Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
А

Атлантист

Гостин
^
Да не беше Бејли немаше ни да дојдат на власт, но толку им е паметот, ни пак имаат мнозинство, мислат еве власт сме сега, што сакаме ќе правиме.
 

Nikola Nini

Doktor bez nauka
Член од
5 септември 2017
Мислења
353
Поени од реакции
179
пак ја спинуваш работата., не дискутирав за тоа, за упадот си има постапка; ..кај нас се створи тираниска клима, дека може се што сака да се изгласува во собрание а нема кој да го оспори, ниту председател ниту уставен суд... а го најавуваше тоа Андов уште во јануари, па имавме и разговорот меѓу Фрчковски и Геровски....
да не зборувам за други злоупотреби на криминализираното мвр, н.пр. спречување на граѓани да гласаат на локални избори ( како македонци така и албанци), да останеме само на најбитните, јазикот, идентитетот, името, отворено веќе си поентираат грците и блгарите како да е свршена работа , па и албанските екстремисти кај нас и во Албанија..
Epa da ne kradese vmro i da ne se ponasase kako ova drzava samo nivna da e nemase niso od ova de se desi neli? Tiranska klima e 10 godini samo vajda ne si osetil na svoja koza koga ne si svoj u svoja drzava
Preslusaj si gi ubavo snimkite gi imas na youtube site pa pocni na vaga da stavas zasto sme na ovaa deredze sega site da ne dupat
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Нема струја платено, ај ти не плати три сметки па да видиш што ќе се случи.

Дескоска: Се бара решение за долговите за струја на битолските училишта

http://setaliste.com.mk/vesti/binfo/Дескоска-Се-бара-решение-за-долговите/
Дел од решението МОРА да биде одговорност за недомаќинско работење, или не сакаат ко по обичај да си ја расипуваат калимерата меѓу себе?

Битола не е толку мал град, ама менталитетот е таков да многу брзо испливува на површина капитал на буџетски чиновници шо не може во сто и една година со висина на нивни примања да се стекне. Може наследство е јбга, тивко партнерство некаде во некој бизнис, а може и резултат на вакви и ислични долгови.

Од тоа шо беше ветувано едно големо ништо, ама затоа па од тоа шо не беше, тек па за тоа шо се негираше, има одповеќе.
 

Nikola Nini

Doktor bez nauka
Член од
5 септември 2017
Мислења
353
Поени од реакции
179
Дел од решението МОРА да биде одговорност за недомаќинско работење, или не сакаат ко по обичај да си ја расипуваат калимерата меѓу себе?

Битола не е толку мал град, ама менталитетот е таков да многу брзо испливува на површина капитал на буџетски чиновници шо не може во сто и една година со висина на нивни примања да се стекне. Може наследство е јбга, тивко партнерство некаде во некој бизнис, а може и резултат на вакви и ислични долгови.

Од тоа шо беше ветувано едно големо ништо, ама затоа па од тоа шо не беше, тек па за тоа шо се негираше, има одповеќе.
Vo pravo si mora odgovornost inace dzabe se si se vrtime vo krug isto gomna drugi ludje
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.723
Поени од реакции
49.155
Добра им е онаа фора со лабавата автокритика што ја продаваат за да покажат дека се различни, ама за Бејли серење е малце преголем залак. Не е тоа Рашковски Драги па да си дозволуваат такви гимнастики
 
S

silmarillion

Гостин
Реално Бејли ги донесе на власт, а не шарена револуција. Да не беше он односно апаратурата позади него, ни снимките ќе искочеа од ДБК ни оставки ќе летаа, ни СДС ќе напраеше коалиција со ДУИ.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Втора фаза
Објавио Скопски Солидарец




Читам министерот за транспорт и врски Сугарески следната година ќе распишел тендер за изградба на втората фаза на жичницата од детската болница Козле до Средно Водно. Уше додава дека со ова планирале да ја збогатат туристичката понуда на градот.

Тука само ми се наметна едно прашање - КОЈА БРЕ ЦРНА ТУРИСТИЧКА ПОНУДА НА ГРАДОТ. И кој е луд турист да ти дојде у оваа канализација наречена Скопје. Па гледа ли он дека е загадено до посер и дека не се дише. И шо ќе види туристот ко ќе се качи со жичара на Средно Водно? Нишо нема да види од шо е загадено.

7 миљона евра ќе се потрошеле за ова. Па може ли тие пари да се потрошат на нешто попаметно него ли за изградба на втората фаза на жицницата? И која бре втора фаза, се офајдифме од првата па сеа ни фали и втора. Па тоа ко ќе почне да се копа, па да се сечат дрва, па прашина. Маме ќе ни се ебе. И све тоа поред болница која поради загадениот ваздух се пуни со деца.

Па нели се договоривме дека више нема да има градење на Водно. И више ако планираат да трошат 7 миљона евра нека ги потрошат баш таму од каде шо планираат да ја градат жичарата, а тоа е детската болница Козле. Или зa некoјa другa бoлницa. Болниците пропаѓаат а ти да слупаш милиони зa жичaра, па не иде бре чоече. Што е следното, изградба на ски - центар на Водно?

Ај ова дека ќе се троши за гасификација, железничка инфраструктура, изградба на социјални станови пеки, али жичница до средно Водно... Па нас у Скопје изгледа никој не не ебава ама баш за ништо. Право да ви кажам ова е за референдум. Да се иде на гласање дали сакаме втора фаза жицница или не.

https://skopskisolidarec.blogspot.mk/2017/12/blog-post_5.html?spref=fb
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Vo pravo si mora odgovornost inace dzabe se si se vrtime vo krug isto gomna drugi ludje
За да побараш одговорност треба да имаш кредибилитет, ако го немаш треба да го стекнеш, ај шо дојдоа на власт без истиот, со ништо не покажаа суштинска разлика, настрана PR, после се во овој краток период на власт, ВП Анѓушев, со кој кредибилитет би барал одговорност да речеме од Пешевски?

Поентата беше подобра кадровска екипираност, на почеток беа само партиски и по личен избор само составите на кабинетите ама не е така, после се Рамиз Мерко на местото од Виктор Мизо бе е напредок?!

Договорот за бугаризација и законот за албанизација им се веќе грев макар сто пати дневно да повторат дека треба да се покаже лидерство, ама тоа ти е кога има опозиција на која јамката и е веќе ставена поради корупција.


Добра им е онаа фора со лабавата автокритика што ја продаваат за да покажат дека се различни, ама за Бејли серење е малце преголем залак. Не е тоа Рашковски Драги па да си дозволуваат такви гимнастики
Не верувам дека е тоа спонтано, веројатно се обидуваат да продадат малку „независност“ , журанлистичко-експертска, НВО, а може со истиот потег и да се амортизира сега веќе поимот „марионетска“ Влада.
Во никој случај не е она што се обидува некој да ни го продаде.
 
S

silmarillion

Гостин
Зашто би докажувале нешто што и самите го признаваат, а и сите малите деца знаат кој е главен во државата? Незнам на кој уште не му е јасно дека оваа власт неможе да направи ништо без амин од америчка амбасада. Исто како што беше ВМРО до кај негде 2013-14та година кога почнаа да лапаат прљав руски кеш и да го перат на Кариби и прекинаа секакви односи си Америте. Па мала е државава секој има барем еден познат или преку второ колено у влада што работи. Сите зборат дека кога се носат одлуки цел дипломатски кор се шуња унутра. Да не случајно Заев ќе донесе одлука за нешто? Ако му остават на него којзнае и тоа шо ќе биде. Али пошто знаат со каква неписмена багра од народ си имаат работа, решија да ги земат работите у свои раце. Незнам Ордановски кого пробува да заштити со пишувањево или каква слика на божемна независност да претстави, али не проаѓа ни кај нас, ни па ако е искрен, кај Бејли.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.176
Поени од реакции
16.311
Epa da ne kradese vmro i da ne se ponasase kako ova drzava samo nivna da e nemase niso od ova de se desi neli? Tiranska klima e 10 godini samo vajda ne si osetil na svoja koza koga ne si svoj u svoja drzava
Preslusaj si gi ubavo snimkite gi imas na youtube site pa pocni na vaga da stavas zasto sme na ovaa deredze sega site da ne dupat
плукни му се на снимките, поголеми будалаштини нема...СЈО покренува постапка заради набавка на блиндирано возило, правен основ им било возилото е скапо:facepalm: ( демек требало блиндирано возило, ама бесплатно, на поклон да го даде некој нарко дилер, ко на Глигоров што му даде)
Па што не покрене ОБВИНИТЕЛН АКТ постапка против СКАП превоз на пратеници ( поскап и од Тахи) и против СКАПА ДИК ???[DOUBLEPOST=1512575509][/DOUBLEPOST]има она народна, Не може по магарето ( греце) па удри по самарот (геу)

Заев: Ќе ја убедиме Европа да ни даде датум за преговори
 
Член од
25 октомври 2012
Мислења
836
Поени од реакции
1.364
Овие другите не ни ги знам членови во ДИК,али Бонева боже мој 3 години те тролаат секаден те пишуваат за патни трошкови,нафта трошиш како патување до марс лапаш илјадници евра,членување по секакви комисии,одбори и се смени власта прекинаа 7-8 месеци да ја пишуваат,кога еве а повторно 16 плати си дели,добро жено имаш ли осет,место бар малце да си го обелиш лицето ти до крајност одиш ...

А интересно како шарените директорчиња дури од вчера почнаа да пишуваат што кур бара Бејли таму да се меша блаблабла,овој 3 години секаден умешан па дури сега фати да смета.Па уште по фб читам Донев или како беше со авионската карта како Бејли дефакто бил премиер во МКД тоа не требало така да биде,абе глупчо собери си ја опашката и скриј се некаден,уште имаш лице да кажуваш како требало да биде.
 
B

Bafra

Гостин
Патриот сендвичите имаа шанса на 27.04 не ја искористија. Се мољат да се тргнат од улиците пичка ви материна.
А МВР да ви е... селективната примена на законот и правото за слободно движење.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Критичноста мора да продолжи
Здравко Савески, политиколог и член на Левица

Константно расте бројот на граѓани што се разочарани од владеењето на СДСМ. Сè повеќе станува јасно дека СДСМ воопшто не се променил во тие 11 години опозиција. Не му дојде умот. Не извлече поуки. Остана истата партија каква што беше кога беше на власт. Дури и полошо. Очигледно почна да презема искуства од ВМРО-ДПМНЕ, па почнува да се формира уверување дека СДСМ нема да биде онолку лош колку што беше до 2006 година, туку уште полошо, дека ќе биде ист или сличен на ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт.

Сепак, извлекувањето поуки не е така едноставно како што се чини на прв поглед. Што значи тоа да се извлече поука како правилно да се владее? Дали тоа значи да се почне да се владее во интерес на граѓаните? Или, да се покаже поголема умешност во креирањето илузија дека се работи во интерес на граѓаните? Првото е невозможно за СДСМ, околу второто се трудат, но тешко им оди.

Не може туку-така да се почне да се работи во интерес на граѓаните. Ако така се постапи, тогаш власта нема да биде така слатка. Нема да може да се пополнуваат позициите со „заслужни граѓани“, нема да може да се извлекува лична корист од власта и, најважно, нема да се испорачуваат ветувањата до крупниот капитал кому му се слугува. А тоа, СДСМ, која е клиентелистичка партија и која е во служба на крупниот капитал, исто како и ВМРО-ДПМНЕ, не може да го направи.

Во таква ситуација и СДСМ, исто како и ВМРО-ДПМНЕ, ќе прибегне кон креирањето илузија дека работи во интерес на граѓаните. СДСМ си ги знае напатствијата како треба да постапува, но, како и претходно, е помалку вешта од ВМРО-ДПМНЕ во тоа.

Почетокот на мандатот е исклучително важен период за секоја партија на власт која не мисли да работи во интерес на народот. Тогаш треба да се креира позитивна слика за себе и убедување кај граѓаните дека, ете, тие, за разлика од претходните, ќе работат за доброто на граѓаните. Па после, штом ќе се изиграат неколку потези што се потребни за креирањето на оваа илузија, тогаш веќе може да се злоупотребува власта за да се извлекува лична корист. Ако паметно се влечат потезите, секогаш ќе има луѓе што ќе наоѓаат разбирање за непопуларните потези и за кои трошките што им ги фрлиле властодршците ќе бидат доволна причина за тие да продолжат да ги поддржуваат.

СДСМ така и почна. Го укина екстерното тестирање, ја укина радиодифузната такса, ја врати дневната евтина тарифа за струјата, ја зголеми минималната плата, изгласа закон за подобрување на положбата на стечајците. Ама... наместо да го надгради позитивниот имиџ што го имаше во моментот кога дојде на власт, партијата сè повеќе ги разочарува луѓето. Зошто? Што згрешија пустите? Згрешија поради својата нестрпливост. На почетокот на владеењето не треба веднаш да се фрлиш на уживање во благодатите што ти ги дава власта, треба да се воздржиш, да почекаш малку. Креирај си позитивен имиџ, па после стрижи. Тука згрешија.

Прво од партијата почнаа да ги разочаруваат граѓаните со пополнувањето фотелји без критериуми. Немаа среќа кога протече информацијата дека пратениците продолжија да кркаат дебели суми пари по основ на патни трошоци. Додека многумина граѓани маки мачат да врзат крај со крај. А потоа почнаа и со ударите врз животниот стандард на обичниот народ. Наместо ветуваното зголемување на даноците на богатите, удрија врз сиромашните. Како гром од ведро небо решија да ја зголемат акцизата на нафтата. Дополнително ги удрија сиромашните земјоделци со најавата дека ќе им воведат персонален данок. Зашто тие многу пари имаат, нели. За разлика од газдите. Ним, на газдите, решија да им го надоместат зголемувањето кај минималните плати и им овозможија лесен начин како да не плаќаат минимална плата во иднина, преку отворањето на вратничката со т.н. нормиран учинок. Дали цената на водата сепак нема да биде зголемена наскоро, ќе видиме. А буџетот ќе го полнат, и тие како ВМРО-ДПМНЕ, преку задолжување.

Животот, очигледно, нема така лесно да дојде. За обичниот човек, де. За новите властодршци животот дојде на голема врата. Знам дека многумина се понадеваа дека по заминувањето од власт на ВМРО-ДПМНЕ, барем ќе може да се здивне. Нема да мора да се занимаваме со политика. Ќе може да си го живееме животот. Ретко кој се надеваше дека ќе дојде до значителен исчекор во позитивна насока, но многумина веруваа дека ќе се вратиме во „нормала“. А таа „нормала“ обично ја сфаќаат во смисла да има по некоја трошка за обичниот човек и да не се прават поголеми упади во животниот стандард на граѓаните. И да се чепка во медот, во ред тоа (!?), но да се има мерка. Претерано скромен и полн со разбирање за властодршците е нашиот народ! Но, ете, повторно се соочуваме со шокови, со не така ниско ниво на извлекување лична корист од владеењето, со нови упади во животниот стандард, со мерки што провидно имаат за цел со минимум буџетски средства да се креира слика дека се работи во корист на обичниот народ.

Власта, пак, нема да нè остави на мир. Прашањето е како ние ќе се поставиме. Во таа насока една од најважните лекции што мора да ги извлечеме е да не ја повториме грешката од периодот кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт во 2006 година. За потсетување, тие беа далеку поуспешни во креирањето илузија дека владеат добро. Создадоа ретко видена позитивна атмосфера. Ги убедија луѓето дека намалувањето на даноците ќе донесе повисок животен стандард, го јакнеа националното чувство и ја користеа тогашната делегитимираност на СДСМ за да обезбедат поддршка за себе. И секоја критика што беше уште во зачеток ја сечеа преку нејзино поврзување со СДСМ. Во таква ситуација многумина спроведуваа автоцензура, плашејќи се од етикетирањето со делегитимираниот СДСМ. Па критиката на власта која не потекнуваше од редовите на СДСМ доцнеше. Ова воздржување од критика, било поради страв од етикетирање или поради „давање шанса“, ѝ овозможи на ВМРО-ДПМНЕ да се зацврсти на власт толку многу за да може да си го дозволи луксузот да престане да ги слуша граѓаните, да воспостави глува власт, власт до која не допира гласот на народот. Последиците од тоа се добро познати. Без разлика колку беше голем бројот на демонстранти или колку беа скромни барањата на протестите – власта не попушташе.

Затоа, да не ја повторуваме грешката. Да, новата власт ангажира „милиционери“ чија цел е да ја ловат и сузбијат критиката. Да, истиот метод го користат, девалвација на критиката преку нејзино поврзување со делегитимираната најголема опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ. Но не смееме да ја повториме грешката што претходно ја направивме, да оставиме доволно долг период на наоѓање изговори за погрешните потези на власта, во кој период и сегашната власт ќе се засили доволно за да почне да ја игнорира критиката. Гледаме дека критиката знае, понекогаш, да вроди со плод. Не е тоа поради поголемата отвореност за критика на новите властодршци во однос на претходните. Се немаат уште зацврснато на власт за да ја игнорираат критиката. Оттука е нивната поголема „сензибилност“. Таа шанса не смееме да ја испуштиме. Не смееме да се откажеме од критиката и од борбата. Зашто ако поинаку постапиме, повторно ќе добиеме глува власт, која ќе влече потези против граѓаните и која ќе си го дозволува луксузот да не ги слуша граѓаните.

Објавено е на Независен, кое патем речено е новото гласило со чисто грчки капитал, отворено неодамна во припрема на пролетната офанзива ;)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
За името мислам дека топ фаворити се Лоповдонија и Крадедонија. Тежок избор ќе биде тоа.

Најбитно и двете имиња не го задираат нашиот национален идентитет.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom