Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување
Да живее социјализмот Бранимирее со возен парк од 100.000 евричиња а проста раја со автобус нека се вози
Е ај да не вози, црвена комуњарска буржоазија е. :D

За време мрачно-транзициската доба, кога мамата им се еба на многу фамилии, татко му беше поставен за директор на кумановската Житомел - фабрика за леб и бели пецива, со преку 300 вработени.

Фабриката ја шитна на еден од главните пулени на Б.Ц - кумановскиот мафијаш Бајруш Сејдиу, кој подоцна беше осуден на 12 години затвор заради малверзации и стечајни постапки со четири кумановски фирми (меѓу кои и Житомел), во кои незаконски се стекнал со имотна корист од околу 6 милиони евра. :icon_lol:
 
Сакаш кладба дека не година туку цел мандат ќе си го истераат онака лагано шо би рекле.

Не додржуваат овие* цел мандат Владе, еве избери си во што да се опкладиме.

*Под овие мислам на партија на власт, да не го буни Бафра
 
Е ај да не вози, црвена комуњарска буржоазија е. :D

За време мрачно-транзициската доба, кога мамата им се еба на многу фамилии, татко му беше поставен за директор на кумановската Житомел - фабрика за леб и бели пецива, со преку 300 вработени.

Фабриката ја шитна на еден од главните пулени на Б.Ц - кумановскиот мафијаш Бајруш Сејдиу, кој подоцна беше осуден на 12 години затвор заради малверзации и стечајни постапки со четири кумановски фирми (меѓу кои и Житомел), во кои незаконски се стекнал со имотна корист од околу 6 милиони евра. :icon_lol:

Да се разбереме, немам ништо лично против него, дај боже да си возат и од 500.000 евра ама НЕ мене тој да ми одредува колку пари ми се доволно.
Тоа е комунистички принцип, а тие општества крававо се распаѓаат.
Значи живеј и остај ме да живеам, а ако го посакуваш и ми го земаш МОЕТО тоа е кршење и на божји закон.

Очигледно транспортериве и таксистите се многу богати па не протестираат, а и народот се согласува да му земаат, за на администрација да дадат. (y)

Не додржуваат овие цел мандат Владе, еве избери си во што да се опкладиме.

Дај појасни, мислиш како тим сегашен или како партија на власт... Оти нели викаат следна година пак парламетарни избори.
Ние многу богата и средена држава сме, па на секои година две избори ќе си имаме. Дежаву работава :D
 
Па мал е центар, Буњаковец, кај ТОТО често поминува и менува различни коли со госпожата.
Тој во Администрација, таа во НБРМ и ќе збори за праведност.
Ма дај не ме јеби со такви ефтини финти. Нека излезат приватно па нека соли памет.
Да ама во Данска министрине и пратеницине одет со точкој на работа.Ама во Данска.Ај да видиме дали Тевдо ќе им го спомни тоа на некоја владина седница или можда во парламентот!?:cautious:
 
Да се разбереме, немам ништо лично против него, дај боже да си возат и од 500.000 евра ама НЕ мене тој да ми одредува колку пари ми се доволно.Значи живеј и остај ме да живеам, а ако го посакуваш и ми го земаш МОЕТО тоа е кршење и на божји закон.
Па како ќе има ауто од 100К јуруци, ако те остави да живееш и не ти го зема твоето?
Впрочем тоа е и основата на реалната верзија на „капитализмот“ во светов.


Очигледно транспортериве и таксистите се многу богати па не протестираат, а и народот се согласува да му земаат, за на администрација да дадат. (y)
Исто како за струјата, кога се укина евтината тарифа.
„Небитно“ за да се протестира, ама потоа сите гласаа за тие што ветија враќање на
евтината тарифа. :D


Ние многу богата и средена држава сме, па на секои година две избори ќе си имаме. Дежаву работава :D
Пар години пред да падне претходната владеачка гарнитура укажував на мислата од Сантајана:
productimage-picture-those-who-cannot-remember-the-past-855.gif



Џабе. Неписмена раја е неписмена раја.
Предвидувам дека на следните избори пак ќе ги гласаат претходниве.
 
Да ама во Данска министрине и пратеницине одет со точкој на работа.Ама во Данска.Ај да видиме дали Тевдо ќе им го спомни тоа на некоја владина седница или можда во парламентот!?:cautious:

Епа да ја намалеа акцизата како што барале во 2012, повеќето администрација ќе возеше точак. Тие ја зголемија, сега за нив ќе има, а ние БОГАТИТЕ што ќе ја плаќаме ќе внимаваме, кој пешки кој точак кој со автобус. :D

Па како ќе има ауто од 100К јуруци, ако те остави да живееш и не ти го зема твоето?
Впрочем тоа е и основата на реалната верзија на „капитализмот“

Не е една кола, туку две три чија вкупна вредност е 60.000- 100.000

Не ги заведувај останатите дека Капитализам е исто со олигархија, социјализам, комунизам, република и шо ти ја знам. Ниту сме капиталистичко ниту демократско општество. Република/репрезенти кое секогаш ама баш секогаш преминува во Олигархија.

Кај нас моментално го имаме Трамп кој работи како Хилари т.е Заев и Анѓушев приватњаци а применуваат социјалистички мерки. :cautious:
Или парите НЕЧЕСНО ги заработиле (и продолжуваат) и поима немаат од приватен сектор или нови јаничари.

Нешто го нема Заев, нели ветуваше од чистачка па до министер ќе се отпуштало, сега Бранимир го пушта да залажува народ.

Навистина сме чудесна земја и папокот на светот. Се што може наопаку кај нас го применуваме. Ко некој транзитен центар/филтер :D.
 
Ветар дупка не полни само 30 милиони евра, па тоа се многу малку пари а ќе поскапи се од транспорт, туризам храна, продукти. Фалат минимум 300 милиони евра тие со едно мавање задолжуваат по 80 милиони месечено, ќе собрале 30 милионио од акцизата.
 
подолг период кога дизелот беше 73 денари, супер 98 беше 87.5 денари и тоа цела година. Кога Франција мислам беше и некои други најавија/намалија акцизи за горивата за да не поминат некојси праг од 2 евра па и есдеес ги копираше во иницијативата. Цена за дизелот над 70 денари имаше и во 2015. Во суштина нели и темава беше отворена заради ненормалните цени. Прашањето ми беше како од над 70 денари цените во продавници не се намалија кога се симна на 50-53 денари, а сега ќе растат. Не видов ниедна пресметка за цена на чинење. 10 тони леб, нафта учествува толку, струја волку, одржување онолку плата.. и толку...Познато е фирмите како "одредуваат цена према енергенс".
Е сега, ако се навратиме колку дупки, какви хонорари, колку превработени...3.5 денари колку се доволни за сите тој цунами од претходната власт, не знам.
 
подолг период кога дизелот беше 73 денари, супер 98 беше 87.5 денари и тоа цела година. ...Цена за дизелот над 70 денари имаше и во 2015. Во суштина нели и темава беше отворена заради ненормалните цени.

@Lurtz сине, ти знаеш ли воопшто што е разлика меѓу цена и АКЦИЗА? :coffee:

[DOUBLEPOST=1509784914][/DOUBLEPOST]
Навистина сме чудесна земја и папокот на светот. Се што може наопаку кај нас го применуваме. Ко некој транзитен центар/филтер :D.
Ма ајде, доста со таа „исклучителност“ кога се работи за лошите работи, и доста со обратниот процес кога се работи за добрите работи. Потполно исто е во целиот свет, со разлики во нијанси (и локални специфичности).


Не ги заведувај останатите дека Капитализам е исто со олигархија, социјализам, комунизам, република и шо ти ја знам.
Кого заведувам? ;)
Капитализам е едно во дефиниција, нешто сосема друго е во реалност. Исто како и социјализам и комунизам, кои во теорија треба да се најдоброто замисливо општествено уредување ама во релност - се повеќе од лоши.
 
патем за цените, како реагирала француската влада во 2012 кога кај нас цените беа над 70 и над 85 денари за 1 литар.
Но француската влада реагираше експресно, времено ги намали акцизите на бензинот и на дизелот , за да може да се намалат и цените на бензините во малопродажба.

@Lurtz сине, ти знаеш ли воопшто што е разлика меѓу цена и АКЦИЗА? :coffee:

.
што е и што има врска тоа со муабетот за покачување на цени, дупките во централниот буџет и буџетите на институциите, превработеноста последните години и високите хонорари.
 
подолг период кога дизелот беше 73 денари, супер 98 беше 87.5 денари и тоа цела година. Кога Франција мислам беше и некои други најавија/намалија акцизи за горивата за да не поминат некојси праг од 2 евра па и есдеес ги копираше во иницијативата. Цена за дизелот над 70 денари имаше и во 2015. Во суштина нели и темава беше отворена заради ненормалните цени. Прашањето ми беше како од над 70 денари цените во продавници не се намалија кога се симна на 50-53 денари, а сега ќе растат. Не видов ниедна пресметка за цена на чинење. 10 тони леб, нафта учествува толку, струја волку, одржување онолку плата.. и толку...Познато е фирмите како "одредуваат цена према енергенс".
Е сега, ако се навратиме колку дупки, какви хонорари, колку превработени...3.5 денари колку се доволни за сите тој цунами од претходната власт, не знам.
Кичево остана тогаш единствен град каде лебот остана на 20 денари,,,значи се можело...
 
@Lurtz сине, ти знаеш ли воопшто што е разлика меѓу цена и АКЦИЗА? :coffee:
што е и што има врска тоа со муабетот за покачување на цени, дупките во централниот буџет и буџетите на институциите, превработеноста последните години и високите хонорари.
Синко, ни превработеноста ни хонорарите не се намалија - напротив, се зголемија. Затоа не релативизирај, и не дигресирај во (политички) офтопик. Манипулираш со повисоките цени на дизелот порано кои беа повисоки заради повисоките светски цени на нафтата. Ова сега е акциза, додадена вредност на цената на дизелот.

Затоа сине, те прашав дали ти воопшто знаеш што е разлика меѓу цена и АКЦИЗА? :coffee:
 
Јас се кладам дека вмроовциве лично и 100 денари акциза би плаќале само да не се покачат платите и пензиите.

Ноќна мора за извршен комитет, појдоа уште 100.000 гласови :D
 
заборави да каже дека кај нас во Скопје дизелите повеќе работат во место отколку во возење :confused:
Неколку работи околу акцизата на дизелот

1. Дизелот во Македонија е меѓу најевтините во Европа и убедливо најевтин во регионот. Литар дизел кај нас е околу 0.8 евра, во Бугарија и Косово е околу 1 евро, во Србија и Албанија околу 1.3 евра.

2. Разликата меѓу дизелот и бензинот кај нас е една од највисоките во Европа. Кај нас дизелот е поевтин од бензинот за околу 15-20%, во развиените европски земји нивните цени се приближно исти.


3. Акцизата на дизелот во Македонија е многу пониска од она што ЕУ го препорачува. ЕУ препорачува акцизата на дизелот да не е пониска од 33 евро-центи (20 денари), кај нас акцизата е 20 центи (12 денари).

4. Покачувањето на акцизата на дизелот може да придонесе за намалување на загадувањето. Со поскап дизел, на луѓето ќе им биде поисплатливо да користат алтернативни енергенси кои помалце загадуваат, како плинот.

5. Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди најсиромашните. Дури 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил. Најмногу ќе бидат погодени оние кои возат повеќе, а тоа се пред сѐ побогатите.

6. Покачувањето на акцизата на дизелот нема да доведе до општ раст на цените. Анализите покажуваат дека 3 денари повисока акциза на дизел ќе го зголеми општото ниво на цени за околу 0.2-0.3%.

7. Зголемувањето на акцизата на дизелот за 3 денари ќе донесе околу 30 милиони евра во буџетот. Тоа се 30 милиони евра повеќе за здравство, образование, социјална заштита, гасификација…
 
Јас се кладам дека вмроовциве лично и 100 денари акциза би плаќале само да не се покачат платите и пензиите.

Ноќна мора за извршен комитет, појдоа уште 100.000 гласови :D
А вака по твое ќе се покачат сега за скоро платите во приватниот сектор или уште подобро што велиш ти ќе се крени стандардот сега вака за скоро ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom