Темава повторно се отвори, да видиме дали ќе се води нормална дискусија. Извинување ниту некакво објаснување не видовме од
@Gree info, си тера како ништо да не било, амнезија? Матните ликови од истата ип адреса сеуште не се претставен ниту банирани, што ме наведува на тоа дека темава и во иднина ќе се затвора. Доколку овие се претставници на фирмава многу чудно и непрофесионално ја водат.
Климава MAX од
@gorank дава делтаТ од 24 степени што е добар резултат за клима од 33к. Јас со Хансолов сеуште не сум постигнал повеќе од 20 и макс издув 47.
@ante1, можеби целата разлика е во објектот, тој има сендвич зидови со двојна изолација и тројни стакла. Јас имам полна цигла 2 реда без изолација со пвц со двојни стакла. Доколку неговиот податок е точен, тоа би значело дека изолацијата може и до 6 пати да ги намали трошоците за греење. Не се сомневам дека може да е така. Членот
@Forall имаше пратено податок дека само со 5цм стиропор се намалуваат загубите до 3 пати. Горанк има двојна изолација и двојни зидови, може да ги намали загубите до 6 пати.
Секој објект е индивидуален со свој коефициент на загуби. Горанк има нискоенергетски објект, такви се многу ретки во Македонија. Јас имам објект со големи загуби, но како мојата куќа се 99% од куќите во градов. Секој може да земе референца какви трошоци ќе има според овие два резултати. Макар што може и полошо и од кај мене, јас имам фасада и пвц, многу куѓи го немаат ни ова. Некои 80% од куќите немаат пвц, 20% немаат фасада. ЗНачи има доста полошо и од она што јас го добивам.
@Alekso 1981 , прашање е дали хансол12 од 40.000 е подобар од хаиер12 од 22.5000 или аери12 од 27.000. Има членови со тој модел, ќе направат мерења.