се наплаќа...

„Ништото„ чини ич пари...:pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom