VOLK2234
еврофоб и хомоскептик
- Член од
- 16 септември 2008
- Мислења
- 5.517
- Поени од реакции
- 4.387
Имено.
https://www.youtube.com/results?search_query=30000+просечна+платаКој црни раст кои 5%. Еве да речеме дека во еден период се достигнал таков раст, дали некој со сиот памет верува дека една-две неповрзани години на таков раст е доволен за некаков сериозен скок на стандардот на граѓаните!?
За ние во некоја догледна иднина почувствуваме некакво подобрување на стандардот годишните проекции за раст, во низа, треба да изнесуваат минимум 5% годишно на среден рок и тоа континуиран раст, без прекин.
Уште поважно, носители на таквиот раст треба да бидат компании од реалниот сектор, пред се домашни претпријатија. Растот може да биде потпомогнат и преку странските инвеститори но нивната улога треба да биде второстепена. Акцентот да се стави на развој на домашните стопанства, пред се мали и средни претпријатија. Државата да го стимулира нивното работење индиректно а не да се меша внатре.
Друга многу битна работа кога веќе се начна оваа тема е распределбата на растот. Вие можете да имате и 10% раст на БДП но доколку тој не е правилно распределен кон сите слоеви на опшеството, туку како кај нас, бенефитите и од овој минимален раст кој го имаме одат кај горните слоеви во опшеството, политичари и олигарси кои преку матни зделки го испумпуваат надвор од државата тогаш таквиот раст ви е џабе.
Кај нас и тој минимален раст во времето на ВМРО беше исклучиво генериран преку градежништвото стимулиран со државни пари, пари на граѓаните. Тој не беше реален, беше иссилен. Сега кога парите за проекти од типот СК 2014 запреа се виде реалната состојба во економијата. Овие работи ги имам зборувано на други теми, еве нека стојат и тука.
Немојте да правите паралели со Франција и други држави од тој ранг, звучите смешно. На Франција и е доволен тој 0.5 до 1% раст годишно се додека не е во негатива. Високи стапки на раст од 5% па нагоре во најголем дел од случаите остваруваат земји во развој.
Кога станува збор за моменталната ситуација во економијата прогнозите се црни, да, но' да бидеме реални дека уште е рано за прогнози.
Оваа година беше јасно дека е сјебана уште на почетокот. Предвидувањата на сите релеванти фактори, домашни и странски не одеа во прилог за некаков значителен раст. Истото ќе беше и ВМРО сега да беше на власт.
Си создаваме лош имиџ пред странските инвеститори. Затоа ниту една сериозна компанија се нема одлучено за инвестирање и така ќе биде уште долго ако нешто сериозно не се смени на овој план.
Домашните компании немаат мотивација за инвеститрање во ваква политичка атмосфера. Критиките на адреса на СДСМ се оправдани, иако се само околу 6 месеци на власт нивните први одлуки не се охрабрувачки иако велам сеуште е рано јас лично не сум оптимиста.
Од друга страна пак и смешно е да се очекува нешто сериозно од ваква гарнитура.
Најдоброто што можат да го направат е да се обидат да ја нормализираат државата, да укинат некои штетни закони од предходната власт и да ги одмрзнат евроатланските перспективи.
На економски план не би препорачал некој претеран оптимизам во догледно време, барем не од оваа гарнитура која е моментално на власт.
клик
Последно уредено: