Тажно, тажно, тажно, тажно мизерно тажно...
Трагедија на скопска Пулмологија: Почина пациент со ретка болест – Скапиот лек сам си го набавил, но не успеал да го искористи
декември 5, 2017
Сподели на Facebook
Твитни
Пациент на пулмологија со ретко заболување на белите дробови сам си обезбедил скап лек кој требало да му го продолжи животот, но не успеал да го прими, починал викендот, пишува Сител.
Од Клиниката го потврдуваат случајот и велат дека тешката болест на 49 годишниот маж му ја дијагностицирале пред три години и поради компликации често лежел во болница.
По неколку месечната голгота да дојде до лекот, вчера требало да ја прими терапијата која годишно од еден производител чини 100.000 долари, а од друг 23.000 евра. Бидејки лекот е многу скап, и од Клиниката и од Здружението за ретки болести уште на почетокот на годината испратиле барање до министерството за здравство да ја обезбеди потребната терапија, но не го сториле тоа. Летото починал уште еден пациент со истатата дијагноза.
Од здружението предупредуваат дека состојбата со терапијата мора итно да се реши бидејќи може да дојде до нови смртни случаи или тешки компликации по животот на лицата со ретки болести поради немањето на неопходните лекови. Бараат стабилно решение и зголемување на буџетот зошто парите предвидени за догодина не се доволни за терапија за сите пациенти.
На прашањето на Сител што превзема министерството за здравство за надминување на сериозната состојба добивме одговор дека доставиле допис до клиниките за моменталната состојба со лекови за ретки болести и потребите за набавка на нови.
http://skopje24.mk/tragedija-na-skopska-pulmologija-pocina-pacient-so-retka-bolest-skapiot-lek/