Па дали се нормални овие бе...
http://novatv.mk/99-otsto-od-lekovite-od-paralelen-uvoz-se-od-turtsija-i-ne-se-bezbedni/
99 отсто од лековите од паралелен увоз се од Турција и не се безбедни
Во моментот 99 проценти од лековите од паралелен увоз се од Турција и за нив нема гаранција дека се безбедни, обзнани денеска Народниот правобранител. Овие лекови, според последните податоци на Агенцијата за лекови учествуваат со 70 проценти во болниците и 30 проценти во аптеките. Истрагата на Народниот правобранител покажала многу пропусти во делот на лековите од паралелен увоз кои покажуваат дека постои хаос и нема контрола во регулацијата на овој вид увоз.
Она што е застрашувачки, е што за овие лекови воопшто не постои комисија која ќе направи стручна проценка и ќе утврди дали и колку се сигурни како што тоа се прави при редовниот увоз на лекови, ниту пак ги поминале контролите на специјализирани лаборатории во Стразбург и Лондон.
Монструми човече, монструми до тапија.