[DOUBLEPOST=1509276953][/DOUBLEPOST]ПРЕД ПРИЛЕПСКИОТ СУД
На стражари им побегна затвореник
7 јули 2008 - 18:37
Од пред зградата на Основниот суд во Прилеп, вчера побегнал осуденик . Додека полицајци го спроведувале од комбито, кое било паркирано пред судската зграда, осуденикот Бобан Ристески (29) успеал да побегне. Ристески кој носел лисици на рацете додека бил спроведуван од стражарите се отргнал и почнал да бега кон паркот. Полицајците го предупредиле Ристески да застане, а пукале и во воздух. И покрај тоа осуденикот успеал да побегне. Очевидци велат дека затвореник кој имал лисици на рацете уапсел да им побегне на двајца полицајци кои го воделе од затворското комби. Затвореникот им се отргнал, трчајќи се упатил кон градскиот парк од каде му се губила трагата.
Ристески се сомничи за насилство што се случило во 2001 година што се случило во кафеаната Хациенда, во селото Мало Коњари. Тој во отсуство бил осуден на една година затвор.
Судијата од Основниот суд во Прилеп, Кире Мирчески изјави дека обвинетиот Бобан Ристевски, бил присутен во судот по повод барање за повторување на постапката. Ристески бил спроведен од службени лица од Затворот Идризово до прилепскиот суд. Кога требало од комбито да го внесат во судот, изјави Мирчески, Ристевски ги оттурнал и побегал во непознат правец.[DOUBLEPOST=1509277509][/DOUBLEPOST]ГРЧКА ПОЛИЦИЈА
Фатен Македонецот кој ги празнеше банките во Грција
19 април 2013 - 18:04
Македонскиот државјанин кој им создаваше главоболка на грчките полицајци, пљачкајќи ги банките ширум државата деновиве бил идентификуван и уапсен, објави телевизијата Канал5. Според информациите на грчката полиција за македонскиот "Робин Худ стои триесет и четиригодишниот Бобан Ристевски. Тој бил откриен во стан во населба во Атина, а при претресот на неговиот дом биле најдени пари, дрога, перики и пластични пиштоли со кои биле извршувани грабежите, куршуми, голем број на мобилни телефони, панцир и фалсификувана лична карта и возачка дозвола.
Според соопштението на грчката полиција Ристевски од мај минатата година заклучно со минатиот месец ограбил или учествувал во грабежи на 21 банка во различни делови на Грција и одзел над 250 илјади евра. Во овој период се сомничи дека бил дел од тимот на познатиот грчки криминалец, Панјотис Власотс, и се наоѓа во досието со над 200 рекетари во Грција. Грчката полиција е убедена дека Ристевски учествувал и во киднапирањето на познатиот грчки бродосопственик Периклис Панагопулос во 2009 година.
- Тој се бараше со три потерници поради пресуди од третостепениот кривичен суд во Атина, со кои е осуден на затворски казни од 15 години, 18 месеци и на парична казна. Тој бил обвинет за поседување на рачно изработена експлозивна бомба, за учество во криминална организација поврзана со случајот со киднапирањето на бродосопственик.
трговија со луѓе, изнуди и грабежи, како и за формирање криминална организација - изјавил Христос Партенис, портпарол на грчката полиција[DOUBLEPOST=1509277866][/DOUBLEPOST]
[DOUBLEPOST=1509277934][/DOUBLEPOST]
Македонскиот Робин Худ уапсен во Грција
Во рацете на грчката полиција се наоѓа македонскиот државјанин кој ги празнеше касите на грчките банки. Но, не само за грабежи, обвинет е и за учество во киднапирањето на познат бродосопственик во Атина во јануари 2009-та.
Според информациите до кои дојде Канал 5, станува збор за 34-годишниот Бобан Ристевски, бил дел од тимот на познатиот грчки криминалец, Панјотис Власотс, и се наоѓа во досието со над 200 рекетари во Грција. Според соопштението на грчката полиција од мај 2012 до март 2013-та ограбил или учествувал во грабежи на 21 банка во различни делови на Грција и одзел над 250 илјади евра, во истиот период соработувал со познат грчки криминалец, а се товари и за учество во едно од најголемите киднапирања во Грција, на бродосопственикот Периклис Панагопулос, пред 4 години.
- 34 годишниот се бараше за: пресуда од Третостепениот кривичен суд во Атина, со која е обвинет на казна затвор од 15 години и 18 месеци и парична казна, за поседување на рачно изработена експлозивна бомба и за учество во криминална организација, поврзана со случајот со киднапирањето на бродосопственик.
И за трите потерници за учество во криминална организација, трговија со луѓе и изнуди, за грабежи, како и за формирање криминална организација – изјави Христос Партенис, портпарол на грчката полиција.
Тејзер (пиштол за електрошокови), панцир, пластични пиштоли, куршуми, голем број мобилни телефони, 3 перики, фалсификувана лична карта и возачка дозвола, хероин и –пари – биле пронајдени во домот на Ристески во една атинска населба каде што го уапсија. 34 годишниот беше одведен пред јавен обвинител, а наскоро ќе треба да одговара пред истражен судија.