Од каде потребата да се изнесуваат лажни табели, фанатички да се вреѓа една фирма, особено моделот на Хансол, навистина не можам да разберам. Алексо никако да се умори информирајќи не како барал "табели" од Гри за тој чувен Хансол, ама ете не му давале... Прогуглајте малку, сите сервисни ви се достапни на нет и тоа од сите фирми, не само од Гри.
Вие не знаете едно сервисно да најдете, не па ќе праите анализи. Ама затоа знаете да ширите лажни информации.
Еве го вистинскиот графикон од Хансол
Прегледај го приврзокот 182459
4КW на +7C
3.2KW на -10C
Белки знаете да пресметате и за други температури. Еве и спец од сервисното за Хансол
Прегледај го приврзокот 182460
Тука може да се види и максимумот што климата може да го повлече (1700W), што и
@omlet13m успеал да го измери. Тоа што не успеал да измери како што треба е Т на издув, разбирливо, сите го видовме термометарчето закачено на селотејп. Јас во еден пост му дадов совети како правилно да мери, во неколку наврати тоа го направи и
@vlavot...
Eве и Еуровент од Хансол со налепница York
Прегледај го приврзокот 182461
Како што може да се види, сите мерења, табели и спецификации се идентични.
За корисничките искуства, повторно шириш лаги и дезинформации. 2-3 хансола биле погодени од 10, бре мајката. Многумина пишаа дека се супер задоволни од својот Хансол, ама тие постови ги игнорирате, не ви чинат.
Епа еве уште едно такво мислење од мене. Хан Соло работи перфектно! Греам 29м2 неизолиран простор во стара куќа, а од скоро со отворање врата на уште една соба од 22м2. Нормално топлината не се пренесува идеално преку врати, се губат 2-3C во најоддалечената просторија, ама ете и тоа не е никаков проблем за Хансол. Работи како Rolls-Royce.