Дали според тебе само Православното Христијанство е голема (единствена) вистина,а останатото(во кое спаѓаат и другите форми на Христијанството) е голема лага ?
Напиши го твоето лично мислење(при тоа остави ги црковните ставови на страна),но појасно,без вртење наоколу со дополнителни прашања.
Зошто е тешко да се прифати дека можеби има по некоја вистина во секоја религија и верување ?
Моето мислење по верските прашања не може да биде поинакво од црковното, оти во спротивно, би прешол во состојба која во Црквата е позната како „...мудрување телесно...„ односно мудрување по својот ум...„, што не значи дека нема да ти одговорам.
Да, Црквата е таа која ја има вистината во нејзината полнота, затоа што сам Бог токму на Црквата и‘ објави пар битни вистини:
- вистината за Бога, за Светот и за животот,
- вистината за минатото, за сегашноста и за иднината,
- вистината за почетокот, текот и крајот на Светов, ваков каков го знаеме и
- вистината за вечноста.
Ниту една друга религија не поседува вакви вистини. Црквата не спори дека кај другите (религии) може да се најде по некоја вистина или возвишена мисла, кои можат да бидат многу слични на црковните, но делумните вистини остануваат само вистини „на парче„, оти другите (религии) ја немаат објавата Божја во себе. Другите религии се створени од огревовени и идолопоклонички ориентирани луѓе, плус „сугестиите„ кои им ги има „забиберено„ лукавиот па така, добиваме смешни компилации/религии од „малку човечка вистина„ и „малку демонска лага„, кои немаат сигурен одговор ниту решение за битните човекови проблеми и потреби.
Слично е и со философите и со нивните философски системи, кои немаат трајна вредност, оти се непотполни и минливи. Дел од философите, особено подоцнежните како Платон и Аристотел, ги имаат насетено Божјите атрибути, но тие не можат да кажат „нешто повеќе„, освен она кое можеле да го достигнат со своите умови, а без Божјата објава кон нив самите. Кај философите, пофално е тоа што, како што вели самата Црква, се обидоа да дојдат до Творецот проучувајќи ги Неговите творенија. Но, философите не станаа верници, иако скокот од философија во религија не бара голем напор.[DOUBLEPOST=1513013652][/DOUBLEPOST]
Но ти пак продолжуваш со христијанскиот православен негативизам кон се што не е под капата на тоа што ти го сметаш за црква.
Ти реков претходно:
И сега гледаш, бидејќи не читаш никој, во својата луда гордост наоѓаш постојано сила да доаѓаш и зборуваш за секој лажно и обвинуваш лажно преку твојата религија и занесеност,предизвикуваш и јас да се повторувам за да разбереш едно:
... луѓево (поточно ти) не сакаат сериозност ниту пак издржани говори. Ако нешто не им се допаѓа, не го читаат и продолжуваат да зборуваат она што го научиле одамна и ништо повеќе. Со скриени намери да навредат, срце полно со омраза зборуваат ли зборуваат...
Исто и тука ти кажав за твојата неукост преку која ги осудуваш сите за да си задоволиш едно ненаситно верување.
Хепта,
за чија неукост баљезгариш; за мојата, со која давам одговори на поставени прашања, или за твојата, со која не можеш ништо да одговориш и без да киднеш од поставеното прашање?...