Колку што памтам, не јадеа, два-тројца муслимани (толку имаше во четата). Нив друго нешто.
Знаеш дека имаше и свински и говедски паштети и нарезоци така? Некои од постарите( старешини ) кажуваа дека има и овчји ама јас лично ги немам затекнато.
Е сега ако направам разлика помеѓу говедскиот нарезак и паштета и свинскиот вкусот беше небо и земја. Говедскиот беше отров, така да се прашувам по тоа да не мислиш дека едните биле 1971 , другите 1970.
И малце нелогичен ми си. Нарезок следуваше не само на терен, туку и во касарна. Обично паштета или нарезок имаше најмалце еднаш неделно, претежно за доручек. И тогаш муслиманите јадеја нешто друго за доручек наместо нарезок? Што на пример во касарна за доручек би јадел освен тоа што се нуди на пултот? Ке тркни до кантина во 6 сабајле и ке си порача нешто? Шведска маса имаше па кој што сака ? Знаеш дека јадењето дали во касарна, дали на караула или одвоена стража се требоваше спрема бројна состојба и тоа некаде и еден месец однапред(обично за караулите )?
Према тоа точно се знаеше колку војници има, кој што јади( према религија ) и према тоа се паковаше храната онолку колку што следува по војник. Да не мислиш на тепка ги спремаја јадењата па ако стигни арно ако не пак арно.
И како во касарна куварите би знаеле однапред која конзерва со што е кога јас колку што памтам на конзервите немаше ништо освен ете ќе речиме дата ( според тебе ). Немаше налепница, немаше производител , немаше ништо. Најобична конзерва со еден куп бројки на капачката или на дното, а ваму од 2000 души ќе речиме дека 500 биле муслимани?