Одличен пост, што го докажува она што кажував вчера. Иста е цената на греење, со тоа што на клима си на ризик штом паднат температурите, секогаш се плашам дали ќе уклучи климава штом падне под -10, дефрости, COP многу мал, скоро 1 со чести дефрости. Баш сакав да побарам КWH/m3 за дрвата за да го докажам истово, но гледам си ме преварил.
Ти си зел максимална цена на дрва, најчесто е пониска, има и крадени дрва, во Прилеп 'ѓупците' добар дел со тоа се занимаваат, макар што скоро исто толку и етнички/антички/право/славо Македонци (кој како се чувствува) го прават истото за живот и дрвата се земаат и поефтино. Има барем 200 дрвокрадци во градов.
Но тука има еден друг момент. Голема печка на дрва со котел за парно, и 5-10 радијатори на спрат. Дали некој знае колку е ефикасноста на дрвата тогаш? Да не испадне COP3?
Добро е што си измерил нешто. Но подобро е да купиш сензори со сонда од 1.5$, јас ги чекам моите да стасаат. И да измериш колку е потрошувачка на климаата во тој момент кога мериш издув.
Инаку на 15 степени надворешна ова не е некој резултат за респект, да беше надвор -15 тогаш би била друга приказната.