НОВА АФЕРА: „Рајските документи“ открија кој се од елитите не плаќал данок
http://faktor.mk/nova-afera-rajskite-dokumenti-otkrija-koj-se-od-elitite-ne-plakjal-danok
Околу 13,4 милиони документи, кои го претставуваат богатството на светските елити и начините на кои се криеле парите, беа објавени денеска од
Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари и нивните партнери, весниците „Њујорк тајмс“, „Зидојче цајтунг“, „
Гардијан“ и британскиот јавен радиодифузер „Би-би-си“.
„Документите од рајот“ (Paradise Papers) покриваат 70-годишен период, а подготовката на податоците во нив за презентирање пред јавноста цела година работеле 380 новинари.
Материјалите се добиени од двајца регистратори на офшор-фирми во 19 т.н. „даночни раеви“.
Тие откриваат врски помеѓу Русија и американскиот претседател Доналд Трамп, тајни зделки на најблиските соработници на канадскиот премиер Џастин Трудо, на кралицата Елизабета, музичарот Боно и стотици познати граѓани на светот со мултимилионски и билионски сметки, од коишто 120 се политичари.
Протечените документи покажуваатт како офшор финансискиот систем им помага на богатите компании како Nike, Aplle и UBEr сокриваат данок преку неверојатно имагинативни сметководствени маневри, но и како државни институции од Русија инвестирале во Фејсбук и Твитер преку фондови
блиски до зетот на Доналд Трамп и негов советник.
Од „Документите од рајот“ се дознава и дека „Фејсбук“ и „Твитер“ примиле стотици милиони долари од руски финансиски институции.
Документите разоткриваат и како светските гиганти како „Епл“ и „Најки“ избегнувале плаќање даноци.
Кои се имиња се опфатени со аферата можете да прочитате
овде.