„Шарен директор“ платил 4000 долари за авио карта а можел да стигне и за 1000
November 21, 2017
Share on Facebook
Tweet on Twitter
По откритието на адвокатот Александар Тортевски дека член на „Шарената револуција“ кој сега е директор во една владина институција за неколку месеци потрошил десетици илјади евра на патувања по целиот свет, медиумите открија дека се работи за новиот директор на агенцијата за туризам Александар Донев.
Донев за
САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека летал до Аргентина, каде што во октомври присуствувал на Светскиот самит за авантуристички патувања, со бизнис класа оти летот бил долг повеќе од 17 часа, а на самитот имал голем број состаноци.
„Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ги реализира буџетските трошоци строго наменски и домаќински. Првпат летав со бизнис класа за Аргентина бидејќи патот е долг, повеќе од 17 часа, а имав набиена агенда, голем број состаноци кои бараат ефикасност. На сите други патување сум летал со економска класа или со нискобуџетни компании“,
вели директорот Донев.
Како што пишува Сакамдакажам.мк Донев вели дека авионската карта до Аргентина во бизнис класа била 30 отсто поскапа од онаа во економска класа, односно економска класа чинела околу 180.000 денари, а бизнис околу 220.000 денари.
Освен што за Донев разликата од 700 евра меѓу економска и бизнис класа е незначајна, прашање е и зошто тој платил карта од речиси 4000 долари кога најобичен лаик на интернет може да најде карта за околу 1000 долари и тоа на една недела пред летот.
Според било кој иннтернет сервис за пребарување и резервации на карти авио билет до Буенос Аирес од Скопје, дури и ако е за наредните неколку дена може да се најде за цена од 900 до 1100 евра.
Доколку се патува со однапред определен датум и патот се планира однапред неколку месеци билетот може да биде уште поефтин.
На фотографијата е доказот дека најобичен граѓанин со мало познавање на компјутери и интернет може да најде авио билет за 4 пати поефтин од тој што го платил некогашниот „Шарен револуционер“.
http://expres.mk/шарен-директор-платил-4000-долари-за-а/