Ај да наредам неколку:
Аcid i Schoolgirl - Прв пат кога стапнав на форумов први во очи ми западнаа они. Ги замислував како само за себе се дружат. Сосема обратното испадна. супер сте дечки (дечко и девојка) секогаш пријателски расположени.
Black Rose - Единствената личност која како ја замислував така испадна.Кул девојче (добро ајде девојка
) знае што сака, си има направено свој правец на животот
Burn84 - Човеков го замислував неодлучен, повлечен а испадна обратно. Закон е кога е налутен (абе ти реков го немаше тријаголникот вчера затоа не тераше баксуз
)
Vodka mixx - Реметџија со тапија. Увек весел човек.
Tonchie - Го замислував како човек кој го интересира модата. Според физичките карактеристики ме потсеќа на професорот по етнологија - Искулиран човек до крајна мера. Respect
Necrofilia - Типчево многу ме потсеќа на најдобриот другар од средно. Работлив е тоа што го работи го сака - посветен е на својата работа - ова многу го поштувам.
Psytisfaction - оваа девојка кога ја видов во галерија ја замислував многу мирна, повлечена и ќутлива. Испадна обратното. Доста си отворена, директна - супер девојка.
БуШав - човеков го знам од порано - заедно учевме англиски на курс едно време. Ич не се променил. Човек кој сите вицови ги знае.
Гижо - не знам зошто ама порано (пред да го видам во живо) мислев дека физички многу личи на пејачот Сашо Гигов - гиш. Дали според аватарот што го имаше? Супер си човече продужи така.