Многу погрешна слика дадоа овие од ДПМНЕ за Андон Јанов - Ќосето. На некој начин го искористија него и неговите дела за да го заплашуваат народот за тоа што БИ се десило ако не се согласуваат сите со политиките на партијата (Читај: Грујо и компанија)
За Ќосето поточно... го убил братаси затоа што тој бил тесно поврзан со турските власти, и ризикот бил преголем за целата организација ако овој кажел некоја информација за нив. Тој фактички бил атентатор на организацијата, делувал под капата на Татарчев и Делчев. Убивал српски и грчки големци, ама ете целата фама по јавноста сега се крена ради тоа што го убил брат му.
Нејсе тој доживеал длабока старост, доволно за да им честита преку писмо на македонските власти за тоа што добиле своја држава и што успеале да се изборат за правата на Македонците во Југославија.
Мене да ме прашаше некој пред 3-4 години кој бил Андон Јанов - Ќосето немаше да знам да му одговорам, а верувам и повеќето тука на форумов кои се чукаат во гради за идеалите на ТМOРО/ВМРО и партијата ( а нема врска, гледаа како само да му го издудлаат на Грујо). Се знае кои биле најпознатите, Гоце, Јане, Питу, Даме итн... а Ќосето го искористија за да тераат со гнасната пропаганда преку медиумите.
Убаво писание
@Scirea
Најжалосно е шо и едните и другите се обидуваат да воспостават некаква историска и идеолошка поврзаност со историското ВМРО и да не биде СКМ, НОБ да речеме, а едноставно такво нешто не може да се направи од страна на мафијашки организации.
Како за време на ВМРО, така и за време на НОВ ние како народ а и сега како држава искрени пријатели немаме, најблиску до тоа е непријател на непријателот, помало зло. А имаме интереси, пред и над се да опстанеме како матична држава на Македонскиот народ.
Бугаристанците од петни жили се обидувале да го присвојат историското ВМРО, а преку него и народот затоа шо само егазрхискта асимилација не била доволна, меѓутоа добар дел од дејците биле свесни за сето тоа но од немајкаде, немање сојузници ја прифаќале скапата бугаристанска помош, која ете денес им се исплати. Истото и со бугаристанските пасоши, мнозинството од тие луѓе е дури смешно да ги прашаш дали се чувствуваат како бугари, сите знаеме зошто тоа се прави, ама врховистичката пропаганда тоа го користи во сосема поинаква конотација, згора на тоа имаат и одредена поддршка за тоа од МФ.
Истиот тертип започнува и за време на НОБ од страна на србите, директно олицетворение на тоа е обидот за импутирање на одредени за нив подобни ликови за време на АСНОМ, сите кои се спротивставиле на било каков начин на тоа подоцна се на разни начини „елиминирани“ формирањето на АНОК и што се случува со сите тие луѓе, зошто Глигоров е држен на тесен ланец во Београд и сл. зошто на Кристофер Хил му кажува на средбата на која присуствува и Весли Кларк дека
„србите се наши пријатели, тие имаа долга меморија и уште подолги ножеви„ атентатот итн..
Како се одвива понатаму приказната сите знаеме, меѓутоа факт е дека македоснскот прашање е јаболко на раздорот на Балканот, не залудно Черчил рекол дека сме мекиот подстомак на Европа, не е витален ама е многу чувствителен и при најмали дразнења предизвикува голема болка која може да предизвика нешто непредвидено.
Справувањето со Македонското прашање има посебен удел во политиката на СФРЈ, веројатно поради одредени цесии кои настанале од минатото, еве и ден денес се води истата политика кон т.н Македонски синдром.
Проблемот е шо сега политиките кои се водеа од страна на СКМ сега паѓаат во вода.
На сите им е добро јасно дека токму Ванчо Михајлов е човекот кој ја пропагира идејата за Македонија-Швајцарија на Балканите, сега е исто така јасно дека таа идеја не ја начнал тој.
Што се сторил и какви штети нанел на борбата за независна Македонија, кои се дејци се ликвидирани на директен или индиректен начин сите знаеме, контактите со повеќето западни разузнавачки служби, ликвидации во нивно име со што дефакто ВМРО гради силеџиски, теросристички имиџ низ дипломатските кулоари. Патем речено, нашиот чест ценет гостин Каракачнов Мин. за Охрана на Бугарија и неговото ВМРО БНД влечат корени токму од она што службите за државна безбедност на Социјалситичка Р. Македонија ќе го окарактеризраат како ванчомихајловизам, што е засебно од врховизмот и тоа како одреден идеал, залагање и се сметало за далеку поопасно од било шо друго.
Истиот тој лик, сите знаат дека за време на Втора Светска Војна правел обиди на територијата на Мкаедонија да формира воена формација која ќе се страни на страната на фашистите, во директна комуникација со Фирерот лично и постојана комуникација со Абер, настрана контактите со НД Хрватска на Павелиќ, неговито престој таму итн.
Нејсе, останува фактот дека единствено на територијата на Македонија, денешна, не се создадени воени фашистички формации како што тоа е пример со сите останати екс ЈУ земји, дури ни бугарситанската „освободителна“ армија не може да мобилизира насилно македонци, затоа шо во прва прилика дезертираат.
Единствена фашистика формација која не е дел од окупаторските сили, а функционира и е зачната на териотрија на МКД се балистите т.е Бали Комбетар, она од што потекнува ОВК, ОНА и учките воопшто.
За разлика од историското ВМРО и НОБ каде удел земаат идаваат свој придонес разни етникуми, Бали Комбетар е исклучиво националистичко движење, така да учките си се доследни на каузата...
Да се навратам на ванчомихајловизмот, имено после формирањето на независна Македонија до некаде `96 `97 се издаваат налози за оперативна обработка по таа ванчомихајловистичка линија, дури и Фрчковски има потпишувано такви налози од позиција Министер за Внатрешни шо може да се види од лустрацијата, истиот тој шо има таа позиција за време атентатот на Глигоров, а кој претходно му носи непристојни предлози од Јунанистан истито тој шо сега вели треба да се отвориме према нашиот Источен сосед, стварно чудесија невидена, сето тоа под плаштатот на т.н реал политика.
Ванчо Михајлов последните години од животот ги поминува во Италија, под заштита на повеќе Западни служби но пред и над се ја ужива заштитата на Ватикан, за цело време е сметан за државен непријател број еден за Службата на Државна Безбедност на СР Македонија.
Сега после толку време, таа фамозна идеја за Швајцарија на Блаканите пак се враќа во живот и тоа на голема врата, само во една комитрагична форма, тенденциозно или под сила на околностите не знам, факт е дека ако тоа го стореше ДПМНЕ со договорот за бугаризација ќе беше толкувано како врховистички акт од највисок ред.
Од друга страна пак, таа кантонизација која несмомнено води до ванчомихајловата Швајцарија на Балканите доаѓа од позиција која пропагаторот на истата го смета(ше) за крвен непријател.
Не знам дали твитер елитата е свесна за тоа во чии чевли го става Зоран Заев и дека ова не е ништо ново. Пред се самиот тој.
Поради алчност и армилук на поедини ликови, се рекетираат национални интереси, ниту капка човечност уште помалку патриотизам има останато во нашиот политички естаблишмент.
Или ќе се обединиме и ќе бидеме народ, или пак ќе оправдаме она шо на Глигоров му го кажал некој Западен дипломат, дека не секое племе заслужува држава.
Дали сме народ или племе зависи од нас.
Како и да е останува фактот дека нашите „пријатели“ одат на конечно решение на т.н Македонски синдром.