Осамен на протест, немоќен против воздухот убиец
December 6, 2017
SHARE
Facebook
Twitter
Неуспешен повик Иако на социјалните мрежи ги повикува граѓаните да му се придружат, битолчанецот Горан Ропи две саботи по ред на Широк Сокак сам протестира против загадениот воздух.
Анета Блажевска
Наместо на протести, битката за почист воздух битолчани ја водат најжестоко на Фејсбук. Битолчанецот Горан Ропи (48) години, две саботи по ред е оставен сам на протестот против загадениот воздух, пред споменикот на „Стив Наумов“ на Широк Сокак, иако на социјалните мрежи ги повикува граѓаните да му се придружат во битката со воздухот убиец, со транспарент „Ги отрувте децата“.
Граѓаните досега не го поддржаа и не застанаа зад него, и покрај тоа што стотици битолчани секој ден постираат слики од загадувачи на воздухот во Битола на фејсбук-страници и загрижено коментираат во недоглед на оваа тема.
– Многу сум револтиран, бидејќи градот замира, а ништо не се презема против загадувањето. Страшни се податоците од мерните станици, особено во централното подрачје. Како родители, имаме нова форма на грижа кон нашите деца, со постојано следење колкаво е загадувањето – реагира Ропи, татко на три деца.
http://www.slobodenpecat.mk/drustvo/osamen-na-protest-nemoken-protiv-vozduhot-ubiets/