Здраво дечки, пак јас, значи можеби има некаков одговор назад, многуу назад низ форумов ама на последниве 10+ страни нема т.е. никаков одговор, само коментари и прашања од типот: Со какви документи си? Со посредник си? А преку Битола или преку Скопје? А кој број си? Што ти пишуваше пред тоа? А од каде си? Асл плс?
Некои од вас го знаат мојот проблем, веќе ми дадоа различни одговори, но еве нека бидам тврдоглава или глупава ама јас ПАК не разбирам!
[FACEPALM X 100] Голем дел од нас се во дополнителна процедура па таму сум и јас.
Значи, докажав дека сум бугарка, дека ДА јас имам БУГАРСКО ПОТЕКЛО/ПРОИСХОД со ПЕЧАТ ОД ДАБЧ, доставив многу документи од дедо ми црковно крштениче, сведителства, изводи, венчаници, изводи од умрените, па од мајка, па стебло, па....... СЕ легализирано, преведено, заведено на нотар бла бла бла... Сето тоа во конзулатот во БИТОЛА!
Советот за гражданство испаѓа дека не ја почитува оваа одлука на ДАБЧ и ми бара документи за "дополнителна проверка". Во конзулатот ми одговорија прво со: "Дојдете од понеделник, ќе разгледаме....", потоа со: "Донесете ги истите документи, ова сега е друго, ама донесете оргинал".
Се работи за некаков меѓусебен конфликт? (мислам на двете институции)
Се работи за дополнителна заработка?
Се работи за лошо искуство од предходни лажирања на документи?
Дали ако одам во Софија преку МП ќе биде побрзо? Дали е во ред да се оди на таков чекор, пола преку конзулат, пола директно во МП?
Секој одговор е добредојден
П.С. БЕЗ
, ве молам.