Добро е што навеле минимална инсталација на цевки од 2.5-3 метри.Но таа треба дополнително да се корегира според моделот на климата, најчесто се 5метри. Многу сервисери ставаат 0.5-1 метар што е криминално.
Собата oд 18м2 што ја греам со клима секој ден (ладна куќа со полна цигла, малку изолација и пвц, ладна долна плоча од подрум) најчесто е 5-10 степени пред да почнам со загревање, за 1-2 часа станува ~20 степени со setpoint 24 степени. Издувот е 40-50 степени доколку поставам setpoint 30 (макс), дури и кога надвор е -5 а внатре 10 степени. Се работи за 18btu, Sanyo компресор инвертер, 52кг надворешна, 1.6кг фреон, Vivax пакување. 10та зима, без никакви интервенции досега, никогаш не е сервисирана, ниту имало потреба да се провери фреон. Затоа мислам дека годишната проверка за 800 денари во суштина не е неопходна, но си плаќаш за допоолнителната гаранција, (што може и да не е лоша идеја). Филтрите се тие мрежестите со дополнителни мали-зелени, ги перам еднаш годишно. Никогаш не се испонашала чудно, нема никаков баг. Престанува да работи на -20. Маана е бучност на двете единици, посебно на надворешната која знае да зафучи како jet engine посебно на дефрост, ова од ден еден. Ова сето го прави со пола метар цевки за фреон, затоа што неписмениот сервисер/лопов така го инсталирал на времето, како и секогаш треба да се информираш и да си пописмен од мајсторите/докторите за да не те украдат/излажат/отепаат а можно е појма да немале дека треба 5 метри цевки да има, макар и во котур, затоа што никогаш не се интересирале да научат нешто. Сега ги гледам климиве по куќиве повеќето се со по 1 метар цевки.
Сега сум на мукает да земам уште една клима за другата соба. Ме интересира Хансол -20 за 39.999 денари редовна цена. (Sanyo компресор, ми тргна со првиот) или конкурентна на неа. За Хансол каде да се праша за најдобра понуда и квалитетна монтажа? Или предложете добра алтернатива со слични перформанси.