Не алудирав на тебе, знам дека и ти го ругаше за ситуацијата во Баерн.
Инаку кога велам преценет мислам на тоа дека не чини да се става во класата на Ферги, Мурџо, Пеп, а многу ликови го ставаат, нарочито фанови на Милан. Да се разбереме, Карло си е добар тренер, ама братот е премногу ограничен, односно тера една иста формација и едни исти играчи, затоа и му прегоруваат доста често. Не е иноватор ко Мурџо, ко Пеп, ко Ферги, да измисли нешто од некој играч, абе Ферги од Вес Браун и Џон О Шеј направи играчи еј...
Мене ко фан на Интер и фан на фудбалот ми е тиња да гледам мртов Баерн, отсекогаш ми биле поим за екипа. Не е тоа тоа без Баерн го Германија, без Интер, Јуве и Милан во Италија, без Селтик и Ренџерс во Шкотска, без Реал и Барса во Шпанија итн итн. А околу реваншов, мислам дека ќе ги добиете ама тешко со три разлика, башка скоро невозможно е да не примите гол со оној нивни напад...