Исклучително е важна близината до противничките интерконтинентални ракетни системи, од дефанзивен аспект. Кореја е сосед на Кина, и тоа во правец накај континенталните САД. Видов во друга дискусија дека разбираш како функционираат тие системи, и дека е важно да бидат блиску до противничките системи. Интерконтинентални ракетни системи мора да бидат пресретнати во качувачкиот дел од траекторијата, во надолниот дел е неспоредливо многу потешко да бидат пресретнати.
На страна што никој изгледа не зема во обзир со каква леснотија таквите системи како THAAD, може да се искористат и како офанзивни средства.
Terminal High Altitude Area Defense (
THAAD)
Која комедија.
За сите што не знаат, интерконтинентален балистички проектил може да биде уништен во неколку фази. Засега сите противвоздушни системи нудат одбрана само во крајната фаза на летот на проектилот. Особено THAAD системот. Функционира прилично едноставно (иако системот е крајно сложен). Радар го детектира проектилот во одреден домет, т.е. површина што може да ја штити. Ако проектилот паѓа во таа површина (би требало да е околу 500тина километри радиус) се испалува ракета која директно го погаѓа проектилот (интерконтинентална балистичка ракета или балистички ракети до краток и среден дострел) и ги уништува без да експлодира. Ракетите од THAAD немаат експлозивно полнење, целосно зависат од брзината што ја имаат тие и надоаѓачкиот проектил. Нивниот судир ги уништува двете.
Мислам дека THAAD е единствениот систем што функционира така. Сите останати ПВО системи зависат од експлозија која се случува во близина на надоаѓачкиот проектил за да го уништат.
Оттука тврдењето дека THAAD служи за соборување на проектили во нивната почетна фаза (полетување) е во најмала рака смешно и крајно непознавање на нештата.
Тврдењето дека THAAD се користи за соборување на проектили во почетната фаза и еквивалентно со тврдењето дека Катјушите (или град) може да соборуваат авиони.
Уништувањето на проектили (ICBM, MRBM, SRBM, SLBM) во нивната почетна фаза (boost phase) е огромен технолошки предизвик кој досега не е совладан, а нема да биде ни во догледна иднина. Особено во ерата на проектили кои имаат масивни забрзувања од десетици гравитации.
Еден таков експеримент за уништување на проектили во почетна фаза е
YAL-1, масивен ласер поставен на масивен авион. Покрај средување на техничките, најголем проблем е што авионот мора да лета во непријателска територија (тука се сметаат Русија и Кина, т.е. земји со големи територии) за да го уништи полетувачкиот проектил. Нормално, проектот
заврши неславно после потрошени 5 милијарди долари.
Така да, уште еднаш кога ќе го видите сезнајково да пишува дека противракетните системи во Кореја се наменети против Русија и Кина, бидете сигурни дека врска нема што пишува. Како и со многу други теми.