Убаво прашање, и уште поубаво објаснето, што треба да знаат сите.Мора малку поекспериментално да се пристапи кон проблемот. Еве трошам во просек 450w/h. Можеби тоа е лошо за соба од куќа од 16м2 при 10 степени надворешна, но можеби има големи топлински загуби во куќата, како да го отсраниме тој дел од равенката? Дали ви се случило досега монтерите кога инсталираат клима да измерат издув, да пресметаат ефикасност, било што? Ставаат рака на издув, гледаат дека е жешко и тоа е се. За да имаме ние нешто мерливо на форумов, треба да направиме мерење, но реално:
-колку изнесува надворешна температура, колку е внатрешна (колку е влажноста надвор), колку на издув, колку троши во моментов. Не само во еден момент туку во просек од 15 минути, затоа што може климата работела на 1.8KW па спуштила на 0.6, па воздухот на издув сеуште е жежок. Значи потрошувачката и издувната треба да се стабилизирани.
Така ќе видиме колава разлика во усис и издув се добива за сметка на измерена моментална потрошувачка.
-колку е максималната температура на издув, при setpoint 30 и аутофан. Колку троши во тој момент. Важен момент за моќноста на една клима.
- @Strelec, испрати то линкот за тој сензорот од 200 денари со жица за мерење на издув. Секундарно мери или инертен е?
- да се направи табела со овие мерења за сите клими на форумов.
Не мора овие тестови да се прават, некој поинформиран нека предложи други.
Како се пресметува COP врз основа на внатрешна и издув при некоја надворешна температура?
Значи секој објект, секоја соба е приказна за себе, ти грееш 16м2 со хансол од 40К, јас греам 20м2 со Нео од 14К, некој си Климе грее 30м2 со вивакс. Сите задоволни во споредба со ложење на дрва, чистење пепел секоја сабајле, плус ред други работи поврзани со дрвата. За мерење на СОР имам пишувано, се знае точно како се мери, ако те мрзи да бараш назад во моите постови ќе објаснам пак, не е проблем.Проблемот е што тој КОП се мери на 20С барем 2-3 часа, а кај мене иако е 9-ка инвертерот нема шанси да работи повеќе од 1 час, а да не изгасне, значи прегрева во тие 20м2. Тоа и ми беше целта што те цитирав, секоја просторија си е посебна приказна за себе, ти ако сакаш имај клима од 1000 евра, јас со мојата од 300 ќе те тепам во секое време и со потрошувачка и со COP