Ти благодарам на грешниот одговор. Пардон, ти не смееш да имаш сопствено мислење или одговор, на погрешниот став на твојата ти црква.
Не се работи за почитта. Почит не е нешто што се дава на сребрен послужавник, таа се заслужува. Ако некој ме почитува (не мислам декларативно), ќе ја добие мојата почит, ако не ништо страшно.
Се работи за следното. Во дијалогот со
@redfogv намерно напишав провокација, на која таа се намести и наседна. Користејќи ги истите зборови кои и таа ги употреби и види чудо (очекувано) се пожали дека била навредена. Интересна работа. Ако таа некому каже дека нечије мислење/верување е глупост не е навреда (што во суштина и не е) ама кога јас ќе кажам за нејзиното верување дека е глупост е тогаш е навреда и тоа од најголемите. Ако таа каже некому дека е во заблуда, не е навреда ама кога некој за неа ќе каже дека е во заблуда тогаш е навреда. И не само тоа, туку и се дрзнува да користи лични навреди (кои нормално се избришани) ако некој и врати со иста мера. Значи некаде по пат го изгубиле аршинот а моралниот компас отишол по ѓаволите.