Mногу наивно кажано, баш како Кермит.
Прво пазарите не се слободни, не може да се слободни кога се манипулирани на највисоко ниво. A вистински Капитализам не може да постои без слободен пазар. Ај тоа, туку дури и да постоеше слободен пазар, такво нешто како „сигурен поврат на капитал“ - не постои никаде. Те демантираат стотиците наивци кои секојдневно банкротираат на берзата. Таму важи истото правило дека „куќата секогаш победува“ (дури и кога понекогаш губи, зошто на губитниците мора да им се даде поттик да продолжат да ги коцкаат парите).
Ако толку те интересира берзата за акции, држи еден напис што го листав предмалку:
http://www.zerohedge.com/news/2017-10-25/goldman-will-be-biggest-buyer-stocks-2018
Некако се сомневам дека ќе разбереш зошто ти го покажувам линкот, ама останува човек да се надева.
Нема да ја прифатам понудата за дигресија кон објаснување зошто нацијата иако е социјална конструкција, е неопходна за преживување на една заедница. Ќе се задржам на економскиот аспект на муабетов кој се разви, поточно за глобализацијата.
Прашуваш за негативните аспекти на глобализацијата?
Треба ли повеќе објаснување од самата победа на Трамп, до која дојде со политички поентирања преку ветување дека ќе го врати производството во САД. Не разбираш? Со глобализацијата производството - на пример на автомобили, беше префрлено во држави со поевтина работна сила. Трамп вети дека ќе го смени тоа, со тоа што ќе ги зголеми даноците за увоз на автомобили, дури и за американските компании кои произведуваат надвор од САД. Како на пример Форд, кои имаат фабрика во Мексико.
Сеуште не разбираш?
Се разбира дека не разбираш, штом мораш да прашаш што било негативно за нас од глобализацијата.
Гледај вака... Ќе се обидам да објаснам што поедноставно. Но читај ме внимателно, пошто нема да се повторувам: Прво, не можеш да ја дискутираш глобализацијата без да ја разбереш
финансијализацијата. Финансијализацијата и мобилниот капитал. Капиталот во вид на кеш, кредити, денес се движи слободно по планетата. Мобилен е. За разлика од порано, кога трговијата примарно се одвивала со размена на роба. Државите/нациите имаат (имале) бенефит да го извезуваат тоа што евтино го произведуваат, и да увезуваат тоа што им е скапо за производство. Тоа е концептот на слободна трговија. Но денес ситуацијата е сосема различна, пред се заради мобилниот капитал. Во денешниот свет, трговијата не може стриктно да се покаже како размена на добра меѓу нациите, затоа што капиталот на државата која увезува, Е СОПСТВЕНИК на производните капацитети на државата која извезува... Ме следиш сеуште?
Ај да објаснам уште поедноставно... Еве, Епл на пример, во Кина има фабрика во нивна сопственост, или заедничка сопственост со локална компанија. Производството таму во Кина, на разните ај-фонови, ај-падови, и ај-разни-срања, тоа воопшто не е онаа слободна трговија од минатото, со размена на стоки и добра меѓу државите. Денешната трговска размена прави дефицит кај државата која извезува производ од туѓо производство, во случајов Кина.
Епл го продава ај-фонот, на пример за 200-300-400 долари. Но од тие пари, во Кина не остануваат ни 10-тина долари по производ. Од тие 10 долари, ни четврт долар не завршува кај работниците кои црнчат на производните ленти и го произведуваат. Но уште посложена е работата, пошто производството користи компоненти произведени во десетина разни држави, а најголемиот дел од вредноста на производот е всушност интелектуален капитал (софтвер, дизајн, интерфејс, итн).
Заебано, нели?
Во глобалната економија, трговијата не се одвива меѓу еднакви партнери. Богатиот запад со финансијализацијата има пристап до неограничен кредит. Евтини пари за најголемите позајмувачи, банките, а преку нив големите инвеститори. Од друга страна штедните влогови за обичните смртници станаа неисплатливи. Знаеш дека каматата за штеден влог на западот беше 0%, а сега е каматата е негативна?
Во глобалната економија, западните големи фирми идат со многу пари во локалниот пазар (ете, како нашиот) и со тој капитал купуваат политичко влијание врз локалниот политички систем, го коруптираат, купуваат услуги и прават дилови за да ја уништат локалната конкуренција. Локалните асети и недвижнини се евтини за некој со неограничен кредит и неограничен капитал, евтни се пошто цените се оформени за локалната економија каде капиталот неспоредливо поограничен, и каде локалниот кредит е малку достапен и скап. Со влезот на странскиот капитал, се овозможува локален пристап до лесно пристапни но скапи странски кредити за локалните потрошувачи, кои ако не се паметни (а не се), лесно ги трошат парите на консумерски производи (увезени) и кои потоа влегуваат во голем долг, кој не може лесно да се исплати и потоа се експлоатира до бескрај со камати. Тие што банкротираат, остануваат без хипотеките (куќи и имот). На сличен начин, и заради нелојална конкуренција од странство, и локалните компании банкротираат. Тој имот на банкротирните, станува достапен за малку пари на странските инвеститори. Сетете се на загубарите фирми, кои нашиве политичари се гордеат како голем успех ако успеат да ги продадат на некој странец за ич пари (безброј примери).
Имаме многу локални примери за срањата од глобализацијата, ете тие шивачниците во Штип, т.н. текстилни фабрики, каде кутри женички работат по 12 саати дневно, 7 дена неделно, за 100евра плата... И уште има некој со стапче кој им виси над глава да гледа кој не работи доволно вредно, и не дозволува повеќе од 3 идења во тоалат во смената.
Текстилниот производ ќе се продаде, да речеме за 30евра некаде на запад, од тоа 1 до 2 евра остануваат овде кај локалниот газда, а на работничките им се фрла по неколку центи (за тие што не знаат, цент е 0.01 евро).
Ете тоа е глобализација за нас.
Од глобализација овде можат да заработат само дузина најбогати, тие од новокомпонираната локална елита кои работат како хендлери за странските газди.
Најлошото е што тој мобилен странски капитал е нели... Мобилен. Па така утре кога во некоја друга држава ќе биде поевтино да се шие текстил, западните инвеститори едноставно ќе се преселат таму. Исто и за многу такви локални „бизниси“. А овде остануваат невработени луѓе и државата (со нашиот буџет) мора да ги решава оставените проблеми.
Треба ли уште да пишувам за придобивките од глобализација?
Пошто можам, ако треба.