Диети и слабеење

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Не разбирам што ви е целта на муабетов, која диета е најздрава или најефективна?
Најефективна: диета која нема да ви биде преголемо замарање и прилагодлива на начинот на живот, се што е екстремно ќе го исфрлите за кратко време, ако научите што треба да јадете и колку да јадете нема да имате мака за цел живот, особено ако е комбинација со спорт.
Најздрава: е тоа е тема каде што се кршат многу копја, излегува дека се во право и едните и другите, сите прават научни истражувања и сите постираат резултати по кои излегува дека се во право :D
Mислам дека баланс е одговор на ова прашање, исфрлете процесирана храна, прженици, брза храна, алкохол, сите сокови (газирани/негазирани), дневниот внес нека ви биде баланс од јаткасто овошје, зеленчук, риба, месо и овошје (особено малини, капини, аронија, вишни, тиква, портокали, грејпфрут..) и нема да имате проблем со килограмите, а воедно и со енергија и имунитет.
Јас лично не би можел да бидам веган, барем не можам да се замислам, можеби може и како вегетаријанец да се внеси се (со помош на суплементација, особено делот на омега 3), али не би се замарал со таква работа, особено додека вежбам по теретани и боречки вештини.

Моја препорака за тие што слабеете, брза лента intermittent fasting+keto, малку побавна само кето или само intermittent fasting, а фастингот ви е топ и за цел живот, станува навика после 2-3 недели, јас го практикувам 16/8, практично е и нема ни да осетите дека сте на диета, имате лимитиран период во кој се внесува храната, па и да сакате тешко дека ќе надминете калориски внес ако јадете „чиста храна“.

@Psyside и кравата е веган, ама е 500кг :D
Јас не препорачувам веган диета за цел живот, него како тест период од неколку недели за дијагноза и решавање на хронични проблеми. Лично сум ги пробал несакајќи и сакајќи сите диети горе доле. Сум бил на low carb - high protein/fat цел месец, или хронова како сакаш кажете ја, сум бил на разноварсна - такозвано од се по малце, сум бил на вегeтеријанска, сум бил на веганска, значи за да се уверувам кое што нуди сум тестирал лично и сознанијата сум ги офромил од дупло слепи рандомизирани студии, не од зборoви на разноразни идиоти кои имаат умрено од срцев удар додека биле на својата "фантастична диета" значи личните ставови ми се небитни, доказите на науката се она со што треба да се раководиме - на претходната страна има постирано 5 студии во кои колку повеќе шеќер - овошје -фруктоза, толку помала шанса за било какво заболување.

Кога бев на било која диета сем на веганската, имав болки во стомак, киселини, подуен стомак, проблеми со циркулација, артитис, проблеми со кожа, проблеми со многу други работи што не би ги набројувал...

Имам над 20-на луѓе со кои што комуницирам совети - диети, суплементи и што не. До сега се нема најдено некој кој немал осетно подобрување на општата состојба, разликата не е мала него се работи за големо подобрување, и решавање на автоимуни болести кои не реагирале на скоро ниедна терапија - да не опишувам сега што и како долго би било и офтопик. Ова дејство се добива заради потентното анти-инфламаторно дејство на растенијата, кое не може да се најде кај ниту една храна од животинско потекло, таа храна промовира оксадативен стрес, и инфламација - кои се број 1 причинител за сите болести горе доле....

Пробај на 1 недела, ништо не губиш - ете риба јади колку сакаш.....
 
Последно уредено:
Z

zmej gorjanin

Гостин
Што да проба? Да живее на овошје, грав, леќа, бадеми, ораси и лешници. Ако ова му успее без да гладува, да се осеќа тотално без енергија и нормално да извршува тешки ментални и физички задачи, свака част, ја заебал мајка природа и се претворил у надчовек, следна фаза ќе му биде да се храни со космичка енергија. Еј глупи праисториски луѓе, кој кур им требало да идат на лов кога можеле да си наберат плодови и да си посадат компир или уште боље да почнат трева да пасат, тие нит бегаат, нит касаат. Затоа сите од дијабет умреле, пошто јаделе месо и јајца. Единствената вистина во вегетаријанскиот начин на исхрана е етичкиот аспект.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Битен момент во приказнава е, што ти дава месото, јајцата и млекото и млечните производи што го нема во исхрана без истото, и дали рибата и нешто сл. би била комплетна замена за истото.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Битен момент во приказнава е, што ти дава месото, јајцата и млекото и млечните производи што го нема во исхрана без истото, и дали рибата и нешто сл. би била комплетна замена за истото.
Д3, ако јадеш сардина ова е единствениот суплемент кој ти треба, се друго се спинови на индустријата за да ве плашат со фекалии од каде ова од каде она, 1 до 2 недели тест после дискусија мислам дека е фер. Ако не јадеш сардина омега 3 од алги и активен б комплекс[DOUBLEPOST=1509611977][/DOUBLEPOST]
Што да проба? Да живее на овошје, грав, леќа, бадеми, ораси и лешници. Ако ова му успее без да гладува, да се осеќа тотално без енергија и нормално да извршува тешки ментални и физички задачи, свака част, ја заебал мајка природа и се претворил у надчовек, следна фаза ќе му биде да се храни со космичка енергија. Еј глупи праисториски луѓе, кој кур им требало да идат на лов кога можеле да си наберат плодови и да си посадат компир или уште боље да почнат трева да пасат, тие нит бегаат, нит касаат. Затоа сите од дијабет умреле, пошто јаделе месо и јајца. Единствената вистина во вегетаријанскиот начин на исхрана е етичкиот аспект.
https://youtu.be/vg9s-oonLhU

5:15
 
Последно уредено:
Z

zmej gorjanin

Гостин
Пријателе, немаш само ти пробано вегански начин на исхрана, имам периоди каде сум јадел само печурки, овошје, ориз, грав, леќа без леб. Неодржливо и неиздржливо е на долг рок. Заради тоа и се префрлив на вегетаријански начин (со плус млечни производи и леб за да ме држи сит, минус јајца) и стигнав до 110 кила.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Izdrzlivo e ne si jadel dovolno...i ne si supplementiral najverojatno

Bez 700 ~ kalorii od fat na den nisto ne prais
 
B

Bafra

Гостин
Пријателе, немаш само ти пробано вегански начин на исхрана, имам периоди каде сум јадел само печурки, овошје, ориз, грав, леќа без леб. Неодржливо и неиздржливо е на долг рок. Заради тоа и се префрлив на вегетаријански начин (со плус млечни производи и леб за да ме држи сит, минус јајца) и стигнав до 110 кила.
Зависи како ги поминуваш деновите. Ако си физички активен, нормално ќе ти бара организмот месо и масти за регенерација. НО и тоа треба да биде умерено. А повеќето сме физички неактивни, плус конзумираме шеќер,брашно и обична сол и ете ти токсичен организам. Месото треба да биде застапено 20% во исхраната.
Млеко и млечни производи од продавница скоро и да немаат позитивен ефект за здравјето, а зашто па си прекинал јајца само ти си знаеш :D

А врска линкот за космичка енергија т.е. ден јадат ден не јадат, ако не си пробал неможе да се исмеваш, испаѓаш ти глупиот :backa:
Секое постење е од најголема корист за здравјето, ако правилно и во право време се применува :D (не зборам за верските иако и тие се ефикасни)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Интересно како пред неколку поста рече личните ставови се небитни а сега даваш видео од некоја рандом јутуберка.
Tука не се збори за што е здраво а што не, него како луѓето се осеќаат. Има огромна разлика.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Зависи како ги поминуваш деновите. Ако си физички активен, нормално ќе ти бара организмот месо и масти за регенерација. НО и тоа треба да биде умерено. А повеќето сме физички неактивни, плус конзумираме шеќер,брашно и обична сол и ете ти токсичен организам. Месото треба да биде застапено 20% во исхраната.
Млеко и млечни производи од продавница скоро и да немаат позитивен ефект за здравјето, а зашто па си прекинал јајца само ти си знаеш :D

А врска линкот за космичка енергија т.е. ден јадат ден не јадат, ако не си пробал неможе да се исмеваш, испаѓаш ти глупиот :backa:
Секое постење е од најголема корист за здравјето, ако правилно и во право време се применува :D (не зборам за верските иако и тие се ефикасни)
Ја се осеќам супер. Месото ми е 99% од исхраната, еве за појадок имав домашно пушени колбаси со 5 јајца, сеа ќе јадам динстана свинска кртина плешка (околу 500 грама) со кромид и печурки, без леб. Утре сабајле ќе ијам хељдин леб со путер и сланина. За месеципол отидоа од десет до петнаесет кила. Пред да сменам режим на исхрана јадев рецимо (омилено ми беше) домашна вегетаријанска пица со брашно тип 500, полубело брашно, или пица лепчиња да речеме. Како се осеќав? Подуен, мевот ко тапан ми беше од тоа брашното/квасецот, имав проблем со гасови, што е знак на целијалклија или интолеранција на глутен. Сега такво нешто немам, немам болки во табанiтe од прекумерена килажа, до 7 ми се качувам со трчање пред тоа паузи праев на пола пут и се задишував (немав пуштен лифт во нова зграда :) ), подобар фокус/концентрација при работа, боље либидо итн. Шеќери не јадам, кога мислам на шеќери мислам на никакви шеќери вклучувајќи овошје,бел леб, пченка итн. Млечни производи исто не јадам.
 
Последно уредено од модератор:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.721
Секое постење е од најголема корист за здравјето, ако правилно и во право време се применува :D (не зборам за верските иако и тие се ефикасни)
Освен ако не си underweight.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.705
Поени од реакции
5.937
Aj edno malce mozda glupo prasajne, dali ajvar e losh za Keto dieta (dali bi te izvel od Keto) ? Pram muabet za domashen ajvar za koj ne mu ja znam nutritivnata vrednost.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Aj edno malce mozda glupo prasajne, dali ajvar e losh za Keto dieta (dali bi te izvel od Keto) ? Pram muabet za domashen ajvar za koj ne mu ja znam nutritivnata vrednost.
Само ајвар ќе јадеш?
Секое постење е од најголема корист за здравјето, ако правилно и во право време се применува
https://www.youtube.com/watch?v=Q7AvgBgI8f4
 
Последно уредено:

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
@Psyside Само не ја прај грешката дека тоа шо не функционирало за тебе се одразува на другите.
Пример ја боље у живот не сум се осеќал од IF + keto. Буквално со стомаков неам никаква мака, прдам еднаш у недела (шо коа јадам карбс ко леб, компир, грав енд шит ми се дешава страшен хаос у стомак), не сум летаргичен у текот на денот и не ми се приспива после оброци ко ментален, средено ми е спиењето шо цел живот ми било проблем, итн итн да не набројувам.
Он-оф сум бил неколку пати на кето по некој месец, ама летово коа се вратив од одмор (кај шо бинџав срања шо ми душа сака) сфатив едноставно дека не ми се исплати. Задоволството од храна (а невиден гурман сум + хаге, тоа е лоша комба) едноставно не ми се исплати за маката шо ми ја праи. Кето + ИФ ме средува комплетно. Некад заборавам да јадам онака, не мислам на храна не стрепам ко наркоман за храна, раат сум едноставно и сфатив дека едноставно тоа ќе ми е животот од сеа, нема шо да мењам.
Исхраната ми се состои од: сите видови месо/риба + јајца + урда + свинска маст/путер/маслиново/сончогледово/кокосово + секој можен зеленчук со акцент на зелени срања + сите јаткасти плодови. Глеам само да сум околу 100 грама протеин у ден и другото од око, околу 2000 калории (шо за мене е спор булк уствари). И се суплементирам само со мултивитамини и минерали и креатин. Сеа после 3 месеци скоро на кето (да не речам ама 100% се држам пошо коа ќе ти се свичне од темпорари диета у глава до -ова ќе го праам цел живот, едноставно све е друго) перформансот ми е вратен на исти левел ко порано на карбс што се тиче тежински тренинзи.
Коа почнав да се средуем, негде пред 5 години (ефективни 4 поради скршена клучна шо ме извади од шини) почнав со 80кг и сум можел 5 склека макс да напраам дали, пулап ми било сајнс фикшн. Сеа сум 62кг (170цм висок), околу 18% масти, пулап 3x10 со +10кг на мене, DL 5x100, бенч не сум се проверил одамна али у моментов си ја дигам килажата 10 пути сигурно, squat 5x90 итн итн.. поентава ми е дека телово приметуем дека више у трети месец ми е тотално ефикасно при горење масти као гориво. Као знам? Знам зашо коа вежбам јаден и коа вежбам а неам јадено 20 саати иам скоро ист перформанс.


Него друго ми беше муабетов... Сакам приликава дај а искористам да се обратам до секој шо си има мака да се напраи машина:

НЕКА НЕ ВЕ ЛАЖАТ ДЕКА Е ТЕШКО. МОЧКИ ЖИВИ. Фитнес ликови по фејсбуци и форуми 2 реда молив шо немаат а дрват курови со WORK HARD, #DEDICATION и солат памет као се станува успешен лол... БЛАГЕ, ВЕЗЕ, НЕМА. Боље нешо од вежбање не постои, нема ништо ТЕШКО. Идам у теретана да си пројдам најјако. Боље од искачање ми е. Да се храниш саглам треба знаење да имаш за као све функционира (тоа е тешкото, пошо интернетов е фејк њуз цел) и да експериментираш еден период да вииш шо ти лежи на телото и тоа е тоа после само фураш. Ако незнаеш да си готвиш тоаш си имбецил неспособен и најмал проблем ти е шо немаш тело. Ако знаеш, шо треа да праиш? Да вежбаш, као.. 3-4 пути неделно по 1 саат макс ако си натурал? Да јадеш (и онака јадеш сеа само јадеш паметно)? Да спиеш? И глеај само као се мењаш дур проаѓа време.
Може некој тешкиот дел да ми го каже тука, пошо не го глеам стваро?
Седни пржи го мозокот 7 саати у ден со литература шо пробуеш да ја совладаш првпат у живот па ќе вииш шо е тешко. Иди работи 12 саати у ден, дал физичка дал интелектуална работа па раскажувај ми за "work hard" и остали чизи квоутови за успех извадени од тајната.
Мислам, преку кур. Шлајмови неписмени. Напраил тело и мисли господ за муда го фатил, се шета низ маало соли памет. Да не праам муабет шо пола од ваквиве ликови оставаат по 400-500 евра месечно на храна и суплементи, ко демек шифуњер ако се направам, готово.. успеав у животов, тоа шо за пасош ко ќе вадам се потпишуем со прст и мастило друг муабет. Можам 3 страни гомна да јадам ама не ми е тоа поентава. Поентава ми е: ПОЧНЕТЕ И ИМАЈТЕ РЕАЛНИ ОЧЕКУВАЊА. Ова ја шо сум го напраил за 4 години реално се праи за 2 години ако се замараш 100% све фул ко шо треба. Ама мене пошо КУР МЕ БОЛИ и ИАМ ЖИВОТ ми требале 4. И шо дека? Се брза некој негде? Хитно е телово? Утре мора да го имаш? Плус искрено естетиката е НАЈ НЕБИТНИОТ бенефит од стилов на живот. Сакаш на 25-30-35 да се осеќаш ко некастриран бик. Ко бафало америчко. Ко да моеш на комшијата колата од паркинг да му ја преместиш на руки. Така сакаш да се осеќаш а не ко баба. Плус ендорфинчиња си хихтат после тренинг, срањево вади од депресија, ви кажуем. Особено у зима... Да не набрајам сеа пола саат, поентава ми е, вреди срањево и тоа вреди најмалце за телото на крај шо ќе излезе ко производ, вреди за све останато, самиот процес е јак. Нека не ве лажат клошари шо немаат живот осим теретана дека е ТЕШКО. ДЕКА ЛЕЛЕ, СЕ ПОТЕЛЕ ОНИ, МОРА ДА СЕ ПОТИШ АКО САКАШ ДА УСПЕЕШ...
Ма дај молимте...
Дечки, вежбајте, јадете здраво и ладете ги курите
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom