Секој маж и секоја жена е ѕвезда.
Секоја личност е украс на светот и Космосот.
Секоја личност е способна да блесне, способна да постигне успех доколку истата сама не се ограничува и ако работи на тоа да го постигне успехот. Секој има нешто посебно во себе, нешто што го прави личност со свое Јас. Жената не е исклучена од тоа. И таа е посебна исто како мажот. И таа го има своето Јас. На жената не и е местото да чекори зад мажот, ниту на мажот зад жената туку заедно еден до друг да чекорат кон својот успех. Еден со друг да се помагаат.
Слободата е Универзално право на сите. На секого му е дадено право да си го поплочи Патот. Не е мажот тој што ќе и го поплочува Патот на жената.
Sent from my SM-G318H using Tapatalk
dARK_ElementaL,
значи, ова ти го напиша Хепта на ПП или ти текна дека одговорот е токму овој кој пишуваш?...
Само испушти една битна работа; со ваква количина од ласкање, на мажот и на жената кои се „ѕвезди„, не им гине пеколот.
Да бидам појасен; кога на смртни и огревовени битија им се упатува неоснована споредба со „ѕвезди„, таа споредба не е ништо друго, туку демонско ласкање кон смртните и огревовените битија, за да можат смртниците да секнат погрешна претстава за својата битска состојба.
Чисто за споредба, да видиме што им вети демонот на Адама и на Ева:
„...Не, нема да умрете...„. Битие, 3.4.
Како што можеш да увидиш од стихов (а се сомневам дека можеш...) јасно е ка‘ ден кога и каде е основана твојата заблуда, позната како „нов еон„., кој е прилично бајат.
Ајде уште малку да ти помогнам...
Ласкањето, во мојата вероисповест, е забрането од 2 причини:
- оној кој упатува ласкави зборови, сам себе се претвора во безрбетник и лик со изгубено човечко достоинство во однос на ласканиот, и
- оној кој е поласкан, со добиеното ласкање, добива и „храна„ за својот егоцентризам.
Просто кажано, ласкањето е „дупло голо„.
Твоево „толкување„ на епитетот „ѕвезди„ не би поминало нити на струшките вечери на поезијата, оти е празно и бесцелно...
П.С.
Да не заборавам; на кои мажи и жени им е упатен овој ласкав епитет? Саде на ликовите кои веќе се во „редот„ или на целиот човеков род?