Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 март 2009
Мислења
20.182
Поени од реакции
16.320
Nova Makedonija (Vecer) razumen kompromis :D
е па го нејќевте кинг Аристон и Пајониа, сега може и Вардарска депонија да испадне:confused:

https://kontrastav.press/index.php/macedonia/crna-hronika/154-crna-hronika/5496-majka-i-dete-od-gazi-baba-napadnati-od-rotfajlerot-pred-da-bide-uloven
и овој треба да се амнестира, во пакет со меѓународната истрага, беше на ТВ , многу симпатично мафта со опашката :eek:...
И овој исто не е виновен, туку газдата што го издресирал ( во бонстил):mad:[DOUBLEPOST=1513154364][/DOUBLEPOST]Американскиот амбасадор Џас Бејли ќе одржи предавање Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

таман се засиливте да го набркате,( Хојт го бааравте) тој сега се активира..
ова предавање (за борбата против корупцијата. ) не требаше да биде во Штип туку во Струмица, а ментор да му биде Вицко:icon_mrgr:
 
Последно уредено:

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Опасно „мрси“ и Регулаторната комисија за енергетика!
Високи плати во РКЕ, дневници за службени патувања, надоместоци, репрезентација, семинари… Згора и нова барокна зграда.

Рада И. Маневска ● 20:07 12 декември 2017 ● Прочитано 6833

Иако лани, како што наведува во својот Годишен извештај за работа, Регулаторната комисија за енергетика штедела, таа сепак потрошила 508.256 евра за плати за вработените. Во ова регулаторно тело, според последните податоци од Годишниот извештај, има вкупно 31 вработени, од кои 7 се членови на Комисијата, а останатите се вработени во секторите. Платите на членовите на комисијата и на другите вработени, според систематизацијата, не се исти, но во отсуство на информација за поединечните износи, нашите груби пресметки говорат дека во просек, лани секој вработен во оваа Комисија примил 16.395 евра, односно месечната плата од 1.366 евра.

Лани оваа Комисија исплатила вкупно 49.655 евра за дневници и за службени патувања и дополнителни 5.050 евра за интелектуални и други услуги. На челновите на Комисијата за жалби од областа на енергетиката им се исплатени 5.907 евра. Дополнителни пари Регулаторната комисија за енергетика потрошила и за надоместоци за трошоците на вработените и тоа вкупно 22.143 евра.

Дали Комисијата и лани, како и во изминатиот период, делела бонуси на вработените, нема официјални податоци, но неофицијално се говори дека практиката востановена од порано продолжила.

Репрезентација, семинари, нова кола...

Лани претстедателот на РКЕ, Димитар Петров и тројца членови на Комисијата добија кривични пријави од Министерството за внатрешни работи, за злоупотреба на службена положба и овластување, поради сомнение дека го оштетиле буџетот за износ од над 130.000 евра. Тие , според МВР, во текот на 2012 година донеле Одлука со која се одобрува исплата на плата на сите вработени во износ од 100 отсто од нивната плата, со што била исплатена вкупна сума во износ од над 22.000 евра. Оваа одлука, според МВР, е во спротивност од Правилникот за плати на РКЕ, според кој работната успешност на секој вработен се пресметува најмногу во износ зголемен или намален за 10 отсто од основната плата.

Според Извештајот за работа, регулаторите лани не штеделе ниту на репрезентација. За оваа намена тие потрошиле 11.534 евра, додека пак за семинари, кои најчесто ги одржуват во Боровец, Бугарија, како и за судски трошоци, трошоци за стручна литература и за регистрација на возила, се потрошени 11.302 евра.

Дека луксузирањето на вработените во ова регулаторно тело не сопрело говори и податокот дека за такси превоз ,телефонски и поштенски услуги како и за интернет лани се потрошени 60.855 евра. Но, освен тоа, во годишниот извештај за работата на регулаторната комисија за енергетика за лани стои дека се одвоени 120.245 евра за закуп на деловни простории и закуп на стан за член на Комисијата.

Комисијата лани купила и моторно возило за што издвоила 27.317 евра.

Вкупно 1.219.952 евра регулаторите потрошиле за новата барокна административна зграда пред да се вселат во неа. Оваа зграда се гради неколку години и се проценува на 15 милиони евра.

Регулаторната комисија за енергетика лани остварила вкупни приходи од 2.803.389 евра, а во текот на годината потрошила 2.123.954 евра. Неискористените парични средства во износ од 679.435 евра кои останеле непотрошени се пренесени за трошење за годинава и, како што се наведува во Извештајот, ќе се искористат за довршување на изградбата на административниот објект - јавна администрација „Лазар Поп Трајков”.

Инаку, Регулаторната комисија за енергетика се финансира од сопствени извори на средства, преку наплата на годишен надоместок од вкупниот приход од носителите на лиценци за вршење на енергетска дејност и преку наплата на надоместок за издавање на лиценци. Од лани РКЕ наплаќа и поголем процент, односно 0,052 отсто од вкупниот приход од енергетските компаниите кои имаат лиценци.

Дополнителни финансии доаѓаат и од еднократна наплата на паричен надоместок за трошоците направени во постапката за издавање на лиценци за вршење енергетски дејности.

Членови на Регулаторната комисија за енергетика се: Димитар Петров, претседател, Куштрим Рамадани, заменик претседател, како и Видан Кулевски, Светлана Јаневска, Елена Маркова-Велинова, Дејан Бошковски и Енвер Ељмази како членови.

Кој е кој во РКЕ?

Иако ова тело треба да биде независно, партиската припадност на неговите членови не го гарантираат тоа. Димитар Петров е претседател на РКЕ од 2009 година. На оваа позиција дојде од Кратово, каде беше потпретседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и работел во ЕВН Македонија. Тој во еден период беше незаконски претседател на Комисијата, бидејќи и покрај изминат мандат, раководеше со Комисијата една ипол година.

На јавноста и е познато и дека битолчанецот Видан Кулевски, пред да биде назначен за член на Комисијата, работел како член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, а во 2007 година бил и член и на Надзорниот одбор на државната ЕЛЕМ. Во комисијата се и Куштрим Рамадани, кој исто така доаѓа од ЕВН Македонија. Светлана Јаневска претходно работела во Министерството за финансии. Елена Маркова-Велинова, пак, е дипломиран електротехнички инженер и работела во ЕВН Македонија во секторот за нови приклучоци како и во Министерството за економија, односно во техничкиот инспекторат.

Лани во комисијата се именувани Дејан Бошковски - поранешен прв човвек на ЕЛЕМ (2012-2016) и челн на ВМРО-ДПМНЕ. Бошковски, веднаш по промената на функцијата во ЕЛЕМ, е избран за член на РКЕ, што пак е спротивно на актуелниот Закон за енергетика, кој поради конфликт на интереси предвидува меѓу две вакви функции да има период од најмалку една година. Бошковски инаку е првоодсомничен во случајот „Тарифа“, што го води Специјалното јавно обвинителство, за јавна набавка од 2014 година. Од лани член на Комисијата е и Енвер Ељмази од ДУИ.

Плусинфо се обиде да добие изјава од претседателот на Регулаторната комисија за енергетика за да добие одговори на прашањата дали и лани регулаторната комисија поделила бонуси на вработените и колку партиската припадност на членовите влијаела на работењето, но и покрај упорното барање на неговиот телефон, тој не одговори на повиците. Се надеваме на повеќе среќа во текот на утрешниот ден.

http://www.plusinfo.mk/vest/137019/opasno-mrsi-i-regulatornata-komisija-za-energetika
 
Nikola Nini

Doktor bez nauka
Член од
5 септември 2017
Мислења
353
Поени од реакции
179

Kriminal do kriminal
Pola drzava treba da se zatvori
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Kriminal do kriminal
Pola drzava treba da se zatvori
Ова е само врвот од сантата мраз.[DOUBLEPOST=1513159628][/DOUBLEPOST]Нека чепнат малце и во агенцијата за цивилно воздухопловство.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ова е само врвот од сантата мраз.[DOUBLEPOST=1513159628][/DOUBLEPOST]Нека чепнат малце и во агенцијата за цивилно воздухопловство.
Таа + АЕК + Шуми им се тројството генератори на фиктивни работни места.

Него видете го нашиот Фанџо, пишува на чет на луѓе што гледа дека ја ругаат по интернетов :pos: ќе и пратам линк од Кајгана после, со мала среќа, ќе имаме селебрити овде како поддршка на Иреал.

BoK e so praFednite!!
 
Последно уредено:

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Масонот Боцевски со секоја власт што е амбасадор во Бразил го ставиле, амбасадата базен има на сликата од отварањето се гледа. Тоа надвор а внатре нема шо нема.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Масонот Боцевски со секоја власт што е амбасадор во Бразил го ставиле, амбасадата базен има на сликата од отварањето се гледа. Тоа надвор а внатре нема шо нема.
Епа кај се видело нилски коњ без вода не зафркавај:)[DOUBLEPOST=1513169208][/DOUBLEPOST]Освен САД никој нема во МКД ваква хациенда. А и САД имаа скромна порано. Абе светска сила сме си можеме. Ќе умре човек за неисправен апарат овде битно Боцето ќе нурка во базен со мозаици.
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
http://fokus.mk/od-spomenikot-na-majka-tereza-ke-ostane-vertikalen-zid-so-bel-mermer/

Значи пак ќе остане уличката која иде до плоштадот блокирана со руглово, пак ќе стои како чир во најстрогиот центар.

Не бе, и овие се багра неспособна, само фалење, гушкање и ПР-чење, една работа не ја почнаа и завршија до крај како треба, една!
 
S

silmarillion

Гостин

Не не, муабетот дека многу поскапо коштало размонтирување на СК2014. Ок, можда поефикасно е тие пари да се искористат за бизнис класата на Донев, патните трошкови на ДИКовци и сите пратеници, новите ухлебувања од СДС шарени револуционери кои си дојдоа со молба кај своите газди као еве нас не тепаа за вие да дојдете на власт, дајте ни работа пошто сме неспособни говна.

Али и колку ружен момент е овој леле, пу да им ебам тоа сељаците уште ќе убедуваат сегде у странство било така.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Не не, муабетот дека многу поскапо коштало размонтирување на СК2014. Ок, можда поефикасно е тие пари да се искористат за бизнис класата на Донев, патните трошкови на ДИКовци и сите пратеници, новите ухлебувања од СДС шарени револуционери кои си дојдоа со молба кај своите газди као еве нас не тепаа за вие да дојдете на власт, дајте ни работа пошто сме неспособни говна.

Али и колку ружен момент е овој леле, пу да им ебам тоа сељаците уште ќе убедуваат сегде у странство било така.
http://fokus.mk/ertotstranuvaneto-na-koseto-pod-prashane-bidejki-e-dokaz-vo-postapka-na-sjo/

Еве уште една релативизаторска глупост од истата тема. Уште едно упичкување, а што беа силни- вака ќе правиме, ова ќе правиме.

Кретени, не мора да го стопите, треба само да го преместите, ништо нема да му се деси на Ќосето ако го заклучите во некој магацин

Кога се води постапка, предметот на кривчно дело не останува таму каде е сторено делото туку се запленува и се користи после како доказ.

Освен продужена тотална партизација (само со други имиња) и удомивање на „заслужни борци“, за кур не ги бива овие.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.462
Таа + АЕК + Шуми им се тројството генератори на фиктивни работни места.

Него видете го нашиот Фанџо, пишува на чет на луѓе што гледа дека ја ругаат по интернетов :pos: ќе и пратам линк од Кајгана после, со мала среќа, ќе имаме селебрити овде како поддршка на Иреал.

BoK e so praFednite!!
Бо ќе суди?

Бо мислам дека у Шпанија (на Канарски острови) игра уште. Не верувам судија да станал.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom