- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 1.397
- Поени од реакции
- 1.886
5.1SCOP на тестни температури рачунај за да извади и по еуровент да извади такви бројки на температура над 0 COP и е во небеса. А за под 0 си има голем компресор кој ќе си ја заврши работата.Друже еве и да ти закачам видео, шо ти мења? Шо можеш од 3-4 минути да видиш. Ако мислеш како стрелчо дека манипулирам со податоци и ако не мислиш дека манипулирам се исто.
Ако манипулирам со бројќи можам и со видеово да манипулирам. Нели?
Ако ја ставам на 30 степени ќе троши 1.2 kw ако ја ставам на собна температура ќе иде во офф и ќе троши 11w. Од 3-4 минити ама баш нишо не можеш да согледаш.
Просек се зима од 24.
Најинтересно е тоа што, го пишав и во претходен пост, тоа што луѓето кои имаат еве пример GREE не им се верува на она што го гледат од FH -то.
Тоа ја прави климата уште толку подобра.
Дали аутофанот е мрзлив на FH-то, да мрзлив е во поголемата просторија во помалата работи одлично. Дали и така е поставена климата со сензорот накај прозорот ама си работи.
Митот дека во фиксна втора или трета брзина троши повеќе од аутофан, и не е точно. Баш тесторав во втора фиксна ја имам фатено да модулира до 250-260w.
Во трета фуксна спушта до 330w.
Реалноста е дека на вакво топло време FH- то има неееенормален голем COP.
И како таква прави огромна заштеда,
Тоа што ви сервира стеелчо а вие сркате како манџа е друга работа.
И особено неговата нова фора, не треба да ти е битно толку троши, мери издув и глеј да ти е топло.
Пази темава е економично греење. Која иронија.
Никој не рече дека GREE се лош бренд и имаат лоши модели. Само да не дојде до заблуда дека купување кој и да е модел од GREE за поефтина сума е подобар или исто толку добар избор како врвен јапонски модел.
Јас лично имам препорачано GREE модели и тоа на блиски. Иако ги терав најпрвин Daiseikai 8 да зематНо кога ја видоа цената, сепак и GREE се ок
Клима не троши во фиксна брзина троши кога надвор се ниски температурите, кога затоплува поголем простор, со големи топлотни загуби.
Еве ти кратко видео.
https://youtu.be/D1IqswKZTKQ
Она екранчето покажува максимум и минимум регистрирани температури. Не се поврзани надворешната и внатрешната.
Еве сликичка некна како се справуваше на 3 степени надворешни климата во простор од 35-37 m2
![]()
А и тоа да одговорам, да климата оди често во on/off циклуси. Особено онаа во помалиот простор.
Кога ќе се спуштат температурите нема да оди, и нормално ќе троши повеќе.
Битно е она што Hansolot на вакви температури вади 0.6kw просек.
Тоа е ужас.
Еве уше една сликичка шо сум сликнал пред недела две.
![]()
Како сакаш врти продек 0.2kw.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Поентата е дека на половична оптеретенсот како што работи кај мене едвај со 300-450W во овие периоди над 0, би требало брзо да се исплати. Поготово споредено со електричното парно претходно кое во овие периоди знаеше да ја крене сметката до 12000 денари кога е над 0. А за под 0 ич да не правиме муабет 28000 сметки и тоа пред 2-3 години кога не беа преладни зимите.
Гледам дека за оваа година проекциите се дека под 0 во Скопје ќе има многу малку часови.
Може и да има некој краток бран, но незначителен за целата грејна сезона која трае скоро 6 месеци. Со такви температури, очекувам сезонскиот COP да е вртоглаво висок на сите што користат салам инвертери за греење. И тука ќе се направи најголемата разлика во цена со греењето. Електричните котли ќе јадат солидни 4 пати повеќе енергија за да стоплат над 0 температури зошто и најефтините клими имаат 4 COP над 0.
За Мицубишиво очекувам сезонски да е барем 5-6 пати разликата во однос на електричен котел или панелки оваа година. Поготово што и тој COP ќе е пак згора на се со тајмери оптимизиран за да ја форсира ефтината струја би требало привидно да е и уште поголема разликата.
Само спалните се далеку и можно е 1kw панека да треба таму понекогаш или обичната клима да заигра. И кога ќе видиш дека 1KW панелче малецко збутано троши колку двете клими што носат по еден спрат на грб ми иде смешно колку е скапо тоа греење на панелки. Само бенефит е што се бесшумни за во спални. Ама таа бесшумност ја плаќаш „папрено“.

Драго ми е што се повеќе се шири муабетов за инвертериве. Особено ако почнат да се субвенционираат наместо АлфаДим и Пламочад печкишта на дрва и рак на плуќа и усмрдени алишта и исцрнети ѕидови и сите комшии отруени.



.
