Берза за книги! (купувам-продавам)

Член од
20 јули 2014
Мислења
3.133
Поени од реакции
8.226
Каде би можел да го најдам "Чајлд Харолд" од Бајрон? Се убив од барање по интернетов, ама го тупи со резултати од преџвакани писмени и семинарски.
Скоро планирам да ја посетам Јанина и околината Тимфи, Пинд, па нешто ме поттикна да се потсетам.
Лектира е оваа, буквално секаде се наоѓа.
 
Член од
30 август 2017
Мислења
54
Поени од реакции
37
Дали некој ги има Хари Потер книгите (ако имате барем една Хари Потер книга пишете) и дали ги продава?
 
Член од
30 август 2017
Мислења
54
Поени од реакции
37
ХАРИ ПОТЕР, ХАРИ ПОТЕР, ХАРИ ПОТЕР, ХАРИ ПОТЕР, ХАРИ ПОТЕР


Продавам книга: Хари Потер и Полукрвниот Принц на српски / Hari Poter i Polukrvni Princ na srpski.
Книгата е купена пред 2 дена за 900 денари (15 евра). Ја продавам за 600 денари (10 евра). Не е ни отворена, а не пак прочитана (ако ја купите овој месец нема да зажалите). Ја продавам затоа што треба да ја нарачам една друга книга на еден сајт за 1300 денари. Книгата навистина не е ни изгребена (па мислам, на 01.09 ја купив). Незнам како да ја опишам (речиси не е ни пипната). Никаде подобра цена. ВЕДНАШ КУПЕТЕ!!!
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
ХАРИ ПОТЕР, ХАРИ ПОТЕР, ХАРИ ПОТЕР, ХАРИ ПОТЕР, ХАРИ ПОТЕР


Продавам книга: Хари Потер и Полукрвниот Принц на српски / Hari Poter i Polukrvni Princ na srpski.
Книгата е купена пред 2 дена за 900 денари (15 евра). Ја продавам за 600 денари (10 евра). Не е ни отворена, а не пак прочитана (ако ја купите овој месец нема да зажалите). Ја продавам затоа што треба да ја нарачам една друга книга на еден сајт за 1300 денари. Книгата навистина не е ни изгребена (па мислам, на 01.09 ја купив). Незнам како да ја опишам (речиси не е ни пипната). Никаде подобра цена. ВЕДНАШ КУПЕТЕ!!!
Од која страна нарачуваш ?
 
Член од
30 август 2017
Мислења
54
Поени од реакции
37
Од која страна нарачуваш ?
Не нарачувам. Ја купив во Охрид. Додека се шетав ја видов и ја купив (900 денари (во Охрид е скапо)). Но сфатив дека не ми треба и ја продавам. Од 900 скимнувам на 600, а само што е купена. Твој избор дали ќе ја купиш, но знај дека не е ни пипната.

P.S. Само што ја донесов дома, се размислив и решив да ја продадам!
Поздрав !
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
chicken soup for the soul ја продавате некој ?
 
Член од
3 февруари 2016
Мислења
2
Поени од реакции
1
Барам да ги купам
1. Играј, играј, играј - Харуки Мураками
2. Длабоко во ноќта - Харуки Мураками
3. Јучно од границата, западно од сонцето - Харуки Мураками
 
Член од
21 октомври 2017
Мислења
63
Поени од реакции
16
Некој да има за продавање книга од Александра Потер на македонски било која.
 

Pece4ever

Скопјанишен
Член од
19 ноември 2009
Мислења
576
Поени од реакции
186
Продава ли некој книги од Ју Несбе, првите четири, со српски превод:
1. Црвендаќ,
2. Одмазда,
3. Соломоново слово, и
4. Ловци на главе.
И доколку ги има, по која цена,
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.133
Поени од реакции
8.226
Сѐ уште сме во подготовка на настанот, да се малку официјализира и ќе известам. Инаку, за во Скопје се работи.
Јас последен пат бев на размена на книги во Децата од нашата улица на ул. Ленинова/Аминта III, пред година дена и воопшто не бев задоволен. Тие што го организираа настанот доцнеа многу време и донесоа мало количество книги, некои публикации од конференции (која е поентата на размена на книги ова да го носиш?) и сл., а остатокот беа оние протокаловите од едицијата Светска книж. од Мисла/Мак. книг. Можеа малку повеќе да се потрудат да обезбедат поголемо количество и поголем квалитет, сепак често во тој кафич се организираат книжевни промоции и книжевни вечери. Порано во Менада подобро организирани беа.

Јас се надевам дека ќе избегнете локација како Ленинова за настанот.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Си ја средувам домашната библиотека, па имам листа на книги за продавање доколку некој е заинтересиран, сите книги се речиси како нови, само еднаш исчитани од моја страна. Цените се доста симболични, скоро упола или повеќе пониски од продажните цени. Слободен сум секој работен ден во Скопје, после 5 часот. За тие надвор од Скопје пишете порака, ако може да се договориме некако.

Ланзароте - Мишел Уелбек (Три) - 100 ден
Црвеношијка - Ју Несбе (Три) - 250 ден
Ако една зимска ноќ некој патник - Итало Калвино (Три) - 150 ден
Сликата на Доријан Греј - Оскар Вајлд (Ѓурѓа) - 100 ден
Расправа во тројка - Џулијан Барнс (Три) - 150 ден
Девојката од возот - Пола Хокинс (Топер) - 150 ден
Огледи за љубовта - Алан де Ботон (Три) - 150 ден
Среќен е тој што умее да сака - Херман Хесе (МПМ) - 100 ден
На прв поглед - Николас Спаркс (Матица) - 150 ден
Времето на лалињата - Дебора Могах (Матица) - 100 ден
Часови по секс - Даниел Грант (Сакам книги) - 150 ден
Вистински верник - Николас Спаркс (Матица) - 150 ден
Да можеш да ме видиш сега - Сесилија Ахерн (Три) - 200 ден
На крајот на виножитото - Сесилија Ахерн (Три) - 150 ден
Атентат - Јасмина Кадра - (АЕА) - 100 ден
Пламен сјај - Трејси Шевалие (Три) - 150 ден

Uncle Tom's Cabin - Harriet Beecher Stowe (Wordsworth Classics) - 100 ден
The Opera House - Hans M Hirschi (Yaree) - 150 ден
Ja, Bot - Bojan Medić - 150 ден

Продава ли некој книги од Ју Несбе, првите четири, со српски превод:
1. Црвендаќ,
И доколку ги има, по која цена,
Јас ја продавам, македонски превод од Три, „Црвеношијка“.
Цена 250 ден, продажната ѝ беше 500 ден.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom