Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85
Ако си возел низ гостиварскиот регион, можда и познато ти е. Ова е пат за село Долно Јеловце, има и ресторан Конак во селото.

Опасен сегмент, 3.9 километри со просечен успон од 8%. :)
За жал натаму уште не сум бил, летово здравје со некоја тура можеби бидејќи касно купив опрема (башка уште кацига не сум земал) и доста време ми требаше да се навикнам од стариот (26-ка) на новиот (29-ка) точак.

Мене ми заличи малце на патот на десно после Лешочкиот манастир што оди накај Брезно. Како овој што го спомна исто има голем успон (не знам точно колку) со 2-3 делови каде што се израмнува. Со кола над втора брзина нема шанси да го извозиш нагоре.

Уште сега планирам една тура напролет до таму со новиот точак, само да најдам уште некоја будала како мене што ќе може да весла до горе. :D
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412

Ако сакаш предизвици со јаки успони, имаме уште појаки тури во полошкиот регион. Најстрашната е до село Корито, 10 километри со просечен успон од 9%:

https://www.strava.com/segments/11046504

Јас искрено немам муда да го возам ова, затоа и никогаш не сум го пробал - веројатно нема ни да го пробам. :)
 
Може, ако примате со MTB :D
 
D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.117
Поени од реакции
1.570
За жал натаму уште не сум бил, летово здравје со некоја тура можеби бидејќи касно купив опрема (башка уште кацига не сум земал) и доста време ми требаше да се навикнам од стариот (26-ка) на новиот (29-ка) точак.

Мене ми заличи малце на патот на десно после Лешочкиот манастир што оди накај Брезно. Како овој што го спомна исто има голем успон (не знам точно колку) со 2-3 делови каде што се израмнува. Со кола над втора брзина нема шанси да го извозиш нагоре.

Уште сега планирам една тура напролет до таму со новиот точак, само да најдам уште некоја будала како мене што ќе може да весла до горе. :D
Другар, сподели искуство за болдираново.
Вреди ли веднаш да се направи преминов или пишман (беше) си сега и те фаќа носталгија за 26-ка?! Баш ме интересира за колкав временски период мислиш на ова доста време. Можеби е прашање на вкус и индивидуална ствар, но вреди да се прочита мислење на патилец :D

..................
Каков брутален сегмент е ова бе... :несвест: на повеќе места преку 30% угорница оди, а на еден дел и 60% е. Да се замислат и професионалци дали да го возат.
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85
Другар, сподели искуство за болдираново.
Вреди ли веднаш да се направи преминов или пишман (беше) си сега и те фаќа носталгија за 26-ка?! Баш ме интересира за колкав временски период мислиш на ова доста време. Можеби е прашање на вкус и индивидуална ствар, но вреди да се прочита мислење на патилец :D
Зависи како и каде претежно возиш.
За мене отпрвин беше чудно, како да се качуваш од мала кола во џип, ама за две недели ќе го навикнеш на кривини и избегнување дупки а за уште две недели максимум останатото.

Мислам дека нема потреба да кажувам колку е поспор и потромав на брзи реакции од 26-ка и повисоката позиција на возење.
За преносот гледај задната касета да ти е со повеќе запци а предниот запчаник да биде помал бидејќи со 29-ка имаш поголема маса за придвижување од место ако планираш да го возиш на рамно или на угорници и дополнителен замор при возење од пошироките гуми и поголема целовкупна тежина на која не секој може да се навикне.
Јас на пример имав колку толку кондиција набиено уште од 26-ката (бидејќи ми се расипа левиот шалтер и некако успеав да го заглавам на најголемиот запчаник и на 6-та позади па така го возев две години и на рамно и на успон додека не најдов замена) па не ми дојде многу тешко наеднаш.

На 26-ката се враќам од време на време кога ќе биде слободна бидејќи мајка ми си го присвои за на работа, и секој пат кога ќе ја возам макар и до продавница се воодушевувам како лежи на кривини при високи брзини и колку брзо можеш да ја маневрираш низ дупки и гужви (зборуваме за челични рамови), а поготово за паркирање немам ништо лошо да кажам - секаде ја собира.

Поради гореспоменатото земав уште една 26-ка од форумџија кој е моментално во процес на средување и планирам да известувам за прогресот викендов кога ќе го почнам.

Да пробаш директно да ги споредиш е како да споредуваш Свифт со Соренто. Едното го бива повеќе за по град, другото за на планина. Најдобро е да позајмиш од некого 29-ка за неколку возења по рамно и планина па самиот да донесеш одлука дали би се "апгрејднал"
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: D_T
Член од
24 април 2010
Мислења
1.248
Поени од реакции
1.752
Ќе ве замолам да ми кажете продавница каде што би можел да купам некој средна класа амортизер/дампер, не ми е за точак туку ми треба за друг проект.
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Ќе ве замолам да ми кажете продавница каде што би можел да купам некој средна класа амортизер/дампер, не ми е за точак туку ми треба за друг проект.
Единствени во Скопје што може да чуваат таква роба на лагер се Pro Sport, Бајкстоп и ново-отворените Nomad Mobility.

- Про Спорт се наоѓаат во околина на грчка амбасада, уличката покрај Plaset донерџилницата излага буквално на продавницата.
- Бајкстоп се на Орце Николов, веднаш карши влезот на Боемска улица, тешко е да се промаши нивната реклама.
- Nomad Mobility се наоѓа на местото на поранешниот салон за BMW, Мак Кар, до Аутомакедонија.

Ако ти е за експериментирање и не ти се даваат многу пари, убаци се во групава на фејсбук и пиши си пост дека бараш амортизер (претпоставувам заден).
- https://www.facebook.com/groups/1678303075781557/
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.478
Поени од реакции
16.097
Знам дека е глупо прашањево, но доколку екој сака да ми даде туторијал за менување на лагерите во средната осовина и каков алат е потребен за менување на истиот, бидејчи оваа година три пати ги менував на пазар и три пати бргу се кварат, а ги менувам на пазар бидејќи и точакот ми е многу стар
 
Постојат многу типови на средни осовини. Ако не ти е тешко, пушти ни слика тука за да видиме со што располагаш. Врз база на тоа ќе ти дадам некои потрајни решенија, доколку има за тебе. :)
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.478
Поени од реакции
16.097
Постојат многу типови на средни осовини. Ако не ти е тешко, пушти ни слика тука за да видиме со што располагаш. Врз база на тоа ќе ти дадам некои потрајни решенија, доколку има за тебе. :)
Не знам да ја извадам и затоа барав туторијал како се вади и што алат треба, инаку и она е пазарска
 
Член од
21 декември 2017
Мислења
12
Поени од реакции
0
Потребна ми е книга по словенечки јазик, ја имало на филолошкиот оние што студираат македонски, но не познавам никој таков. Може да се најде од друго место?
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85
Не знам да ја извадам и затоа барав туторијал како се вади и што алат треба, инаку и она е пазарска
Дали е cup & cone, со машински лагер...
Ако не знаеш да ги разликуваш пушти слика како што рече Martinmkd.

Во секој случај ако ја правиш сам ќе ти требаат неколку алати (и делови).
Ако сакаш потрајно решение ќе си ставиш со машински лагер, но не од пазарските.
Ако сакаш поевтино да пројдеш ќе земеш поквалитетни лагери.
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Слика помага и за посочување кои алати ќе бидат потребни за домашна промена. Дополнително, ќе послужи за предлог на решение што може да биде подолготрајно.

Ако осовината му е со четвртасти завршетоци, трајно решение се купува во продавница и нема да прави понатамошни проблеми. Е сега, бидејќи рече дека точакот е многу стар, можно е да е од оние курбли шо се монтираа со мутерче/шрафче, па за такви осовини нема баш трајно решение кое може да се купи во продавница. За тоа ќе треба да побара некои подобри лагерчиња.
 
Со кајла мислиш?

Овие и на старо тешко да ги најдеш, а на ново само кинезариине по пазарите, тешко се наоѓа нешто квалитетно.
И јас сум во слична каша. Имам стар Pretis на којшто некако го прикрпив колку толку преносот да може да се вози, ама предниот запчаник и осовината се при крај. Поретко го возам, ама кога ќе му дојде време за правење не верувам ни Драгон Кастм дека ќе ме спаси од барање делови.
 
На тие мислев, не ми идеше терминот „кајла“ на памет :) Ако ти се свиѓа како вози тоа старото точаче, не е лошо да го модернизираш. И онака единствен бенефит на старите челичњаци е квалитетот на дампинг на вибрации, за наши улици и тротоари се совршени.

Преносче некое кинеско (да личи на ретро барем), осовина, ако ти се даваат пари - главинчиња некои што вртат мазно, и ќе биде ракета за градски превоз :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom