Outlander

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Outlander е британско-американска ТВ серија, која црпи инспирација од истоимените новели на Дајана Габалдон. Се работи за склоп од научно-фантастична љубовна драма, чие дејствие се одвива во 1945 (сегашност) и 1743год.
По завршувањето на војната, Клер Рандал, медицинска сестра, одлучува со својот маж да одат на меден месец во Шкотска, во родниот крај од каде потекнува Френк. По еден сплет на околности, додека Клер се наоѓа во близина на камењата Craigh na Dun, се случува стара магија која ќе ја одведе назад во времето, и ќе се најде помеѓу судирот на англиската армија и шкотските востаници. Додека сеуште не знае каде се наоѓа, нападната е од страна на капетанот "Black Jack", предок на нејзиниот маж Френк. Од неговите садистички намери, спасена е од младиот бунтовник Џејми Фрејзер кој ја носи помеѓу шкотските востаници. За да си го спаси животот, приморана е да се омажи за младиот шкот, со кој ќе започне страствена врска. Емоциите ќе почнат да доаѓаат и набрзо ќе се најде растргната помеѓу два различни света и два различни мажи.

Серијата изобилува со прекрасни пејзажи од шкотската природа, надополнети со прекрасни кадри и шкотски акцент. Има и доста 18+ кадри, хехе :love:. Иако е ставен акцент на љубовта и емоциите на една жена, што ја прави идеална серија за понежниот пол, истата прави паралела на животот помеѓу 18тиот и 20тиот век во Британија.Притоа нудејќи доста историски детали за животот во 1700тите и желбата на шкотскиот народ за своја независност, нивното востание и пркосењето на моќната британска гарда.

Можеби не е толку популарна како некои серии, но еве веќе трета сезона по ред како ја држи својата верна публика пред екраните, пред се со квалитет и уникатност, типична за британски серии. Би ја препорачал на секому кој ужива во британските серии, кој обожава авантура и научна фантастика, а посебно на женскиот пол кој верувам дека одма ќе потоне во бајката. :D

Знам дека на форумов има ептен малце членови што ја пратат, затоа и досега немало тема. Ете ова нека биде еден скромен почеток на дискусија, која верувам дека ќе поттикне и други да потрошат дел од своето време и да ѕирнат барем една епизода. Па може и ќе им се допадне :)
 
Последно уредено:
Z

zmej gorjanin

Гостин
Outlander

Изненадувачки е колку малку луѓе знаат за серијава. Вистински скапоцен камен, кој како таков финален производ сигурно си влече голем буџет. Да беше попопуларна, од прво гледање, ќе си помислев дека е во продукција на HBO, со таа разлика што тука недостасуваат дијалозите на HBO сериите кај кои ефектот секогаш бил - станувале напорни за гледање со тек на време, и тоа не во квантитативен туку во квалитативен смисол. Не дека фалат дијалози, напротив, и серијава е slow burner, само некако имаш чувство ко да читаш роман, се е некако спонтано и се отплеткува полека. Нарацијата е совршена, тоа е тој дел кој серијата најмногу ја прави да личи на книга. Исто така снимана е според книги, и од многу фанови кои првин ги прочитале книгите се тврди дека можеби ова е првата екранизација која е подобра од книгите. Инаку е sf - историска драма - романса, така да кај женскиот дел од гледачката популација, кај повеќето, би требало да биде hit and run. :) Највеќе од се е историска драма а темата е Шкотска во средина на 18 ти век под окупација на британската империја и Кралот. Ова е најдобриот дел, импресиониран сум од сите оние ситни детали, ко костимографијата, шкотскиот акцент од тој период (имав проблеми да ги разберам во доста ситуации, па враќав назад пошто не гледам со превод), the Gaelic language кој актерите го зборат совршено пошто сите се Шкоти, а го има поприлично во серијава. Потоа пејсажите, планините, изворите, шумите, малите планински селца, само тоа да го гледаш ќе бидеш презадоволен, Шкотска е преубава земја. До сега не можам да и најдам мана на серијава, а стигнат сум до 7 ма епизода (а има 16 во прва сезона) и си ја терам полека, заради тоа и пишувам предвремена рецензија. Секоја епизода трае по саат време отприлика, така да на тоа кога ќе ги додадеш и совршената глума, камерата, кинематографијата, боите и живописноста кои се доловени а све изгледа толку природно ко да нема ни c од cgi, заради тоа вреди да ја симнете во што поквалитетен формат. Има битки во серијата и ликовите се здобиваат со прилично гадни рани, расекотини за кои си добивате фул вју и нема да бидете поштедени од тоа, нешто ко Saving the private Ryan при искрцувањето на Нормандија. Не е тип на серија која ќе ве држи заковани и напнати секоја епизода, ама е доста квалитетна, барем до сега, и од мене за до сега изгледаново и давам 9.

Skye Boat Song (Title Theme to Outlander + Lyrics)
Моја рецензија од пред две години. Уште ме чуди како серијава не го добива потребното внимание на форумов, а е стварно квалитетна серија, особено од женските членови кои би требало да станат дајхард фанови со оглед на тематиката која ја обработува.

Врх саундтрак

https://www.youtube.com/watch?v=ePvO4DMWMD8
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.707
Поени од реакции
33.931
...особено од женските членови кои би требало да станат дајхард фанови со оглед на тематиката која ја обработува.
Потврдувам дека потенцијалот за ова е голем. Присуствував на манијакалeн binge маратон од гледање на сите сезони на екс. Сега со нетрпение се чека да заврши актуелната сезона, за сите епизоди да се изгледаат наеднаш.

Потврдувам и дека „женскаст “ е соодветен атрибут за серијата. Не сум пребарувал, ама авторот на сценариото мора да е жена, и серијата дефинитивно за целна публика ја има женската популација. Силом прилике гледав неколку сцени и кратки секвенци, од кои една...
... беше добар пример за посебноста на женското размислување и светоглед.

Имено, дечкото на главната хероина (инаку стрејт и кршен горјанин, бунтовник и Шкот), е покажан во експлицитна сцена каде во затвор(!) има консензуален и страствен геј секс со главниот негативец (енглескиот командир). Наводно во делириум (од мачење во затворот), дечково додека Енглезот го рендаше отпозади(!), замислуваше дека има секс со главната хероина. :confused:
Не знам како функционира женската психа, ама наводно „тоа не било чудно“ (така мене ми беше кажано, кога искоментирав). Нема понатаму да продолжам и да ги изнесам претпоставките за тоа што вообичаено правеле во кревет главната хероина и нејзиниот дечко, за истиов потоа да може тој секс со хероината да го поистовети со сексот со командирот во затворот...

Нејсе, чисто сакав да ве предупредам. :coffee:
 
Да, жена е автор. И плус писателка е, така да у серијава нема да видиш нелогичности и глупи дијалози ко во ГОТ да речеме.

Тоа е една од најбизарните сцени што сум ги гледал, буквално после тоа чудно се осеќав, ко да ми се превртеле црева у стомак или сум повраќал.

После westworld, која е ненадминлива (барем за мене), ова е најдоброто нешто у моментов.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.146
Поени од реакции
16.080
Додека сеуште не знае каде се наоѓа, нападната е од страна на капетанот "Black Jack", предок на нејзиниот маж Френк. Од неговите садистички намери, спасена е од младиот бунтовник Џејми Фрејзер кој ја носи помеѓу шкотските востаници.
Фала ти за темава. :D
Али ова мислам дека не беше така. Од Рандал ја спаси МекДугал (вујко му) или некој од тие шкотите. Можно е да беше и Мурта, не се сеќавам баш, но не беше Џејми, пошто со него првпат се среќава во таа шупата кајшто ќе ја однесат шкотиве, а нему му беше изместено нешто рамото, па нели она му го намести.

Првите неколку епизоди се фокусирани на Клер, Џејми не е ни ко главен лик.
Откако ќе се земат со него, и тој полека почнува да го добива тој примат, дознаваме и тој од каква фамилија потекнува, какви врски има со другите, кој е и слично.
И не е он ултра не знам ти каков мачо, напротив, многу е различен од останатите машки ликови во серијава.

За сцената, буквално најбруталното нешто што го иам гледано на тв (а ја иам гледано Спартакус, која беше физички брутална секоја епизода), ќе ве замолам ако не сте ја гледале серијата дотогаш, да не коментирате.
Значи, Клер и Џејми имаат многу јака физичка врска, тоа е баш супер прикажано во серијава. Тортурата и бруталноста што ја претрпе Џејми од тој психото (а си имаат и голема историја со него) му беше ту мач, тоа замислувањето дека е жена му, му беше единствено олеснително нешто за да не е во постојана агонија и болка. Да, баш затоа е толку зезната сцена, го уништи комплетно, го понижи, го промени од корен.
Јас искрено не јадев ништо цел ден после сценава.

Трета сезона моментално иде, али јас сакам да ја почекам да излезе зошто не можам да ја чекам недела по недела, дотолку ми е врежана што немам никакво трпение. Не знам како ќе ја дочекам четврта сезона за година дена. :(
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.707
Поени од реакции
33.931
Dude, it's called pegging. Hetero folks do it all the time. It's supposedly more popular fetish than feet worship.
Хехе... Не баш, повеќе би рекол дека е нешто што се наметнува како „нова мода“ по меинстрим западнава култура (филмови/серии). Во случајов е употребено како шокер момент за ја шокираат рајата да зборува за серијата, публицитет и то...

Нејсе. Јасно е сето тоа тоа, туку мене тука пред се ми е интересен женскиот светоглед (да не заборавиме, серијава е од жена за жени). Врв е „логиката“: „Тортурата и бруталноста му беше ту мач, тоа замислувањето дека е жена му, му беше единствено олеснително нешто за да не е во постојана агонија и болка.;)
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
@zmej gorjanin , опасно добра рецензија. Не знам како не привлекла повеќе луѓе да почнат да ја пратат серијава. А и за музиката. Стварно е врх. Поготово најавната шпица, како и остатокот што се вметнува во епизодите.
@MAJA 345 , да, Дугал беше. Ама уште од сам старт се знаеше кон што цели серијава и каква ќе биде врската помеѓу Клер и Џејми. И мислам дека истата уште од старт не се потпираше само на страст. Иако нели, треба време за да се развијат емоции. Највеќе мислам дека кај него ја привлече храброста и решителноста да се справи со сите сакани и несакани ситуации. Беше единствениот што можеше да и пркоси на нејзиниот доминантен карактер, од друга страна Франк никогаш не можеше да и парира.
Сепак нели серијава е пишувана од жена за жени, па така главната хероина ја прати таа независност и самосталност од машкиот свет. Нешто што жените го немале во 40тите и 50тите, а уште помалку пред 200 години. Она успева да го наметне својот став дури и таму во тој свет.
Мене ме привлече она што иако е наменета за жени, серијата воопшто не е феминистична и не се прикажани карактерите во екстреми. Него сите имаат некоја реалистична жичка, каде што ниеден не е безгрешен. Тоа иде до израз во третава сезона, т.е во 6те епизоди кои се излезени веќе. Ама нема да пишувам за нив, да не давам некој спојлер, пошто гледам никој ја немате гледано.

@Шкорпион , Ова што го пиша не значи дека им се допаѓа на сите мажи и дека истите го применуваат. Впрочем, ако има некоја статистика, сигурен сум дека ќе излезе дека оние кои уживаат во тоа се ептен мал процент. Не знам дали колку ја пратиш серијава, но ако си ја изгледал сцената напишана во спојлерите, можеш да ни дадеш мал увид во истата. На кој начин си ја доживеал ти? За нас другиве е веќе јасно дека беше ептен шокирачка, и за мене би рекол дека е побрутална од се што сум гледал до сега на тв. (Спартакус може вода да и носи за бруталност).
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
За трета сезона

Некако ко малце да имаше избрзување, да се пројдат тие 20 години во 5 епизоди, и Френк да умре за да продужи приказната измеѓу Џејми и Клер. Али ништо страшно. Може не е ни до тоа дека брзо ги пројдоа, пошто и ништо битно не се деси, највеќе е можда ради тоа што кога Френк реши да се жени го утепаа чоекот пошто не им требаше у приказната, а едноставно можеа само да го тргнат од животот на Клер, али јбг мора до крај да биде трагично. Не знам дали е така во книгите.

Откога Џек Рендал е мртов и Френк е мртов, битката кај Колодн и востанијава на Шкотите се завршени, баш ме интересира кој ќе биде заплетот понатака, книгите ги немам читано. На крајот од 6 тава ваљда е новиот заплет.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.146
Поени од реакции
16.080
Нејсе. Јасно е сето тоа тоа, туку мене тука пред се ми е интересен женскиот светоглед (да не заборавиме, серијава е од жена за жени). Врв е „логиката“: „Тортурата и бруталноста му беше ту мач, тоа замислувањето дека е жена му, му беше единствено олеснително нешто за да не е во постојана агонија и болка.;)
Не биди другпат педер и цитирај ме.
Ја имаш воопшто гледано серијата?
Логиката беше дадена во серијата, од машкиов лик. Тоа уствари се негови зборови. Или на женскиот писател, ау, бау.

@devilko , точно дека малце ја преувеличуваат улогата на Клер со тоа како се снаоѓа во тоа време, иако не е воопшто прашање дека она е доста паметна и снаодлива. Сепак, фантазии се во прашање во поголем дел, мора некако да ја направат поинтересна.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.707
Поени од реакции
33.931
Извини но не сакав да те цитирам, пошто не сакав да наметнам дискусија за самата случка од серијата. Твоето објаснување го земав како општ пример за вашиот женски светоглед, а инаку скоро истото објаснување го добив и кога ја видов сцената (летово, или лани). :)
@MAJA 345
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
За трета сезона

Некако ко малце да имаше избрзување, да се пројдат тие 20 години во 5 епизоди, и Френк да умре за да продужи приказната измеѓу Џејми и Клер. Али ништо страшно. Може не е ни до тоа дека брзо ги пројдоа, пошто и ништо битно не се деси, највеќе е можда ради тоа што кога Френк реши да се жени го утепаа чоекот пошто не им требаше у приказната, а едноставно можеа само да го тргнат од животот на Клер, али јбг мора до крај да биде трагично. Не знам дали е така во книгите.

Откога Џек Рендал е мртов и Френк е мртов, битката кај Колодн и востанијава на Шкотите се завршени, баш ме интересира кој ќе биде заплетот понатака, книгите ги немам читано. На крајот од 6 тава ваљда е новиот заплет.
Трета сезона
Филер беа овие епизоди. И ако он не умреше, ќе беше големо разочарување од новата сезона. Овака некако успеаа да ја дигнат публиката на нозе со шок факторот. Ама се мислам дека го утепаа за истото да влијае на Клер и нејзините одлуки што ги носи. После неговата смрт она се зближи со ќерка и. А и малава беше клучна, успеа да ја убеди да оди да се види со Џејми. Некако да, го забрзаа тој дел од 20 години. Поготово што некои работи ги кажаа само на почеток на епизодата, во оној дел каде што одат инсерти од постарите епизоди. Мене ми се деси некој gap измеѓу, како да сум испуштил некоја еп. 3 пати проверував која ми е последна гледана. И на Џејми приказната е интересна, посебно за детето, малиот Вили. Се се мислам дека во таа насока ќе се развива дејствието понатаму. А за заплетот, ќе видиме во 7ма што ќе се издешава и кој е ликот што ја нападна Клер. :D

@MAJA 345 Па тоа е заради фактот што е пишувано од жена за жени. Мора главната хероина да биде независна како материјално, така и одлуките што ги носи да влијаат на посилниот пол. Мене ми се свиѓа тој нејзин силен и решителен карактер да истапи таму каде што претходно никоја жена не истапила. Сето тоа било чудно во 50тите и 60тите, додека денес е нормално и гледаме како се повеќе и повеќе се жените застапени во општеството и ја имаат комплетната рамноправност со маживе. Нешто што порано не било така. Клер е пред своето време и знае карактерно да доминира.
 
https://www.thesouthafrican.com/outlander-cast-members-share-updates-on-filming-in-sunny-sa-photos/
Оваа сезона е снимана според третата книга на писателката и се вика Voyager. Дејството наводно ќе се префрли во Јамајка (таму ќе се одвива а ќе се снима во Јужна Африка). Имаше една сцена со тој црниот доктор кога испитуваше череп на мртва жена најден во Јамајка за која заклучи дека е бела. Иначе и ја мислам дека Вили ќе биде негативец и ќе има дуели татко - син.
 
Ти зошто ја гледаш ако е за жени? :D
Кај истапила Клер кајшто друга не истапила? Па жената само се снаоѓаше во тоа општество со тоа како знае и умее најдобро. Најверојатно жените тогаш не биле ама баш безгласна буква, иако без право на глас. :D Околностите и се само многу поклопени, дека е сепак приказна. Со сите глупости што се случија, реално они би требало да бидат мртви до 5 епизода најмногу.
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
https://www.thesouthafrican.com/outlander-cast-members-share-updates-on-filming-in-sunny-sa-photos/
Оваа сезона е снимана според третата книга на писателката и се вика Voyager. Дејството наводно ќе се префрли во Јамајка (таму ќе се одвива а ќе се снима во Јужна Африка). Имаше една сцена со тој црниот доктор кога испитуваше череп на мртва жена најден во Јамајка за која заклучи дека е бела. Иначе и ја мислам дека Вили ќе биде негативец и ќе има дуели татко - син.
Ако е така како што викаш, а така е, ќе гледаме сосема нов плот, со нови глумци и нови луѓе. Гледам дека оваа е 3 книга, што значи ќе има уште многу. Не сум ги читал книгите, но ако е така, според тајмлаjнов не верувам дека во сите се Џејми и Клер главни ликови. Ако е така, подобро е да ја финишираат серијава за сезона-две максимум и да дадат еден closure.

@Maja345, Па набројав и во претходните постови зошто ја гледам, а и дека сум фасциниран од тоа каков карактер е Клер, посебно што истата не е претставена како совршено битие, него прави и грешки. Почни да ја гледаш новата сезона, ќе видиш за што зборам.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom