Кога објаснував еднаш нешто надолго нашироко на крај бугаринот ми вика: Сичко добре ама траба да се плати

. На крај пишува од каде парите.
Три модели за намалување на сиромаштијата и подобрување на социјалната помош
Експерти од Институтот за економски истражувања Finance Think сметаат дека секој од овие модели ја намалува сиромаштијата за 10 отсто.
Рада И. Маневска ● 13:34 09 ноември 2017 ● Прочитано 977
Ако земјава издвојува 2,5 пати повеќе пари од износот што сега го издвојува за покривање на системот на социјална помош, тогаш сиромаштијата би се намалила за 10 отсто. Вакви пресметки се добиени во истражувањето спроведно од Институтот за економски истражувања и политики Finance Think насловено како „Ремонт на системот за социјална помош преку воведување минимален гарантиран доход“.
Државата сега издвојува околу еден отсто од домашниот бруто производ (БДП) за социјална помош на сиромашните категории а ефектот врз намалувањето на сиромаштијата е само 3 до 4 процентни поени. Просечната социјална парична помош која ја добива четиричлено семејство изнесува 5.973 денари. Програма за социјална парична помош учествува со 0,17 отсто во БДП, а најскапата програма - додатокот за трето дете изнесува 0,37 отсто од БДП. Дополнително системот е демотивирачки за вработување на корисниците на социјалната помош бидејќи акоимаат поголем приход ја губат помошта.
- Постојниот модел на социјална помош ја намалува стапката на сиромаштија во земјава замо за три до четири отсто. Значи има многу мала ефикасност, износите се ниски и не можат да им помогнат на примателите на социјална помош да излезат од сиромаштија - вели Никица Мојсовска Блажевски, еден од авторите на истражувањето.
Експертите вклучени во изтражувањето сметаат дека е потребна длабока реформа на системот за социјална помош, а како решение предлагаат воведување на гарантиран минимален доход за семејствата под ризик на сиромашни и прелагаат три можни модели кои водат кон намалување на сиромаштијата, нееднаквоста и спречуваат дестимулација во барањето на работа.
Трите модели, како што беше речено на денешната прес-конференција, предвидуваат зголемување на буџетскиот трошок за социјална помош за повеќе од двојно, но и зголемување на семејствата кои би добивале помош.
Ефектот од примената на еден од трите модели би бил намалување на сиромаштијата и искоренување на таканаречениата апсолутна сиромаштија која со тековниот систем изнесува 2,5 отсто.
Првиот модел од новото решение предвидува минималниот гарантиран доход за едно семејство со двајца родители и две деца да биде максимално 10.800 денари – сумата е добиена со посебен дизајн и скала на ОЕЦД.
Втората шема предвидува минималниот гарантиран доход да изнесува 9.660 денари за четиричлено семејство.
Третиот модел би ги опфатил сите домаќинства кои имаат приход помал од 15.300 денари (сума која според статистика е доволна да се задоволат потребите), што е повеќе од сегашната минималната плата.
Притоа помошта, како што беше речено, ќе биде условена со активност на пазарот на труд. Односно ако се прифати овој модел семејството има право да добие надомест кој е половина од доходот што го заработило работејќи.
Универзитетскиот професор Марјан Петрески рече дека пресметките покажале оти првите два модела даваат предност на еднаквоста како идеолошки принцип и даваат подобри резултати кај подобеувањето на животниот стандард, односно сиромаштијата, додека пак третиот модел дава предност на ефикасноста и дава подобри резултати кај активацијата за вработување на луѓето кои се опфатени со социјална помош.
- Притоа апсолутната сиромаштија целосно се искоренува. Со моделите нееднаквоста на приходите се подобрува за околу 5 отсто, додека актуелниот модел има придонес од тој аспект за само 2 отсто. Друг ефект е тоа што социјалната помош нема да се изгуби ако еден член од семејството се вработи што не е случај сега - вели Петрески.
Според него, моделот треба да го одбере Владата, а како ќе се финансира моделот кој ќе се одбере треба да се види на приходната страна на буџетот.
Експертите се едногласни дека дел од парите потребни за реализиација на подобар модел на социјална помош би можело да се обезбеди и со формализирање на сивата економија за што Владата веќе подготвува стратегија.
http://www.plusinfo.mk/vest/133206/tri-modeli-za-namaluvanje-na-siromashtijata-i-podobruvanje-na-socijalnata-pomosh