Закон за забрана на пушење

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го поддржувате законот за забрана на пушење?

  • Не, треба да се укине забраната

    Гласови: 13 7,0%
  • Треба да се модифицира за да имаат угостителите поголема слобода

    Гласови: 25 13,5%
  • Да, супер е во ваква форма

    Гласови: 37 20,0%
  • Треба да биде уште поригорозен

    Гласови: 110 59,5%

  • Вкупно гласачи
    185
^^
Џебот е добар учител. Проблемот не е во законот, и законите воопшто, туку во нивното неспроведување и селективно спроведување. Стотици грди работи кои секојдневно се случуваат (а се со закони забранети), драстично би се намалиле кога полицијата и инспекциите би си ја работеле работата.

Пусти желби. :(
Јас ке се повикам на пишувањето на еден ценет член на форумот кој јасно и недвосмислено не така оддамна имаше напишано дека ние го изгубивме правото на избор и жалба се додека Груевски и фамилијата не се во затвор. Секоја акција на новата слободарска влада, секоја промена на закон или носење на нов и буквално што и да е им е дозволена и не само тоа туку треба да биди поддржана се додека Груевски не е во затвор. Колку што пратам Груевски се уште не е во затвор така да незнам зошто има потреба од вакви муабети. Има да си ќутите и да си трпите, море не само тоа туку има и да ја поддржите оваа иницијатива за промена на законот. Ако треба и ќе пропушите :sneaky:
 
Што е тука реформаторски? Тоа што пак ќе се гушам од чадот на цигарите?Тоа што ќе трујам на цигари и нема да се поднесам самиот себе си? Да се прашувам јас законот би го довел ко во Финска каде дури и дома е забрането да пушиш и има огромни казни. Никако враќање на стариот закон нели ќе го чистеа воздухиот реформаториве? Со носење нов закон баш се контра дикторни.
 
Незнам шо не ти е јасно. Дури Груевски и фамилијата се на слобода немаш право нити на избор нити на жалба. Има само да климаш со главата и да шлукаш.
 
Има да си ќутите и да си трпите, море не само тоа туку има и да ја поддржите оваа иницијатива за промена на законот. Ако треба и ќе пропушите :sneaky:

giphy.gif
:rolleyes:
 
Незнам шо не ти е јасно. Дури Груевски и фамилијата се на слобода немаш право нити на избор нити на жалба. Има само да климаш со главата и да шлукаш.
Демократија е , а што се однесува за криминал се виде и Заев колку е чесен едно евро за него едно за Вицето и така сите политичари во затвор , а ти држи се на темата или админ нека превземе мерки.
 
Колку што е демократија за тебе толку е и за мене.
 
Незнам шо не ти е јасно. Дури Груевски и фамилијата се на слобода немаш право нити на избор нити на жалба. Има само да климаш со главата и да шлукаш.

Не знам што ти е филмот со Груевски, па брат да ти беше немаше олку да жалиш.

Инаку тоа што еден член кажал мене ме ми е гајле, јас си практицирам демократија и слобода на изразување со јавна дебата, како што милува да каже новава Влада.

Е па еве бујрум...
 
Е Тенеке Тенеке колку си ти изгубен во просторот и времето. Затоа и мислев дека некаде си отселен ама не, само изгубен си бил.
Ти било гајле или не ти си небитен а тој е и тој ја пренесува официјалната политика на слободарската влада така да практицирај си ти слобода на говор и демократија колку и да сакаш, исто ке ти се фати.
Жал ми е ама можеш да се збогуваш со соломонското и дипломатско решение демек го шеташ детето а да си излегваш со другарите по кафичи освен секако ако не ти идат по игротеки да ти прават друштво :)
 
@Raziel имање јавен секс е криминал, земено дека е консензуален, ама имање консензуален секс со возрасна единка дома, не е криминал иако стануе збор за ист чин. Ова погоре и не е толку лош пример. Истото важи и за дефекација, уринирање и слично.
Претпоставувам дека станува збор за нарушување на јавен ред и мир, хигиена и така натаму.

Сексот не е криминализиран, кога е консензуален, меѓу двајца возрасни. Имаш бордели. У бордел можеш да се плескаш консензуално колку сакаш. Газдата платил лиценца. Јавни тоалети има низ градови, на некои места си плаќаш за да сереш десетче/дваефче. Се е тоа фино уредено. И да не ја тупиме за ова веќе, сигурно ме разбираш. Секс и вршење нужда не се криминализирани, ама во јавност се судираат со пристојност (шо е повеќе обичајна категорија), затоа постојат затворени места во кои се дозволени.

Цигарите не се криминализирани, ама не мислиш дека од биоетички аспект, изложувањето на некој на дим од цигари, како секундарен пушач, не може да се гледа како штетење на туѓо здравје, без негова волја? Тоа е тачно, некој ако нејќе, не мора да излага на места кајшто се пуши, а право е на сопственикот да регулира што се дешава у неговиот локал, ама претпоставувам дека тоа право е ограничено до степен кајшто не го загрозува јавното здравје. Пиење алкохол е друго, пошто ја кога пијам пиво, не му го налевам на друг у уста и пошто е легално, газдата нема зошто да не си постави регулативи дали ќе се пие или не, кај него.

Не сакам да навлегувм во етика, не е тоа тема на муабет. Веројатно и да се дозволи сегде пушење, пак ќе ѕемнам и ќе секнам мразулци за да не труам народ у затворени простории. Ама ќе го бранам правото на други да те труат тебе на место кај шо има и лиценца и дисклејмер на врата на кој пишуе "DOZVOLENO PUSHENJE", затоа шо ти си тој кој ја отвара вратата на тоа затворено место, влегува внатре свесен за последиците и ги трпи последиците. Во институции, пошти и банки може императивно да се применува забрана за пушење(пристојност, обичај), затоа шо никој не може да бара или да дава консензус за затворени простории во кои луѓе, независно какви, мора да влезат понекогаш. Алкохол нигде не наметнав како аргумент.

Еве, кај мене у слаткара, алаху, не служат алкохол и забрануваат конзумирање на алкохол кај нив у слаткара/кафич.
Ама цигарите пуштаат дим и тоа више поинаку се гледа од аспект на наштетување.

Уште еден многу битен момент шо оди во полза на принципот на слободно уредување. Ако памтиш имаше такви алаху слаткарници низ Европа и у Америка шо не правеа торти за геј парови. Одбиваа outright. Имаше протести и мислам дека имаше и случаи кај шо беа казнети тие слаткарници. Тоа е тотално неправо у полза на политичка коректност. Негова е слаткарницата, ако сака нема да те служи. Нема да ти даде пиво, па дури може и да те замоли да заминеш иако си пристоен. Мене може да ми се гади, да урлам дека не е фер, ама не може државата да се меша во слобода на уредување, па дури и во селекција на гости на тие газди.

Ќе дадам некој близок парарелен пример. „Поперс“, е легален афродизијак, што се шитка у многу секс шопови и е практично, алкил нитрит, у форма на гас. Ок е, ја да зеам и да пуштам „Поперс“ да испаруе кај мене у кафич, земено дека го пуштам у дозволени количини и не загрозуем ничие здравје? Ако не, која е разликата помеѓу Поперс и дим од цигара, објасни и од правен аспект (ако не те мрзи) и од морален, исто ако не те мрзи.

Полека со вакви примери. :D
Такво срање(не знам шо е тоа поперс додуша, ама ќе ти веруам дека постои) тепа консензус. Не знам дали, дури и ако се работи за локал со соби, во кој транспарентно пишува дека се чади со такво нешто, смее да се дозволи нешто шо влијае на самостојно одлучување и давање согласност за евентуален секс. Ми звучи како рецепт за соучесништво(на газдата) у силување. Знаеш, оти не е индивидуално, како со алкохолот.

Да се надополнам. Еве сеа читам каква е регулативата у други земји, во некои земји пушењето е комплетно банирано у барови, у некои земји има посебни соби за пушење што се затворени и во кои не се служи ништо, во некои има одделени соби со ѕид и се служат ствари у нив, таму кајшто се пуши има вентилација. Е сеа, како е изводливо у тие земји у кои е банирано пушење у локали, цигарите да се легални, а сепак да се банира пушење у барови?
Зошто кај нас, тоа не може да се изведе? Сега за сега, законот функционира така што цигарите се легални, а ипак пушењето не е дозволено у затворени простории, како и во други земји. Што значи дека во законот, можат да бидат комплементарни тие две ствари, легално да е да продаваш цигари, а истовремено да не смее да се пуши у бар/ресторан.

Компаративното право е опасна категорија, за шо како пример го имаш нашиот Устав(земен од белгискиот, копиран, во земја со различни општествени околности, стандард и обичаи). Затоа наши дипломи од овие сфери не се признаваат нигде на друго место и ниту еден правник не може да практицира на друго место, оти на тоа друго место различна е еволуцијата на правото и поинаква е интеракцијата на луѓето со правната материја. Ама и во многу од тие земји(освен арапските, шеријатските) кај шо е така регулирано, пак е неправо оти во многу од нив е во директен судир таа забрана со духот на Договорот, особено у приватниот сектор. Со самите начела е во судир, особено тоа за слободно договарање и уредување.
 
Не сакам да навлегувм во етика, не е тоа тема на муабет.
Ама ти подоле спомнуваш Социјален Договор и Дух на Договор, што е навлагање у етика, за да го поткрепиш својот став.
Полека со вакви примери. :D
Такво срање(не знам шо е тоа поперс додуша, ама ќе ти веруам дека постои) тепа консензус. Не знам дали, дури и ако се работи за локал со соби, во кој транспарентно пишува дека се чади со такво нешто, смее да се дозволи нешто шо влијае на самостојно одлучување и давање согласност за евентуален секс. Ми звучи како рецепт за соучесништво(на газдата) у силување. Знаеш, оти не е индивидуално, како со алкохолот.
Намерно спомнав Поперс, пошто Поперс не влијае на свесни одлуки и способност за расудување. Поперс делува како релаксант, ги опушта крвните садови и толку. Исто ко што афродизијаци како Вијагра, не делуваат на свест (иако Вијагра делува поразлично од Поперс). Да влијаеше на свесни одлуки, ќе беше класифициран како „дрога“ и најверојатно немаше да биде дозволен со закон. Од друга страна, можеме да разговараме како никотинот делува повеќе на свест и свесни одлуки, односно на активноста на мозокот директно, што го прави во секој поглед, чадот од цигарите, позаебан и нема зошто, да не пушташ Поперс у кафич кајшто пишува, „VNIMANIE, SE PUSHTA POPERS!“
Компаративното право е опасна категорија, за шо како пример го имаш нашиот Устав(земен од белгискиот, копиран, во земја со различни општествени околности, стандард и обичаи). Затоа наши дипломи од овие сфери не се признаваат нигде на друго место и ниту еден правник не може да практицира на друго место, оти на тоа друго место различна е еволуцијата на правото и поинаква е интеракцијата на луѓето со правната материја. Ама и во многу од тие земји(освен арапските, шеријатските) кај шо е така регулирано, пак е неправо оти во многу од нив е во директен судир таа забрана со духот на Договорот, особено у приватниот сектор. Со самите начела е во судир, особено тоа за слободно договарање и уредување.
Социјалниот Договор подразбира генерални принципи за кои ние сме се сложиле, за да функционираме подобро како општество и се базира на премиси кои се аксиоматични по природа и висат у воздух, така што не можеш да зборуваш за Духот на Договорот, а да не влагаш во етика, како што напоменав погоре.
Општеството е комплексно, постојат многу социјални динамици, психолошки динамици и слично, што доведуваат до многу прашања кои ги поткопуваат овие генерални принципи и создаваат дилеми, поради што, законите се носат со цел, сево ова подобро да се прецизира и менаџира, да се разработат тие детали колку што може, со што, пак постојат „дупки во закон“, што се експлоатирани од луѓе кои ги знаат.
Интерпретирањето на законот е буквално и навлагањето во Духот на Договорот е климава категорија која е во доменот на етиката.
Ти заговараш некоја појака форма на капитализам и автономија на трговецот во неговиот објект, но све додека, он ги поштуе законите, со што се држиш до раката на државниот орган кој ги спречува трговците да доведат до островот у 19 век и Оливер Твист сценарија.
И сеа, ако законот кажува дека „нема пушење у приватни локали“, трговецот има автономија све додека не се коси со законот, ( да не дозволи да се пуши).
Ти, го поткопуваш прашањето, „дали треба законот да го забрани пушењето“, што како што пишав у претходниот пост, е нормативен муабет, „како треба да биде“.

Моето стојалиште на тој план е дека треба да се забрани, а тоа е поради комплексноста на социјалните односи, ко што пишав погоре и навлага директно во консеквенционизам. Контрастот од кафичи кои даваат да се пуши и не даваат, доведува до уништување на социјалниот поредок. Друштва кои се сами по себе, социјален ентитет, се многу битни во општеството пошто како механизам на социјализација, доведуваат до пофункционални единки и нивната важност, не смее да се занемарува. Таков закон, ќе доведе до разор во друштвата, луѓе нема да може да се социјализираат, освен ако непушачите не одлучат да трпат дим, за да може да излезат со другарите пушачи. Е сеа, питање е кој ќе попушти и во кое сценарио, општите последици се помали.

1. Се пуши внатре. Пушачи и непушачи у друштво. Шансата пушачите да попуштат е помала, пошто најчесто се себични нарко зависници, така што во просек, непушачите ќе попуштат и ќе се трујат. Ако не попуштат, ќе има разор, а со тоа уништување на друштвото кое напоменав дека е битно. Ако пушачите попуштат, тоа сигурно нема да биде 100% од времето, ќе биде помалце, а тогаш ќе се иде на сценарио 2.

2. Не се пуши внатре. Пушачите мора да поштуваат закон. Кога идат, искачаат надвор, тоа е помалку штетно за здравјето, компаративно со сценариото у кое непушачите се трујат. Нема разор у друштво, пошто јебига, сите го поштуваат законот.

По секоја логика, сценарио 2, е подобро за општеството од сценарио 1, етички гледано.
 
Сексот не е криминализиран, кога е консензуален, меѓу двајца возрасни. Имаш бордели. У бордел можеш да се плескаш консензуално колку сакаш. Газдата платил лиценца. Јавни тоалети има низ градови, на некои места си плаќаш за да сереш десетче/дваефче. Се е тоа фино уредено. И да не ја тупиме за ова веќе, сигурно ме разбираш. Секс и вршење нужда не се криминализирани, ама во јавност се судираат со пристојност (шо е повеќе обичајна категорија), затоа постојат затворени места во кои се дозволени.

Не сакам да навлегувм во етика, не е тоа тема на муабет. Веројатно и да се дозволи сегде пушење, пак ќе ѕемнам и ќе секнам мразулци за да не труам народ у затворени простории. Ама ќе го бранам правото на други да те труат тебе на место кај шо има и лиценца и дисклејмер на врата на кој пишуе "DOZVOLENO PUSHENJE", затоа шо ти си тој кој ја отвара вратата на тоа затворено место, влегува внатре свесен за последиците и ги трпи последиците. Во институции, пошти и банки може императивно да се применува забрана за пушење(пристојност, обичај), затоа шо никој не може да бара или да дава консензус за затворени простории во кои луѓе, независно какви, мора да влезат понекогаш. Алкохол нигде не наметнав како аргумент.

Уште еден многу битен момент шо оди во полза на принципот на слободно уредување. Ако памтиш имаше такви алаху слаткарници низ Европа и у Америка шо не правеа торти за геј парови. Одбиваа outright. Имаше протести и мислам дека имаше и случаи кај шо беа казнети тие слаткарници. Тоа е тотално неправо у полза на политичка коректност. Негова е слаткарницата, ако сака нема да те служи. Нема да ти даде пиво, па дури може и да те замоли да заминеш иако си пристоен. Мене може да ми се гади, да урлам дека не е фер, ама не може државата да се меша во слобода на уредување, па дури и во селекција на гости на тие газди.

Полека со вакви примери. :D
Такво срање(не знам шо е тоа поперс додуша, ама ќе ти веруам дека постои) тепа консензус. Не знам дали, дури и ако се работи за локал со соби, во кој транспарентно пишува дека се чади со такво нешто, смее да се дозволи нешто шо влијае на самостојно одлучување и давање согласност за евентуален секс. Ми звучи како рецепт за соучесништво(на газдата) у силување. Знаеш, оти не е индивидуално, како со алкохолот.

Компаративното право е опасна категорија, за шо како пример го имаш нашиот Устав(земен од белгискиот, копиран, во земја со различни општествени околности, стандард и обичаи). Затоа наши дипломи од овие сфери не се признаваат нигде на друго место и ниту еден правник не може да практицира на друго место, оти на тоа друго место различна е еволуцијата на правото и поинаква е интеракцијата на луѓето со правната материја. Ама и во многу од тие земји(освен арапските, шеријатските) кај шо е така регулирано, пак е неправо оти во многу од нив е во директен судир таа забрана со духот на Договорот, особено у приватниот сектор. Со самите начела е во судир, особено тоа за слободно договарање и уредување.
ако работиш на градилиште, дали моеш да избереш да не носиш кацига, цокули и ракавици?
ако работиш со азбест, дали моеш да одбиеш соодветна ХТЗ?
цел свет оди кон подобрување на работната средина за своите вработени, само тука во мкд никој не ги ебе вработените 2% за кеифот на муштериите.
следно што е? кога некој муштерија ќе задрапа вработена за пичка, да си оди дома вработената да не му нарушува комодитет на муштеријата?
 
Секаде да се забрани,штетно е пушењето
 
Жал ми е ама можеш да се збогуваш со соломонското и дипломатско решение демек го шеташ детето а да си излегваш со другарите по кафичи освен секако ако не ти идат по игротеки да ти прават друштво :)

Ќе видиме за тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom