Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
На кратко, тимов без Канте не прави ништо. Нема никаков баланс во средината, а со тоа патат и нападот и одбраната. Штета што не ми текна одма штом се повреди да го пратам @ElNinho до Лондон, па на улиците до Кобам да им најде некое црнче истата работа што ќе ни ја заврши.

Со Канте си функционираше средината, и со двајца, к со тројца. Вака не бива и одма се заклучува дека играчите немаат никаков квалитет.

Прегледај го приврзокот 179653
Прегледај го приврзокот 179654
Прегледај го приврзокот 179655
Прегледај го приврзокот 179651
Прегледај го приврзокот 179656
Прегледај го приврзокот 179657

Предобро искуство, мора да се оди во Лондон!
@dragonsky
Да не те потчукнале и тебе малку римјаните :D. Шала на страна сигурно е доживување да се гледа Челзи во живо иако изгубија со 3-0
 
@Донев како ти се чини атмосферата и романистите, кажи нешто :D
Супер беше, посебно со таков резултат :D
Иако, Суд ми беше скроз од другата страна и не ги слушав до толку, а на Челзи навивачите беа во секторот одма до мене. Кај што бев на Норд имаше секакви луѓе, од навивачи кои цело време се провоцираа со гостинските навивачи, до фамилирајни луѓе со деца, и неутрални фанови, па кога ќе почне цел стадион да пее, пееа и тие тука.

Имаше и доста празни места (освен секторот кој беше оставен празен за да се одделат гостинските навивачи). Јас сум одбрал место преблиску до стаклата на крајот од секторот, па се преместив на поцентрална позиција. А и они ко што видов во првите 15тина редови си седнуваа кај сакаат.

Супер стадион во секој случај, уште да ја немаше атлетската патека и ќе беше одличен.

 
Аи да бе ја заборавив на Донев, дека требаше да оди во Рим... хаха на шала кажав ама изгледа си баксуз голем... Ако и во лондон доживиме некаков дебакал, ќе барам петиција доживотно да не го гледаш во живо Челзи :)

Канте ни е 60% од одбраната, некогаш се случува три напади по ред да земе топка.
Трча како за двајца. Нормално е да се осеќа негово отсуство.
Ама друг проблем е што играчите многу се паднати во форма скоро сите освен Канте и Педро.
Уште на почетокот многу некако нервозно тргна многу црвени картони, па после почнаа и повреди. Значи нешто не е како што треба.

Ќе видиме сега во недела како ќе се одвива работава. Манчестер не се нешто посебно, ако ги нападнеме можеме до 3 бода... ама ако кренеме со оној пристап како со Арсенал и Сити :(

Sent from my Redmi 3 using Tapatalk
 
Фaбрегaс треба кaкo лани. Пoсле 60та минута, да испрaти 3 4 тoпки и да се створат некoлку 100% шaнси за гoл. Не мoже секoј игрaч да е Лaмпaрд. Џабе е да зборувате за Азaр. Прелaзнa сaмo за негo и Алoнсo. Цел тим е умрен изморен. Бaкaјoкo е днo. Кејхил е днo. Аспи слаби. А и дибекoв на гoл. Кажа некoј пoнaпред, oд кoгa си oтиде Чех никoгaш не сум oсеќaл сигурнoст на гoл. Слaбo. А нaјжaлнo е шo имaм кoлегa шo е за Рoмa. Ме умре еј. Бoг да чува.
 
A замисли како ќе ти биде во понеделник ако имаш колега кој навива за Манчестер Јунајтед. :sneaky:
Акo не тепa челзи ќе зеaм 3 дена бoлoвaње. Кoлегaтa за јунaјтед секaкo ќе збoрувa. Дали ќе пoбедaт и изгубaт, oни секoгaш се пoдoбрувaaт и ќе видеш кoгa ќе се врaти пoгбa. Еееее
 
Играчите мора да превземат најголема одговорност во ситуацијава. Против Рома одбраната неколку пати толку лошо реагираше, ко да немаат никогаш во живот играно заедно. Тоа никако не е кривица на Конте. Секако, мора да се земат колку толку во предвид и повредите, а и составот кој го вади Конте. Мене кога го видов составот не ми се свиѓаше што пак оди со Азпи на десен вингбек. Видовме дека не треба да игра таму и дека на таа позиција е потребен вистински вингбек, па мораше да продолжи со Запакоста. Исто и не ми беше јасна поставеноста на тројката, Кејхил за прв пат играше десно, а Рудигер лево.

Се збори дека прилично строг третман од Конте добиле играчите по натпреварот, и дека е спремен да седне било кој што нема да се потруди и да ја подобри својата игра, па стварно се надевам дека е така. И изгледа Канте конечно ќе се врати за со Јунајтед, што е огромен плус и ни дава шанса да направиме нешто на натпреварот.

Него друго сакав да кажам. Хазард полека влегува во форма. И против Рома најдобар беше на терен. Знаеме како е да го гледаш со топката во нозе, ама во живо сето тоа изгледа уште поимпресивно :cuc:
 
Акo не тепa челзи ќе зеaм 3 дена бoлoвaње. Кoлегaтa за јунaјтед секaкo ќе збoрувa. Дали ќе пoбедaт и изгубaт, oни секoгaш се пoдoбрувaaт и ќе видеш кoгa ќе се врaти пoгбa. Еееее
Тоа ти е типичен фан на јунајтед.Сите се такви.
 
Кој сака да гледаме заедно со фан клуб Јунајтед, во недела во 17:15 во Бекјард.
 
Требаше да ги раствориме ко Цедевита, два на еден контра три пути не реализираа.:tapp:
Можда победава не е доволна за титула, али е доволна Сморчестер Сговнајтед ни оваа сезона да не ја види истата.:LOL::gjavol:
 
Мората колку е несмасен понекогаш се плетка како мало дете...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom