Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
@Shawn Spencer Јас само ја споделив веста со сите, точно е дека многу ги почитувам Лабина и Теона, голем дел од забелешките за филмот се на место но мене не ми е толку лош има далеку полоши македонски и европски филмови.
 
„Исцелител“ алијас „Тајната состојка“ ја освои наградата од публика на Солунскиот филмски фестивал.

За декември (1-8) е најавен и фестивал во Белгија.
 
„Исцелител“ алијас „Тајната состојка“ ја освои наградата од публика на Солунскиот филмски фестивал.

За декември (1-8) е најавен и фестивал во Белгија.

И плус ќе учествува на натпреварувачка програма на фестивал во Талин, Естонија

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е селектиран во официјална натпреварувачка програма на 21 издание на светски познатиот филмски фестивал во Талин, „Црни ноќи“. Филмот ќе се прикажува во програмата „Први долгометражни филмови“ и ќе има три проекции за време на фестивалот .

„Исцелител“ е прв македонски филм кој ќе биде прикажан на овој значаен фестивал во натпреварувачка програма. Повеќе податоци можете да се најдат на официјалната страна на Филмскиот Фестивал во Талин.
 
И плус ќе учествува на натпреварувачка програма на фестивал во Талин, Естонија

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е селектиран во официјална натпреварувачка програма на 21 издание на светски познатиот филмски фестивал во Талин, „Црни ноќи“. Филмот ќе се прикажува во програмата „Први долгометражни филмови“ и ќе има три проекции за време на фестивалот .

„Исцелител“ е прв македонски филм кој ќе биде прикажан на овој значаен фестивал во натпреварувачка програма. Повеќе податоци можете да се најдат на официјалната страна на Филмскиот Фестивал во Талин.
Тоа го објавив уште пред сите весници и портали да почнат да пишуваат за филмот, прочитај поназад
 
Уште една новост
Шеќерното дете на Игор Иванов - Изи ќе почне да снима на пролет поточно во мај.

- Детската публика никогаш не била во фокусот на филмските творци и финансиери на овие простори. Филмови за деца не се прават никаде во регионот или се само редок исклучок. За разлика од нас, во скандинавските земји, на пример, се прават онолку филмови за деца колку што оваа популација процентуално учествува во демографската структура. Замислете каква прекрасна логика. „Шеќерното дете“ е првиот македонски кинофилм за деца и снимањето ќе почне во мај идната година. Базиран е врз легендарната лектира „Шеќерна приказна“ од Славко Јаневски, а ќе претставува своевиден микс од холивудски конципирана структура, обоена со тонови од руските бајки, податлива за сите генерации, сегашни и идни...- Игор Иванов - Изи
 
Некој да не знај каде можам да го најдам "Мајки" од Манчевски?
 
И Шеќерново дете се најавува веќе од 2016та со снимање, требаше годинава во мај да почне со снимање, али јок. Така што најарно е да почнат со снимање, па тогаш да ги промовираме.
 
Збор-два за „Исцелител“ од Сунчица Уневска (претпоставувам ќе има повеќе да каже во новиот број на Филм+)
Веќе пишувавме дека тоа е филм со кој може да се гордее македонската кинематографија, едноставен, силен, искрен, направен со многу љубов и тоа се чувствува. Но, Ѓорче Ставрески иако ова е негово деби, го води многу ефектно, филмот е добро режиран, има одлична атмосфера и успева на одличен начин и точно дозирано, да го постигне оној развој и кулминација што комедијата како жанр и го бара. Така филмот очигледно го доживеа и публиката, а и во каталогот филмот беше опишан како искрена слатко-горчлива црна комедија.

„Исцелител“ беше прикажан во навистина силна конкуренција, меѓу филмови што веќе имаа освоено „Сребрена мечка“, „Златен леопард“, награди на критика или прогласени за нови таленти. Но, филмот на Ставрески, кој беше и единствена комедија меѓу десетте долгометражни филмови во оваа програма, се наметна и со својата остроумност и длабочина, иако сето тоа го прави многу питко и забавно. Во Солун беше и голем дел од екипата, што со оглед на тоа што е дебитантски, беше многу симпатично и позитивно, каде што целата млада публика сакаше на свој начин гламурозно да ја одбележи неговата светска премиера. За среќа, така и се заврши, со триумф на филмот на доделувањето на наградите и потврда за режисерот и сценарист на филмот, Ѓорче Ставрески, но и за целата екипа. Македонската публика ќе го види филмот на 19 ноември во киното „Милениум“ на затворањето на „Синедејс“. Браво!
 
21270939_1689054357834219_3992052357427027145_n.jpg


https://www.facebook.com/happinesseffectfilm/

Ќе биде добар филм!
 
Го најавив, пред 2-3 недели почна да се снима. Ако судиме по фотките, треба да биде визуелна бомбона. :love::love:
22904570_1757143594358628_3094928582495062595_o.jpg
 
Бог да ги убие шпионите, подзаборавен филм од 1995 со Васил Шишков во главната улога (y)

 
ТВ филм, а не игран филм. :D[DOUBLEPOST=1510921045][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:
Во исчекување на македонската премиера вечерва во Градско Кино Милениум, стигна уште едно благовестие.

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е селектиран на најголемиот интернационалнен филмски фестивал во Индија - Гоа (ИФФИ). Филмот ќе биде дел од официјалната програма „Cinema of the world“ која прикажува избор од најдобрите светски остварувања од минатата година, лауерати и учесници на најпознатите фестивали и филмови кои носат специфичен уметнички печат. Во престижната програма, покрај „Исцелител“ се и овогодинешниот добитник на Златна палма на Канскиот филмски фестивал, „The Square“, на режисерот Рубен Остлунд; потоа добитникот на Златна мечка на Берлинскиот филмски фестивал, „On Body and Soul“ на режисерот Илдико Енуеди; „Mother“ на режисерот Дарен Аронофски; добитникот на наградата од жири на Канскиот филмски фестивал, „Loveless“ на Андерј Звигањцев; како и филмот на Аки Каурисмаки „The Other Side of Hope“.

Интернационалниот филмски фестивал на Индија, Гоа е основан 1952 година и е еден од најзачајните фестивали во Азија. Тој е еден од петнаесетте светски водечки фестивали акредитиран во „А категорија“ заедно со Берлин, Кан, Венеција, Токио, Талин и други. Се прикажуваат повеќе од 220 филмови, кои доаѓаат од над 90 различни земји. Лани биле присутни 7000 светски филмски професионалци, вклучувајќи 280 интернационални режисери.

По „Црни ноќи“ во Талин, ова е втор фестивал од престижната А категорија на кој ќе учествува „Исцелител“.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom