Че, токму така “кога ќе станеме нормална држава“.... ама тешко да станеме! Околу греењето нели како најголем фактор на загадувањето (50-55% од цврсти горива па + - 20тина проценти сообраќајот и индустријата у распад...)
За субвенција на топлотни пумпи од секој вид (ограничено за поскапите до толку и толку) за клима- инвертерите и тн.... и пишав и на предходната и на оваа Влада.. со тоа да на најсиромашните (оние најранливите категории) што знам колку 1,000-5000 семејства од СК и по толку и толку од најзагрозените од загадување градовии во МК (Те Ку Бт).... да им се купи од буџетот на РМ (нема да пропадне, гарантирано) плинска печка со гратис 100 литри плин - подели им бонови нели како што имаше за гориво у наше (убаво време
)...со тоа да им се зациментира оџакот... а за останатите сведување на даночната стапка за купување на инвертери и останати топлотни пумпи на онаа од ИТ опремата или детската храна (5%) царината од 15 на 5% (во тој сл не треба субвенции, а и овие даночни олеснувања нека бидат ограничен рок, што знам година или две)... во тој случај би поевтинеле инвертерите оние што се сега 30К на 23-25К оние што се 50-60 пресметајте на колку... немора сите да поседуваат Мицубиши ФХ или Фуџитсу ЛУКА, Даикин Уруру... и тн. По таква една акција, прво забрануваш у СК кое БДВ е единствена метропола во Европа во која не е забрането греење на Цврсти горива, значи забрануваш на 5-6-7 км од центар на СК оџак... пушташ едно 10тина дрона низ скопјево и а задими некаде оџак јавуеш у БонСтил дигаат два Ф15...
... не се разбира, казни! Се прашуваш ли зошто едните хохшаплери (кои дојдоа) ја превзедоа акцијата за субвенционирање печки на пелети, од предходните хохштаплери (кои ојдоа од власт)??? Само за пара и за ништо друго. Всушност новиве и двете досега мерки што ѓоа ги превзедоа против загадување (поскапување на дизелот и паркингот) е за пара, за полнење на буџетот... но не против загадување! Пример, печка на пелет за греење на 30квадрати од 6-8кВ е 50-60,000, ќе ти платат 70%, но данок некој мора да плати (тоа е 12,000)....Една таква печка троши 1-1,8 кгр, килото е 14-15 Денари ми се чини, во тој сл значи месечната сметка за греење на 30-35кв е од 8-10,000 Денари! Со дрва е пола со инвертер дури и третина од таа цена! Е па не е исто данок да платиш на 10,000 и на 3,000 Денари... Ако пресметаш колку данок ќе платиш за печката и пелетите што ќе ги трошиш (секако и персоналниот кој треба да го плати и тој што ти ја продал)... па субвенцијата ќе им ја вратиш за 3-4 години, а натаму за нив чист ќар е! Можда е паушална математикава... но размислете во тој смер и ќе ви биде јасно зошто не субвенционираат топлотни пумпи, туку печки на пелети кои сигурно не ги купуваат оние што досега се грееле на дрва. Или барем не 95% од нив! И која е поентата на субвенцијата?