Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Валеро која класа играч е упм. Еден од најпотценетите играчи во последните 10 години. И технички и тактички, разбира типот што да игра и како да игра во секој момент.
Не е уопште смешно, уште од времето кога играше во Виљареал беше топ играч. Може да им биде смешно само на луѓе што воопшто не го гледале. И мене ми беше чудно кога отиде во Фиорентина и како не загризаа повеќе клубови во тој период за него, зошто ако не сум грешка за некоја смешна сума отиде, околу 10ина милиони евра. Тогаш, ако не сум грешка Виљареал имаа проблеми со испаѓање?Можеби е смешно ова што ќе го напишам ама Валеро е доктор по фудбал,неможам да разберам како толку години ниту еден поголем клуб не го увидел неговиот квалитет и не го ангажирал во своите редови а во многу поквалитетни екипи од Интер би му се нашол во екипата па некаде би играл прва постава...едноставно со секој изгледан натпревар импресиониран сум од неговиот квалитет,и порано го знаевме колку е добар само дека играше во Виола и беше занемерен од целовкупната јавност и никој не го забележуваше.
Очигледно е дека Спалети го игра понапред поради тоа што Валеро на оние години неможи да одговори соодветно на дефанзивните задачи и да влегува во дуел па затоа е малце ослободен од обврските што ги извршуваат Гаљардини и Весино..но тој концепт во дерби натпреварите односно со поквалитетни екипи е промашен според мене.
И дури сега заприметив дека во екипата нема левичар за да внеси поинаква димензија во нападите,па и дури резервите се десничари![]()