Кога ти (и други) не прашуваат... Некој барем да праша.
Навистина сакааш да тераме празни „морални“ дилеми?
Секоја власт овде, има свој криминален оддел, криминалци кои за нив ги вршат прљавите работи. Но муабетов е како ти мене успеа да ме ставиш во тој контекст??
Јас лично, со некоја моја среќа (и сопствена работа) не морам да одбирам помеѓу криминал и работа како чистач. Веќе подолго време работам работа од техничка струка. Со државната администрација, или „државната цицка“ немам никаква врска. Но ова е форум и се разбира дека не можеш да бидеш сигурен дали те лажам, твое си е тоа, не дека има било каква врска за муабетов. На јавен форум да се повикуваш на ирл авторитет е прилично глупаво. Се важи само содржината на муабетов, другото се непотребни и непожелни моменти.
И никаде не кажувам дека чистење не е чесна работа. Тоа е работа како и секоја друга, помалку платена и нешто што се работи кога се нема избор за подобро. Но прилично имбецилно е на некој животна амбиција да му биде да оди на запад, за таму да работи како чистач.