Serie A 2017/2018

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

Koj ќе биде шампион оваа сезона

  • Вкупно гласачи
    261
Статус
Затворена за нови мислења.
23131613_1029567800516612_7232836442740322385_n.jpg
 
Затоа лупа пари за Киеза и тоа 40м нуди Де Лаурентис. Реално до Јануари треба да истуркаат ама ниеден клуб не продава квалитет во Јануари па дури ни Фиорентина иако се финансиски во тешка состојба.
:neetaka:
напротив,после онолку продавања еден куп пари имаме,друго е кај нас проблемот.
а Киеза не ми се веруе дека у скоро време ќе си иде,али ако го дадат она со Баџо ќе биде мачкина кашлица у споредба со тоа што ќе им се деси.
 
Неможе Фиорентина да продава затоа што се во финансиска криза, а притоа да планираат нов стадион кој би требало да биде готов до 2022... Одкако рекоа дека браќата Дела Вале ќе го напуштат клубот, тие тогаш решија да продаваат.

Изгледа нема да се расфрлаат со пари овие години, мислам дека повеќе ќе се фокусираат на академијата од каде произлегоа еден Бернардески и Киеза... башка го вратија легендата Антониони, тој ги држи конците во клубот
 
Интересно, против Шкендија на Сан Сиро имало 60 000 посетите, квалификациски дуел за пласман во ЛЕ, а против АЕК 17 000, натпревар од групна фаза во ЛЕ. Многу брзо падна ентузијазмот кај миланезите.
Мое мислење е дека рано е да се откажуваат од овој состав кој за мене е навистина квалитетен. Мирабели и Фасоне направија одлични зделки, кога тимот им беше тиња, логично беше да потрошат 200мил на 9 играчи наместо на 4. Кривицата кај нив е мала што не претпоставиле дека Монтела нема да успее да го скоцка тимот, ама кој пак очекуваше толку лошо да менаџира со овој нов Милан после претходната да кажам добра сезона со младицни во тимот. Кривицата кај Мирабели и Фасоне се зголемува со останувањето на Монтела. А Монтела може да бара алиби во тоа што навистина не е лесно да вклопиш девет новајлии од кои скоро сите се купени за прва постава и нормално е да не функционираат добро работите на почеток, дури и цела сезона да отиде така не е ништо страшно, истите проблеми ќе се осетеа било кој да беше на клупата на Милан, бидејќи самите играчи не се знаат доволно, нема хемија никаква во тимот. Еве Монтела доколку остане во тимот верувајте полошо од ова нема да биде, како така ќе се фигне нивото на играта и резултатите ќе дојдат, бидејќи во тимот има доста квалитет и потенцијал.
 
Ја вака се попалив првата година кога дојдоа американциве. До тогаш Рома не ни купуваше скапи играчи, единствена поголема аквизиција во тоа време и беше Бориело за некои 10мил. а редовно имаше продажби. И америте прв летен трансфер период вложиа 80-100мил евра за тоа време 2011год. доста пари, мислам дека завршиа 4ти тоа лето по трошење пари на играчи, ги донесоа Пјанич, Гаго, Освалдо, Кркич, Ламела, Стекелнбург, Хајнце и Борини(која коенциденција со овогодишното пазарење на Милан,све играчишта и Борини :D ).
Тренер Луис Енрике, амбициите и ентузијазмот на ниво, за да на крај завршиме 7ми :icon_mrgr: а дури испаднавме во квалификации за во ЛЕ:pos:
 
Па што ако земаа 10 играчи, можеа и 30 да земат, битно е какви играчи земале. Не секогаш е битен квантитетот, зашо имаме мал милион примери каде се трупале безвезно играчи и се фрлале пари а резултати нигде. Јас не гледам некој преголем квалитет во екипата на Милан, имаат неколку добри играчи и остантото е просек до просек што впрочем се гледа и по резултатите на тимот.

Како тоа нема хемија во тимот и немале време да се воиграат? Па нели во јуни/јули ги купија 90% од играчите и го скоцкаа тимот? И припреми и све одработија заедно, така да изговорите дека немале хемија и дека немале време да се воиграат се без основа. Ок, не викам дека требаше да имаат 100% скор до сега и да бидат скроз воиграни и да везат по терен, ама не е крива невоиграноста за 0 шутеви против Аек во два меча.

Милан ми делува како Интер од пред неколку сезони кога натрупа глупаци во тимот, Кузмановиќ, Переира, Таидер, Гаргањо и да не набројувам натака и мислевме дека готово се враќа Интер од 2010, купивме 10 играчи и тоа е тоа, а нема везе што пола од нив ни во Маџари не би играле. Што се мене тиче од летниот пазар на Милан добри играчи ми се Конти (иако две утакмици го гледав), Бонучи и Силва, ок можда и Кеси до негде, се останато би убил и би ставил на клада. И тоа пази ти зборам дека ми се добри играчи овие, а на Милан очајно му треба екстра квалитет во тимот, некој како Пирло во средината и како Ибра во нападот.
 
Сите трансфери на Милан реално беа океј, освен 2ца имбецили кои во таа формација ја имаат можеби најбитната улога во "концептот" на Монтела - Калинич и Биља. Овој првиов имаше ситна повред 2 недели надвор од терени -ама ништо страшно.
Види, у Италијанско... зашто Интер,Рома,Наполи,Лацио и Јувентус се пред останатите? Пошо имаат напаѓачишта бе, што кинат, БУШАТ, сите до една од овие екипи... а ние го имаме фиорентинскиот Калинич,напаѓачиштето од 3 години уназад 7мата/8мата екипа од Италија, кој не само што е ДРВО (дај боже да ме убеди во спротивното као што ќе одминува годината)ама неможе да постигне 20 гола и тоа у сите натпреварувања, што од очигледниот НЕквалитет, што од феноменот "нова средина", а сите напаѓачи на горниве екипи ќе имаат 20че ко од шала и тоа само у лигава. Остај тоа има скоро 30ка, игра наместо млад и реално просперитетен Андре Силва , и дете на кое со тек на време сигурен сум дека ќе му појде и дека ќе го видиме неговиот прав потенцијал (за жал, не верувам тоа да се случи под водство на Монтела).
Биља едноставно не ми се коментира. Стварно не очекував толку да флопне. Као да глеам тотално друг играч во однос на она што беше у Лацио, не беше бе такво дрво, имаше жар, борбеност, иако многу имаше мака со повредите. Мислев дека ќе има жар ликов со новиот трансфер, ама он се поманекенчил скроз.
Покрај овие две работи, додај го ФАКТОТ дека очигледно не иде со тројца дефанзивци , бог знае од која причина (претпоставувам квалитетот на семоќниот наш тренер), ја добиваш оваа криза на теренот.
И да, мислам дека имаме проблеми со тимската кохезија, као да има многу испади меѓу играчите, карање и слични идиотски работи (пак ќе кажам - мислам, не тврдам со сигурност... таков вајб добивам последниве неколку кола гледајќи го милан), па така и не би ме чудело ако играчиве праат некаква хајка против тренеров. Ко да ја има изгубено надлежноста врз играчите. Ама тоа се сепак шпекулација и мое видување.
Мене искрено ми е криво што мојов тим не е квалитетен и достоен за врвот у ваква по долго време неизвесна Серија А, која наредниве години сигурно ќе биде подобра (особено со ЛШ на 4 екипи). И стварно е срамота што сите не исплескаа.
 
Фиорентина се офајди од трансферот со Калиниќ, продаде 30 годишен играч за 25 милиони, а го зема ефтино 22 годишниот Симеоне.

Едино Матри во Милан за 12 милки беше подебилен потег на росоњерите од овој со Калиниќ.

:)[DOUBLEPOST=1509799187][/DOUBLEPOST]П.С. Парма е купена од кинези :)
 
Сите трансфери на Милан реално беа океј, освен 2ца имбецили кои во таа формација ја имаат можеби најбитната улога во "концептот" на Монтела - Калинич и Биља. Овој првиов имаше ситна повред 2 недели надвор од терени -ама ништо страшно.
Види, у Италијанско... зашто Интер,Рома,Наполи,Лацио и Јувентус се пред останатите? Пошо имаат напаѓачишта бе, што кинат, БУШАТ, сите до една од овие екипи... а ние го имаме фиорентинскиот Калинич,напаѓачиштето од 3 години уназад 7мата/8мата екипа од Италија, кој не само што е ДРВО (дај боже да ме убеди во спротивното као што ќе одминува годината)ама неможе да постигне 20 гола и тоа у сите натпреварувања, што од очигледниот НЕквалитет, што од феноменот "нова средина", а сите напаѓачи на горниве екипи ќе имаат 20че ко од шала и тоа само у лигава. Остај тоа има скоро 30ка, игра наместо млад и реално просперитетен Андре Силва , и дете на кое со тек на време сигурен сум дека ќе му појде и дека ќе го видиме неговиот прав потенцијал (за жал, не верувам тоа да се случи под водство на Монтела).
Биља едноставно не ми се коментира. Стварно не очекував толку да флопне. Као да глеам тотално друг играч во однос на она што беше у Лацио, не беше бе такво дрво, имаше жар, борбеност, иако многу имаше мака со повредите. Мислев дека ќе има жар ликов со новиот трансфер, ама он се поманекенчил скроз.
Покрај овие две работи, додај го ФАКТОТ дека очигледно не иде со тројца дефанзивци , бог знае од која причина (претпоставувам квалитетот на семоќниот наш тренер), ја добиваш оваа криза на теренот.
И да, мислам дека имаме проблеми со тимската кохезија, као да има многу испади меѓу играчите, карање и слични идиотски работи (пак ќе кажам - мислам, не тврдам со сигурност... таков вајб добивам последниве неколку кола гледајќи го милан), па така и не би ме чудело ако играчиве праат некаква хајка против тренеров. Ко да ја има изгубено надлежноста врз играчите. Ама тоа се сепак шпекулација и мое видување.
Мене искрено ми е криво што мојов тим не е квалитетен и достоен за врвот у ваква по долго време неизвесна Серија А, која наредниве години сигурно ќе биде подобра (особено со ЛШ на 4 екипи). И стварно е срамота што сите не исплескаа.

Абе нека ви кисни...џабе елаборираш со емоции :))
 
Наполи без Мертенс и Реина ќе се утре ај да ги видиме :)

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
 
Не би требало да имаат проблеми кај Киево ама се е можно таму, Де Лаурентис јако ќе се заебе ако во јануари не го прошири ростерот, не му треба да ги купи Марсело и Суарез ама ќе мора да има некакви трансфери за да изгураат до крај.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom