Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А и јас чекам уште да го покажеш твоето знаење отец Мики. Да ги објасниш стиховите за кои велеше дека моето објаснување било незнаење.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
Твоето објаснување по автоматизам е незнаење.[DOUBLEPOST=1510185594][/DOUBLEPOST]
И мене ме интересира. :)
И мене ме занима-живо и константно...:icon_lol:

А што ти беше прашањето?
 
Член од
21 јуни 2015
Мислења
37
Поени од реакции
17
Зошто би верувал во вашиот измислен пријател? Не сум доволно луд да верувам во вашата искривена “реалност“. Та зарем ви треба “пријателот“ да ви каже дека сте луѓе? Ако тоа не извира длабоко од вас, од длабочинаната на вашата душа, тогаш не сте ни луѓе. Тогаш не ни заслужувате подобро. Живејте си во својата илузија, својот сон. Ваше право
Пак ќе ја земам машината за пример да ти кажам зошто ни траба да веруваме во Аллах, и да го разбериме? Кога добиваме една машина со неа таа си има и упаство за користење. Зошто е потребно упастово за користење? Затоа што така би сфатиле како работи таа машина. Дозволими да го наречаме човековото битие машина, а како машина би бил најсложена што постои на земјава. Па зарем не мислиш дека и човек има потреба од упаство? Последно и финално упаство за човековото битие е велеченствениот Куран! Што се однесува на првиот дел од мојот предходен пост, тоа беше само предпоставка не напишав дека рече ти тука дека можби ти така гледаш на работите. Е сега со машината :) која е првата личност што може да ти каже како работи таа машина, да ти го објасни механизмот на функционирањето на таа предочена машина? Логички со малку размислување повеќето луѓе вклучувајќи и атеистите кога би ги прашале, нивниот одговор е дека прва личност што може да им каже како работи таа машина е: Тој што ја направил таа машина, Креаторот на таа машина, иноваторот итн. После пошто знам дека вие атеистите верувате на научни факти и докази па и теории. Би те прашал повторно: Како нашиов свет, земјава дојде до егзистенција, како се оформи целава вселена, и се што постои во космосот?
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Твоето објаснување по автоматизам е незнаење.[DOUBLEPOST=1510185594][/DOUBLEPOST]

И мене ме занима-живо и константно...:icon_lol:

А што ти беше прашањето?
Ако моето објаснување е незнаење тогаш ајде ти објасни со твоето таканаречено знаење.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Последно уредено од модератор:

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Пак ќе ја земам машината за пример да ти кажам зошто ни траба да веруваме во Аллах, и да го разбериме? Кога добиваме една машина со неа таа си има и упаство за користење. Зошто е потребно упастово за користење? Затоа што така би сфатиле како работи таа машина. Дозволими да го наречаме човековото битие машина, а како машина би бил најсложена што постои на земјава. Па зарем не мислиш дека и човек има потреба од упаство? Последно и финално упаство за човековото битие е велеченствениот Куран! Што се однесува на првиот дел од мојот предходен пост, тоа беше само предпоставка не напишав дека рече ти тука дека можби ти така гледаш на работите. Е сега со машината :) која е првата личност што може да ти каже како работи таа машина, да ти го објасни механизмот на функционирањето на таа предочена машина? Логички со малку размислување повеќето луѓе вклучувајќи и атеистите кога би ги прашале, нивниот одговор е дека прва личност што може да им каже како работи таа машина е: Тој што ја направил таа машина, Креаторот на таа машина, иноваторот итн.
Ти воопшто и не си прочитал што пишав.
Сакаш да си машина? Пеќи. Твоја работа. Јас не сум машина. Со тој глуп аргумент само тонете до самото дно. Фаличен по многу основи.
Наброј ми барем една машина што самата ќе си прочита упатство. Дали производителот на автомобили ќе те научи и да возиш?
Одиме и на потешки прашања. Дали во тоа упатство таканаречено куран има лек за канцер? Или дали пишува колку пати годишно треба да одиш на лекар?
И уште милион прашања би можел да напишам, но доволно е за да сфатиш дека не ти држи аналогијата со машината.
Не постои доказ за постоењето на ниеден бог. Останува голо верување во вашиот бог. Или да не речам како навивачи на еден фудбалски клуб. Е сега.... има и навивачи хулигани, а има и тие кои мирно си седат на утакмица.
После пошто знам дека вие атеистите верувате на научни факти и докази па и теории. Би те прашал повторно: Како нашиов свет, земјава дојде до егзистенција, како се оформи целава вселена, и се што постои во космосот?
Повторно си во заблуда. Само неедуциран атеист би верувал во наука. Ако нештото е факт (ма што и да било тоа) тогаш е факт, нема што да се верува во него. Ти веруваш дека 2+2=4? Или знаеш?
Што се однесува до настанок вселената и живот и се останато, не само јас што не знам, туку и никој не знае. Има одредени претпоставки за дел (читај добро, за дел) од тоа, но конечни одговори науката нема. А на крај на краиштата зошто па да мора да е настанат, створен?
Твое право во што ќе веруваш, јас немам потреба од верување. Верувањето е за слабите, наивните, мрзеливите. Верување? Не фала. И тој што се навлекол на метамфетамин за мене е ист како и тој на метадон. Нема разлика.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Пак ќе ја земам машината за пример да ти кажам зошто ни траба да веруваме во Аллах, и да го разбериме? Кога добиваме една машина со неа таа си има и упаство за користење. Зошто е потребно упастово за користење? Затоа што така би сфатиле како работи таа машина. Дозволими да го наречаме човековото битие машина, а како машина би бил најсложена што постои на земјава. Па зарем не мислиш дека и човек има потреба од упаство? Последно и финално упаство за човековото битие е велеченствениот Куран! Што се однесува на првиот дел од мојот предходен пост, тоа беше само предпоставка не напишав дека рече ти тука дека можби ти така гледаш на работите. Е сега со машината :) која е првата личност што може да ти каже како работи таа машина, да ти го објасни механизмот на функционирањето на таа предочена машина? Логички со малку размислување повеќето луѓе вклучувајќи и атеистите кога би ги прашале, нивниот одговор е дека прва личност што може да им каже како работи таа машина е: Тој што ја направил таа машина, Креаторот на таа машина, иноваторот итн. После пошто знам дека вие атеистите верувате на научни факти и докази па и теории. Би те прашал повторно: Како нашиов свет, земјава дојде до егзистенција, како се оформи целава вселена, и се што постои во космосот?
Овој ,,аргумент" е фаличен по многу основи. Ако човекот и вселената се аргумент за постоење на креатор бидејќи постојат и со тоа морало некој да ги создаде, тогаш кој го создал креаторот? Ако на креаторот не му е потребен креатор, тогаш зошто на вселената би и бил потребен? Ако човекот е машина за која е потребно упатство, тогаш како може човекот да има слободна волја?
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.636
Поени од реакции
9.249
Пак ќе ја земам машината за пример да ти кажам зошто ни траба да веруваме во Аллах, и да го разбериме? Кога добиваме една машина со неа таа си има и упаство за користење. Зошто е потребно упастово за користење? Затоа што така би сфатиле како работи таа машина. Дозволими да го наречаме човековото битие машина, а како машина би бил најсложена што постои на земјава. Па зарем не мислиш дека и човек има потреба од упаство? Последно и финално упаство за човековото битие е велеченствениот Куран!
Дури и најлошата кинеска фирма не издава последователни верзии на упатства за употреба, туку нуди едно упатство за употреба на корисници што го добиваш со купување на самиот производ. Некои фирми за одредени производи, покрај ова корисничко упатсво, нудат и сервисно упатство со шеми.
Прашањето е кому му се потребни тие упатства за употреба на човекот од твојот пост? И дали во тој случај човекот има било каква одговорност, или одговорноста е исклучиво на оној што го употребува и сервисира, и кој е тој или кои се тие?
Ти не сакајќи, мислам дека даде феноменален одговор за Исламот и муслиманите.
Како што топката не може да биде виновна што скршила прозорец, туку оној што ја шутнал или фрлил, така и муслиманот не може да биде виновен за своите злодела, туку оној во чии раце е упатството за негова употреба.
Па така, група муслимани кои злосторнички се здружуваат, илегално поминуваат граница на туѓа земја, напаѓаат полициска станица, крадат оружје од полицијата, не се пријавуваат за претстој во странска земја, поседуваат и носат оружје кое не е дозволено за цивили и убиваат полицајци во директна престрелка, не чувствуваат никаква вина и има протести за нивно ослободување од страна на други муслимани, поради тоа што упатството за нивна употреба дошло во рацето на Грујо, Горде и Саше.
Или муслиман кој учествува во кражби, закани, изнуди, тргува со оружје, наркотици, бело робје и други својствени активности, ја убива својата сестра која е сè уште дете, со борбен нож кој го носи со себе , веројатно за лупење костени, бидејќи го осрамотила нивното семејство затоа што одлучила да избега од дома или облекла маица со кратки ракави, бидејќи така пишува во упатството за употреба на човекот по кој се раководел овој никаквец.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ако моето објаснување е незнаење тогаш ајде ти објасни со твоето таканаречено знаење.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk

...а штом го прочиташ моето знаење, ти веднаш:

- ќе признаеш дека сум во право,
- ќе признаеш дека си во криво,
- ќе се покаеш/преумиш и ќе решиш да живееш по волјата Божја,
- ќе продолжиш да битисуваш со твоето досегашно убедување,
- ќе продолжиш да пишуваш дописи кои се сушта спротивност на учењето од Црквата.

Така?...
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
2.031
Твоето објаснување по автоматизам е незнаење.[DOUBLEPOST=1510185594][/DOUBLEPOST]

И мене ме занима-живо и константно...:icon_lol:

А што ти беше прашањето?
Можеби ќе ми текнат повеќе прашања,но еве сега ќе те прашам едно нешто.
Како ти го „поимаш“, сфаќаш Светото Тројство ?
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
...а штом го прочиташ моето знаење, ти веднаш:

- ќе признаеш дека сум во право,
- ќе признаеш дека си во криво,
- ќе се покаеш/преумиш и ќе решиш да живееш по волјата Божја,
- ќе продолжиш да битисуваш со твоето досегашно убедување,
- ќе продолжиш да пишуваш дописи кои се сушта спротивност на учењето од Црквата.

Така?...
Не Мики. Не е работата дали јас ќе живеам според нечија волја или не, според Божја, Одинова или моја сопствена. Работата е во тоа што ти рече дека моето објаснување било незнаење. Дај тогаш твое објаснување кое сметаш дека е знаење, а не само да велиш дека некој има(л) незнаење и толку само да биде.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Можеби ќе ми текнат повеќе прашања,но еве сега ќе те прашам едно нешто.
Како ти го „поимаш“, сфаќаш Светото Тројство ?
Тоа е најчесто поставувано прашање во Христијанството.Како ти го поимаш човекот кога знаеш дека има дух,душа и тело?И тоа е тројство,бидејќи човекот е створен по ликот Божји.Каде се наоѓаат човековиот дух,душа?Тоа е мистеријата на животот,така да и Божјото Тројство е мистерија.
 
Така е.И за она што ни е познато не можеме да кажеме дека ни е потполно познато.
Животот би бил досаден без мистерии.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Така е.И за она што ни е познато не можеме да кажеме дека ни е потполно познато.
Животот би бил досаден без мистерии.
Е ајде не ми одговори на прашањето,каде се наоѓа човековиот дух?Е ова е од Пословиците од Библијата,вели незнаете ништо за вас,а мудрувате за Бог.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Можеби ќе ми текнат повеќе прашања,но еве сега ќе те прашам едно нешто.
Како ти го „поимаш“, сфаќаш Светото Тројство ?
Во Панонски легенди имаше едно објаснување од св. Кирил дека поентата на тројството е да се почитуваат таткото, словото (зборот,речта, логосот) и духот. Бидејќи повеќе чест ти прави оној кој те почитува и тебе и твојот збор и твојот дух.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Во Панонски легенди имаше едно објаснување од св. Кирил дека поентата на тројството е да се почитуваат таткото, словото (зборот,речта, логосот) и духот. Бидејќи повеќе чест ти прави оној кој те почитува и тебе и твојот збор и твојот дух.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
Читај Библија,не ти требаат легенди.Се е тоа перење мозок од поповите.Како викаат Америте,Библија,само Библијата и ништо друго освен Библијата.И тој свети Кирил бил обичен човек,ништо поразличен од тебе.Ако беше поинаку и Англичаните Шекспир ќе го направеа светец.
 
Јас не реков дека Кирил бил нешто повеќе од обичен човек. Јас само дадов едно толкување од една личност. На redfogv останува дали ќе го прифати Кириловото толкување или не.
А и не се согласувам во целост со се што е напишано во Панонски легенди. Има работи кои ми се допаѓаат, но има и кои не ми се допаѓаат. Исто како и во библијата што има работи кои ми се допаѓаат и кои не ми се допаѓаат.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom