Мене пак не ми е јасно од каде се створија сите овие "експерти" што сега јадат трици на телевизија на дневна основа и кажуваат што треба и како треба, некои дедиња од нафталин извадени со префикс експерт за јадење гомна.
Кај беа 11 години сите овие ликови не ми е јасно, да кажат како треба, во која дупка беа напикани и дури сега собраа храброст да ја видат светлината на денот и да не почастат со нивните "експертски" гомненици.
Неверојатна е брзината со која се адаптира кон новата власт јавниот ни медиумски сервис и ја менува плочата и тонот во известување.
Само кога ќе ми текне Ивона од Сител со кој елан известуваше и ги влажнеше гаќичките од 500 еура за врвните дострели на лидерот, чиниш онаа бабана од Северна Кореја што кажува за достигнувањата на нивниот лидер, цела во емоции и гордост, ниту таа не и беше рамна и сега на кое ниво спаднаа.
Министерот што е задолжен за јавна администрација паламуди и со сите сили се обидува да ги оправда новите вработувања во државни јасли кои следат од наредната година.
Која контрадикторност и патетика, тврди оти сеуште имало простор за нови вработувања оти едни си оделе па требало да дојдат други, имало недостиг на кадар а до пред година дена во нивите јавни настапи нон-стоп трубеа за пренатрупаната јавна администрација. Сега немало да има отпуштања, имало недостиг на квалитетен кадар, па ќе има бе торко еден кога пола од нив се вработени преку рамковен и штабски директиви, паразити со осмо. Битно нив списоците од партиските дувла му се спремни за од 1 јануари да се обесат на државна цицка новите партиски штакори, по ново такозвани "дефицитарни кадри" и "експерти" пошто во оваа држава само тоа има, све е експерти за извоз.