Не сакам да навлегувм во етика, не е тоа тема на муабет.
Ама ти подоле спомнуваш Социјален Договор и Дух на Договор, што е навлагање у етика, за да го поткрепиш својот став.
Полека со вакви примери.

Такво срање(не знам шо е тоа поперс додуша, ама ќе ти веруам дека постои) тепа консензус. Не знам дали, дури и ако се работи за локал со соби, во кој транспарентно пишува дека се чади со такво нешто, смее да се дозволи нешто шо влијае на самостојно одлучување и давање согласност за евентуален секс. Ми звучи како рецепт за соучесништво(на газдата) у силување. Знаеш, оти не е индивидуално, како со алкохолот.
Намерно спомнав Поперс, пошто Поперс не влијае на свесни одлуки и способност за расудување. Поперс делува како релаксант, ги опушта крвните садови и толку. Исто ко што афродизијаци како Вијагра, не делуваат на свест (иако Вијагра делува поразлично од Поперс). Да влијаеше на свесни одлуки, ќе беше класифициран како „дрога“ и најверојатно немаше да биде дозволен со закон. Од друга страна, можеме да разговараме како никотинот делува повеќе на свест и свесни одлуки, односно на активноста на мозокот директно, што го прави во секој поглед, чадот од цигарите, позаебан и нема зошто, да не пушташ Поперс у кафич кајшто пишува, „VNIMANIE, SE PUSHTA POPERS!“
Компаративното право е опасна категорија, за шо како пример го имаш нашиот Устав(земен од белгискиот, копиран, во земја со различни општествени околности, стандард и обичаи). Затоа наши дипломи од овие сфери не се признаваат нигде на друго место и ниту еден правник не може да практицира на друго место, оти на тоа друго место различна е еволуцијата на правото и поинаква е интеракцијата на луѓето со правната материја. Ама и во многу од тие земји(освен арапските, шеријатските) кај шо е така регулирано, пак е неправо оти во многу од нив е во директен судир таа забрана со духот на Договорот, особено у приватниот сектор. Со самите начела е во судир, особено тоа за слободно договарање и уредување.
Социјалниот Договор подразбира генерални принципи за кои ние сме се сложиле, за да функционираме подобро како општество и се базира на премиси кои се аксиоматични по природа и висат у воздух, така што не можеш да зборуваш за Духот на Договорот, а да не влагаш во етика, како што напоменав погоре.
Општеството е комплексно, постојат многу социјални динамици, психолошки динамици и слично, што доведуваат до многу прашања кои ги поткопуваат овие генерални принципи и создаваат дилеми, поради што, законите се носат со цел, сево ова подобро да се прецизира и менаџира, да се разработат тие детали колку што може, со што, пак постојат „дупки во закон“, што се експлоатирани од луѓе кои ги знаат.
Интерпретирањето на законот е буквално и навлагањето во Духот на Договорот е климава категорија која е во доменот на етиката.
Ти заговараш некоја појака форма на капитализам и автономија на трговецот во неговиот објект, но све додека, он ги поштуе законите, со што се држиш до раката на државниот орган кој ги спречува трговците да доведат до островот у 19 век и Оливер Твист сценарија.
И сеа, ако законот кажува дека „нема пушење у приватни локали“, трговецот има автономија све додека не се коси со законот, ( да не дозволи да се пуши).
Ти, го поткопуваш прашањето, „дали треба законот да го забрани пушењето“, што како што пишав у претходниот пост, е нормативен муабет, „како треба да биде“.
Моето стојалиште на тој план е дека треба да се забрани, а тоа е поради комплексноста на социјалните односи, ко што пишав погоре и навлага директно во консеквенционизам. Контрастот од кафичи кои даваат да се пуши и не даваат, доведува до уништување на социјалниот поредок. Друштва кои се сами по себе, социјален ентитет, се многу битни во општеството пошто како механизам на социјализација, доведуваат до пофункционални единки и нивната важност, не смее да се занемарува. Таков закон, ќе доведе до разор во друштвата, луѓе нема да може да се социјализираат, освен ако непушачите не одлучат да трпат дим, за да може да излезат со другарите пушачи. Е сеа, питање е кој ќе попушти и во кое сценарио, општите последици се помали.
1. Се пуши внатре. Пушачи и непушачи у друштво. Шансата пушачите да попуштат е помала, пошто најчесто се себични нарко зависници, така што во просек, непушачите ќе попуштат и ќе се трујат. Ако не попуштат, ќе има разор, а со тоа уништување на друштвото кое напоменав дека е битно. Ако пушачите попуштат, тоа сигурно нема да биде 100% од времето, ќе биде помалце, а тогаш ќе се иде на сценарио 2.
2. Не се пуши внатре. Пушачите мора да поштуваат закон. Кога идат, искачаат надвор, тоа е помалку штетно за здравјето, компаративно со сценариото у кое непушачите се трујат. Нема разор у друштво, пошто јебига, сите го поштуваат законот.
По секоја логика, сценарио 2, е подобро за општеството од сценарио 1, етички гледано.