Греење со пелети

  • Креатор на темата Креатор на темата bakigvg
  • Време на започнување Време на започнување
Можеш ли поконкретно да објасниш зошто ќе троши повеќе? Затоа што секој со кој зборев ме убедува дека баш треба да земам појака за да трошело помалку.
Појака е и дупло поскапа...ефикасноста е многу малку поголема 2-3%. Имаат режими на работа од мин до макс например мин потрошувачка на пелети кај 21 кв е иста со макс на 8кв...се регулира и ако има потреба се зема поголема зошто чини мнооогу повеќе. Се зависи од површината инаку џабе фрлени пари може и да се 40000+ а ефектот ист.

Моја логика..Не сум стручњак..
Што поголем котел, толку повеќе литри вода во него.....повеќе време за загревање.

Исто како што кажа @StefusRefus разликата во цена е огромна ...
 
Поголем котел обично е и помоќен ама дека има разлика има инаку во прашање се минути 5-6 а од друга страна побавно се лади така да не прави разлика. Не е битно многу тоа...
 
Здраво на сите.... на форумов сум нов и сум стварно изненаден колку добро се држите на темава сите што пишувате... прекопав се живо и диво по македонскиве форуми ништо вака добро не успеав да најдам околу пелетите.
Во план сум да се префлам од дрва на пелети и сум во дилема околу изборот на камин за етажно греење односно за парано кој би стоел во днената (дневна трпезарија и кујна ) која е 30тина квадрати, во предвит ми се следниве камини
1. Алфа плам 21kw или новиот модел од 17kw
2. Стил метал
3. Thermoflux interio 20kw
4. МБС
5. Екошпар
Секое мислење е добредојдено :)
Thermoflux nema da zgresis mislam deka se broj 1 na nasiov pazar.. licno poznavam 5 kuki koi sto imaat thermoflux..
Jas koristam duvalka na Tim sistems m, ne zemav od thermoflux bidejki nemase koga kupuvav im bea potroseni
 
Прочитај за колку квадрати се и земи за колку ти треба овие се за окулу 100-120м2...ако имаш парно супер. Види колку и како ќе грееш може да ти грубо пресметам колку вреќи пелети ти требат...најдобри се букови А1 српски од складиште на големо од бензински макпетрол се поскапи. Инаку рачунај 10% зрачат во просторијата каде е печката 90% оди по вода во цевки.
Ќе греам спрат од куќа од 80м2 односно салон (дневна кујна и трпезарија) 37м2 каде што планирам и да биде поставена печката а има поставено во истата 2 радијатори 1 од 2м и еден од 1,8м, спална соба од 14м2 со радијатор од 1,6м, децка од 12м2 (северница) со радијатор од 2м децка втора 9м2 со радијатор од 1,2м, ходник 4м2 со радијатор од 80цм WC/купатило од 4м2 со регистер од 1,6м и 80л бојлер кој е приклучен на инсталацијата. Годинава поставив стиропор 8цм од 17кг на веќе постоечка обична фасада и сега има дупла фасада а во план ми е да ги изолирам и плафоните со 5цм камена волна со гипс картон од внатрешна страна.
 
Последно уредено:
Ke gream 80m2 od ko

Aко ги грееше сите соби едно окулу 10-12часа дневно во просек 4-5 месеци окулу 100 вреќи +/- 20...
 
Последно уредено:
Aко ги грееше сите соби едно окулу 10-12часа дневно во просек 4 месеци окулу 100 вреќи +/- 20...
Фала на одговите. Ако е така ја ќе бидам пресреќен затоашто до сега без изолација со камин од Пламен 8kw само за салонот трошев по околу 10м3 дрва а со котелот на дрва (кој ми го ували мајсторот од 30kw) додека го користев по околу 17м3 дрва што претворено во парични средства тоа е над 600е по сезона а со пелети да трошам до 3т за сезона ќе сум презадоволен.
 
Од прилика 1тон пелети ти се како 6м3 дрва...така барем пишува. Од прилика го погодив есапот ако си трошел од 10-17м3 дрва сега ќе трошиш од 1,5-3 тона пелети. Барем така е во теорија...
 
Како нов член во групава да прашам дали смее да се промовира тука facebook група на истава тема каде што се надевам дека би се приклучиле повеќе идни и сегашни корисници на пелети за споделување на искуства, проблеми и решенија а нормално и темава да продолжи да се кондицира како и до сега.
 
Секакви информации се добредојдени, единствено бесплатниот маркетинг мислам дека не е добредојден, модераторите ги бришат таквите коментари, освен ако станува збор за распродажба или привремени попусти.
 
Се надевам дека нема да биде проблем што го споделувам ова но го креирав со намера за олеснување на проблемите на кои се наидува при употреба на пелетите се надевам дека оние кои ќе се придружиме тука а и на оваа група https://www.facebook.com/groups/678218352374316/ дека во текот на сезонава доста ќе си помогнеме и олесниме со искуства како што се од квалитет на пелетите, цени, подесувања на електрониката и слични проблеми.
 
Моја логика..Не сум стручњак..
Што поголем котел, толку повеќе литри вода во него.....повеќе време за загревање.

Исто како што кажа @StefusRefus разликата во цена е огромна ...

Само да се надоврзам на муабетот.
Потрошувачката на пелети се рачуна минимална или максимална на час. Да кажеме дека алфа плам комо 15 троши минимум 1.2 до 3.5 максимум kg/h пелети а комо 21 троши 1.7 до 5.05 kg/h. Јас веке 2 години го имам комо 21 и сум презадоволен, не сум имал никаков проблем до сега.
 
Ако може искуство околу потрошувачка, колку квадрати греес и колку саати дневно.
 
Само да се надоврзам на муабетот.
Потрошувачката на пелети се рачуна минимална или максимална на час. Да кажеме дека алфа плам комо 15 троши минимум 1.2 до 3.5 максимум kg/h пелети а комо 21 троши 1.7 до 5.05 kg/h. Јас веке 2 години го имам комо 21 и сум презадоволен, не сум имал никаков проблем до сега.

Колку квадратура грееш и колкава ти е потрошувачката..
Јас имам Алфа Плам Гранде...од 1.7 до 6.7 потрошувачка според спецификација а греам 120/130 м2
Преголем е за моите потреби...но од друга страна пак бункерот му е огромен 200кг и дотур на пелети сега ова време ми е на една недела.
И чистењето ми е секоја Недела....жити чистењето ;)

Сепак мислам дека за моите потреби е прејак....и Комо Компакт би бил голем...но ете!
 
Не дека е лошо да имаш поголема и поскапа печка од што ти треба има бенефити. Резервар итн ама парите што ти се врзани во непотребни работи чинат...си можел да земеш инвертори на пример или нешто друго да си купиш.
 
Тогаш немав појма или воопшто не размислував за такво нешто.
Мислев дека неможам да се греам на клима а да ми е топло во сите 7 простории со опција за дополнителни 40м2 на долниот спрат во 2 простории.
И сеуште мислам дека такво нешто не е можно...но кога ќе се прерачунам дека во рок од 3 години колку пари фрлив....:(

Сега пред почнување на зимото малку се нервирам дека 5 тона пелети не е малку и ми пролетуваат мисли за нова промена ама тоа е!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom