- Член од
- 20 јули 2016
- Мислења
- 7.633
- Поени од реакции
- 4.934
Мислам дека треба да отвориш посебна тема за оваа несакам модертори да не бришат и банираат...Mногу наивно кажано, баш како Кермит.
Прво пазарите не се слободни, не може да се слободни кога се манипулирани на највисоко ниво. A вистински Капитализам не може да постои без слободен пазар. Ај тоа, туку дури и да постоеше слободен пазар, такво нешто како „сигурен поврат на капитал“ - не постои никаде. Те демантираат стотиците наивци кои секојдневно банкротираат на берзата. Таму важи истото правило дека „куќата секогаш победува“ (дури и кога понекогаш губи, зошто на губитниците мора да им се даде поттик да продолжат да ги коцкаат парите).
Ако толку те интересира берзата за акции, држи еден напис што го листав предмалку:
http://www.zerohedge.com/news/2017-10-25/goldman-will-be-biggest-buyer-stocks-2018
Некако се сомневам дека ќе разбереш зошто ти го покажувам линкот, ама останува човек да се надева.
Нема да ја прифатам понудата за дигресија кон објаснување зошто нацијата иако е социјална конструкција, е неопходна за преживување на една заедница. Ќе се задржам на економскиот аспект на муабетов кој се разви, поточно за глобализацијата.
Прашуваш за негативните аспекти на глобализацијата?
Треба ли повеќе објаснување од самата победа на Трамп, до која дојде со политички поентирања преку ветување дека ќе го врати производството во САД. Не разбираш? Со глобализацијата производството - на пример на автомобили, беше префрлено во држави со поевтина работна сила. Трамп вети дека ќе го смени тоа, со тоа што ќе ги зголеми даноците за увоз на автомобили, дури и за американските компании кои произведуваат надвор од САД. Како на пример Форд, кои имаат фабрика во Мексико.
Сеуште не разбираш?
Се разбира дека не разбираш, штом мораш да прашаш што било негативно за нас од глобализацијата.
Гледај вака... Ќе се обидам да објаснам што поедноставно. Но читај ме внимателно, пошто нема да се повторувам: Прво, не можеш да ја дискутираш глобализацијата без да ја разбереш финансијализацијата. Финансијализацијата и мобилниот капитал. Капиталот во вид на кеш, кредити, денес се движи слободно по планетата. Мобилен е. За разлика од порано, кога трговијата примарно се одвивала со размена на роба. Државите/нациите имаат (имале) бенефит да го извезуваат тоа што евтино го произведуваат, и да увезуваат тоа што им е скапо за производство. Тоа е концептот на слободна трговија. Но денес ситуацијата е сосема различна, пред се заради мобилниот капитал. Во денешниот свет, трговијата не може стриктно да се покаже како размена на добра меѓу нациите, затоа што капиталот на државата која увезува, Е СОПСТВЕНИК на производните капацитети на државата која извезува... Ме следиш сеуште?
Ај да објаснам уште поедноставно... Еве, Епл на пример, во Кина има фабрика во нивна сопственост, или заедничка сопственост со локална компанија. Производството таму во Кина, на разните ај-фонови, ај-падови, и ај-разни-срања, тоа воопшто не е онаа слободна трговија од минатото, со размена на стоки и добра меѓу државите. Денешната трговска размена прави дефицит кај државата која извезува производ од туѓо производство, во случајов Кина.
Епл го продава ај-фонот, на пример за 200-300-400 долари. Но од тие пари, во Кина не остануваат ни 10-тина долари по производ. Од тие 10 долари, ни четврт долар не завршува кај работниците кои црнчат на производните ленти и го произведуваат. Но уште посложена е работата, пошто производството користи компоненти произведени во десетина разни држави, а најголемиот дел од вредноста на производот е всушност интелектуален капитал (софтвер, дизајн, интерфејс, итн).
Ама на кратко и толку...
Слободен пазар без слободна трговија на производи и труд нема т.е. нема либерален капитализам.
Големи светски брендови траат со децении ако не и векови...така да таму се посигурни парите. Не се апсолутно сигурни ама имаат ок поврат на капитал посигурни се обврзници и депозити во јаки држави т.е. банки ама повратот е понизок. Берза е далеку од класично коцкање и казино иако има фактор среќа...
Остатокот е во основа кон теорија и nwo... зирохеџ се забегани не ги читам стално утињаат во прогнози и сеат дум ан глум со фриџ теории на граница на класичен конспирасии.
Другото ти е класично движење на капитал од тоа имаат бенефит и земјите од каде доаѓа и каде пристигнува капиталот...не за џабе се тепаат сите за тоа.
Инаку што се однесува на централните банки тие постојат да го израмнат бизнис циклусот за што се релативно успешни. Имаат и нуспојави ама ниеден систем не е идеален и на повидок нема замена сега за сега.
Инаку што се однесува на НБРМ и тие би ги намалиле каматите на 0% ама најверојатно ќе падне денарот и ќе предизвикаат инфлација...тоа е.
Има денес делумно слободно движење на капитал и стоки проблемот е што пазарот на труд не е либерализиран т.е. миграција.
Последно уредено: