Psyside
Nocturnal
- Член од
- 30 јануари 2009
- Мислења
- 18.738
- Поени од реакции
- 18.484
Јас не препорачувам веган диета за цел живот, него како тест период од неколку недели за дијагноза и решавање на хронични проблеми. Лично сум ги пробал несакајќи и сакајќи сите диети горе доле. Сум бил на low carb - high protein/fat цел месец, или хронова како сакаш кажете ја, сум бил на разноварсна - такозвано од се по малце, сум бил на вегeтеријанска, сум бил на веганска, значи за да се уверувам кое што нуди сум тестирал лично и сознанијата сум ги офромил од дупло слепи рандомизирани студии, не од зборoви на разноразни идиоти кои имаат умрено од срцев удар додека биле на својата "фантастична диета" значи личните ставови ми се небитни, доказите на науката се она со што треба да се раководиме - на претходната страна има постирано 5 студии во кои колку повеќе шеќер - овошје -фруктоза, толку помала шанса за било какво заболување.Не разбирам што ви е целта на муабетов, која диета е најздрава или најефективна?
Најефективна: диета која нема да ви биде преголемо замарање и прилагодлива на начинот на живот, се што е екстремно ќе го исфрлите за кратко време, ако научите што треба да јадете и колку да јадете нема да имате мака за цел живот, особено ако е комбинација со спорт.
Најздрава: е тоа е тема каде што се кршат многу копја, излегува дека се во право и едните и другите, сите прават научни истражувања и сите постираат резултати по кои излегува дека се во право
Mислам дека баланс е одговор на ова прашање, исфрлете процесирана храна, прженици, брза храна, алкохол, сите сокови (газирани/негазирани), дневниот внес нека ви биде баланс од јаткасто овошје, зеленчук, риба, месо и овошје (особено малини, капини, аронија, вишни, тиква, портокали, грејпфрут..) и нема да имате проблем со килограмите, а воедно и со енергија и имунитет.
Јас лично не би можел да бидам веган, барем не можам да се замислам, можеби може и како вегетаријанец да се внеси се (со помош на суплементација, особено делот на омега 3), али не би се замарал со таква работа, особено додека вежбам по теретани и боречки вештини.
Моја препорака за тие што слабеете, брза лента intermittent fasting+keto, малку побавна само кето или само intermittent fasting, а фастингот ви е топ и за цел живот, станува навика после 2-3 недели, јас го практикувам 16/8, практично е и нема ни да осетите дека сте на диета, имате лимитиран период во кој се внесува храната, па и да сакате тешко дека ќе надминете калориски внес ако јадете „чиста храна“.
@Psyside и кравата е веган, ама е 500кг
Кога бев на било која диета сем на веганската, имав болки во стомак, киселини, подуен стомак, проблеми со циркулација, артитис, проблеми со кожа, проблеми со многу други работи што не би ги набројувал...
Имам над 20-на луѓе со кои што комуницирам совети - диети, суплементи и што не. До сега се нема најдено некој кој немал осетно подобрување на општата состојба, разликата не е мала него се работи за големо подобрување, и решавање на автоимуни болести кои не реагирале на скоро ниедна терапија - да не опишувам сега што и како долго би било и офтопик. Ова дејство се добива заради потентното анти-инфламаторно дејство на растенијата, кое не може да се најде кај ниту една храна од животинско потекло, таа храна промовира оксадативен стрес, и инфламација - кои се број 1 причинител за сите болести горе доле....
Пробај на 1 недела, ништо не губиш - ете риба јади колку сакаш.....
Последно уредено: