Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓето што ги познаваме најчесто ги делиме на интелигентни и неинтелигентни. Во превод кај мене ги делам на луѓе што не идат и идат во тројството Буши Ресорт Спа, Гастро Тренд и Лофт.
 
Денес добив интересна понуда.
Ем мислам дека е најдоброто, ем мислам дека е најлошото нешто што би можело да ми се случи.
Среќа па имам месец дена на располагање јер стварно неам појма шта би са собом да мораше одма да одговорам.
 
ДК,
богами врската е комплицирана работа, ама па бракот изгледа е бетер.
Со соседите не дели ѕидот од мојата соба и кога разговараат буквално сѐ се слуша кај мене.
Сабајлево во 6 сатот водат ваков разговор.
- Мрзо, Дајнерис поради Сноу змеј јавна и замина зад ѕидот, а ти за мене не сакаш кучето да го изнесеш на улица да се посери! - се напна соседката, очигледно спремајќи се да излезе со песот на улица.
- Е така де - со приглушен и сонлив глас промрмори соседот, - Дајнерис САМА се спреми, се качи на змејот и полета! Не квичела од типот „ој Џон, мака ми е, не можам, шест сабајле е, дрн-дрн!“
И само се слушна трескање на вратата, како трескање на капак од мртоечки сандак од внатре.
- Дајнерис..., - злобно си зборува соседката, стоејќи во ходникот, - Дајнерис к*р шо ќе летнеше да те собира мортус пијан од на риби!
 
Драга Кајгана,
Мислам дека редно време е и јас еднаш во животот да се посветам себе си и да си приуштам масажи, вулкански камења, спа и останати убавини. Ќе ти кажам импресии:)
 
Драга, ај шо сонував како ме брка лав, па го фатиле семафори и сум му избегала за влакно, па тој се разочарал и ми прозборел... сонував. Ај шо го сонував Хитлер како ми дошол у маало, како ме казнувал пошто не сум прикачила лабораториски вежби на време и не сум била одговорен студент, го сонував... Ама овоа што го сонував Груевски како владеел во Италија во 1790 година, а ја сум му пишала на транспарент: Го бутнавме режимот у Скопје, ќе го битнеме и у Италија... Е тоа стварно не ми е јасно. :ROFLMAO:
Ај бе, чао. :D
 
ДК

Веќе 5 дена сум без денар во џебот,сега сваќам колку животот е тежок за тие што стварно немаат,далеку е 10ти,далеку е платата) буквално го допрев дното,секако јас сум крив за тоа..земав од моите пари за кирика и ми пратија плус нешто за мене,и јас ајде малце ми се тие ке се дуплирам.Играв 2 тикети со по 3 коеф за 1000 и лагано си паднав,ми останаа 4000(ке ги ризикувам парите за кирија ама со овие 4000 ке направам 8к...аха важи)
Идам после работа у казино,седнувам на слот апаратите ПРОКЛЕТИ ДА СЕ ставам 1000,не ни трепнав снемав..се изнервирав ги ставив сите преостанати 3к и пукнав.Имам минимум 3ца од кои можам да позајмам пари во секој момент,ама не сакам.Сакам да осетам како е да си без пари,мислам дека си ја научив лекцијата за коцкањето.Повеќе не стапнувам во кладилница/казино,часна партиска реч!
 
После мало набљудување, уствари се уште е кул кога се следи логиката на овците а не својата.
Затоа ако некој забегува од "формуската социјална норма" идеш и се подсмејаваш на него со евтин цинизам.

:blablab:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom