Ај така нека биде.
Во план ми е да отворам бизнис во Романија,биди љубезен и објасни ми како би ми користел албанскиот јазик за развивање на мојот бизнис?
Каква Романија сеа, не забегви до таму. Јас тргнувам од сопственото искуство и бизнисот што го водам, а богами и од размената на информации што ја имам со луѓето со кои соработувам.
Познавањето на уште еден јазик (освен македонскиот), АЛБАНСКИ или ТУРСКИ е
огромна предност кога станува збор за секторот туризам и најголем дел од купо-продажните дејности.
Имало моменти кога за работник/работничка што ги познава јазиците на помалите етнички заедници сме нуделе од 50-100 евра ЕКСТРА во платата.
Така да мене ми е кристално јасно што значи да се зборува уште еден јазик, посебно во западниот дел на нашава држава.
Живеам и работам со албанци, турци и останатите... и реалноста на ниво на водење бизнис со нив нема допирна точка со пропагандата што ја водат политичките партии.
Напротив, соработката со Албанци и Турци одсекогаш ми била на највисоко ниво.
Проблеми!? Да, имало и ќе има но никогаш со нив.. никогаш! ОД прв до последен чесни, професионални и одговорни. Нивниот збор е збор.
Заебанции и бркање за пари/плати имало само со Македонци! Тоа е реалноста (за жал) и затоа кога слушам и читам вакви ко тебе што ја мразеле евентуалната употреба на јазикот што го говорат албанците... не ми се чита и не ми се слуша.
Ефтини националистички реторики што дефинитивно се при крај со рокот на употреба. Уште една до две генерации максимум, и нема да егзистира оваа дискусија за јазици и нивна употреба.
То е
