Пак ќе ја земам машината за пример да ти кажам зошто ни траба да веруваме во Аллах, и да го разбериме? Кога добиваме една машина со неа таа си има и упаство за користење. Зошто е потребно упастово за користење? Затоа што така би сфатиле како работи таа машина. Дозволими да го наречаме човековото битие машина, а како машина би бил најсложена што постои на земјава. Па зарем не мислиш дека и човек има потреба од упаство? Последно и финално упаство за човековото битие е велеченствениот Куран!
Дури и најлошата кинеска фирма не издава последователни верзии на упатства за употреба, туку нуди едно упатство за употреба на корисници што го добиваш со купување на самиот производ. Некои фирми за одредени производи, покрај ова корисничко упатсво, нудат и сервисно упатство со шеми.
Прашањето е кому му се потребни тие упатства за употреба на човекот од твојот пост? И дали во тој случај човекот има било каква одговорност, или одговорноста е исклучиво на оној што го употребува и сервисира, и кој е тој или кои се тие?
Ти не сакајќи, мислам дека даде феноменален одговор за Исламот и муслиманите.
Како што топката не може да биде виновна што скршила прозорец, туку оној што ја шутнал или фрлил, така и муслиманот не може да биде виновен за своите злодела, туку оној во чии раце е упатството за негова употреба.
Па така, група муслимани кои злосторнички се здружуваат, илегално поминуваат граница на туѓа земја, напаѓаат полициска станица, крадат оружје од полицијата, не се пријавуваат за претстој во странска земја, поседуваат и носат оружје кое не е дозволено за цивили и убиваат полицајци во директна престрелка, не чувствуваат никаква вина и има протести за нивно ослободување од страна на други муслимани, поради тоа што упатството за нивна употреба дошло во рацето на Грујо, Горде и Саше.
Или муслиман кој учествува во кражби, закани, изнуди, тргува со оружје, наркотици, бело робје и други својствени активности, ја убива својата сестра која е сè уште дете, со борбен нож кој го носи со себе , веројатно за лупење костени, бидејќи го осрамотила нивното семејство затоа што одлучила да избега од дома или облекла маица со кратки ракави, бидејќи така пишува во упатството за употреба на човекот по кој се раководел овој никаквец.