Закон за забрана на пушење

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го поддржувате законот за забрана на пушење?

  • Не, треба да се укине забраната

    Гласови: 13 7,0%
  • Треба да се модифицира за да имаат угостителите поголема слобода

    Гласови: 25 13,5%
  • Да, супер е во ваква форма

    Гласови: 37 20,0%
  • Треба да биде уште поригорозен

    Гласови: 110 59,5%

  • Вкупно гласачи
    185
Помалку се и од третина, само тие што пушат, често пушат и по неколку кутии на ден. А тие во здравството, ако сакаат да направат нешто корисно во однос на намалувањето на пушењето - нека воведат повисоки давачки за здравствено осигурување за пушачи, и значајно повисоки партиципации... Само тоа не носи гласови, укинување на забрана за пушење - тоа носи гласови (или така барем си мислат).
Тоа у никој случај не е корисно,дај не зезај.. демек константното зголемување на цената на цигарите имаше некаов ефект па повисоки давачки ни најмалку нема да помогнат на пушачите во тоа да ја искоренат навиката а да бидат казнувани наместо да може ко у секоја понормална држава да тераш на никотинска терапија ако откажуваш без да кризираш затоа и е болест на зависност,зависност као цигарите не се решава со повисоки цени.
 
А што ако не е се во ред со постоечкиот закон? Немам ни бројки, ни статистики, ни анекдотални докази...

А тек темата на здравствените ризици од краткотрајно изложување од пасивно пушење е ептен дискатабилна тема
.

Цигарите ми сметаат премногу, ама некогаш повеќе ми смета кога на свадба или обична вечер во кафана повеќето од пола луѓе ја поминуваат надвор на цигара и се убива цела атмосфера. Ми се случувало на маса од 8 души, двајца да остануваме дур другиве се заборавиле пред локалот на пуш пауза.

а колку тоа често одите на свадби и веселби и притоа вака од око проценка правите дека без бројки и статистики сите пушеле надвор, а доколку би пушеле во објектите непушачите немаат гајле?


Толку од мене на темава, да не оставам лош пример со пушењето како админ :pos:

седи, таман се замубаетија луѓево... :D

али барем ако дискутираш биди демократичен, а не како по овие политичките теми кажи што ти лежи на душата па кој ги тркала останатите.

заговараш пушење во локали па на кој не му чини нека си оди во локали каде не се пуши...
претходно кажа како и на гости некаде да одиш не е океј да не пушиш, во таа конотација (да не те цитирам и за тоа) и испаѓа уствари дека само затоа што не можиш да си го задоволиш или зауздаш нагонот (кој бај да веј ти штети и на твоето здравје) треба сите околу тебе да те трпат? тоа е изговорот?

тоа ти е исто како да ти дојдиме 10 души дома да гледаме фудбал кај тебе и да помини некоја брачеда на жена ти (која ви е на гости) па да му скокниме 3-4 оти таков нагон имаме, ни се крева кога ќе видиме добра кока.
треба малку пообјективно да се дискутира, нема врска кој е админ или не е, тоа што те опоменаа дека си бил админ и оставаш лош пример не е океј муабет и не е воопшто поврзано со тоа дали придонесуваш или не да се дојде до објективна дискусија.

ако тролаш, чисто колку да биде темата активна, тогаш пеки.

75% од учесниците на форумот т.е. од оние кои ја отворија оваа тема гласале дека се против измени на законот (дури и над 50% од нив викаат дека треба да е поригорозен - меѓу кои изјави и на пушачи) што значи НЕ е битно дали се малолетни, полнолетни, ТАЛИБАНЦИ или некој со тастатура и интернет конекција, сепак е нечие мнозинско мислење кое во демократија ваљда би требало да се почитува.
ако не, јбг да си станиме сите канибали па на кој како му одговара нека тера...

законот беше добар, имаше такви закони ВМРО само што паѓаа на негова имплементација. како и скоро за сè останато во оваа ни наша државичка. секој сака да изиграва нешто, а никој да почитува законски одредби.
 
Твоето непушење не афектира никој, нормално.
Исто како што пушењето не би те афектирало тебе, доколку не доаѓаш во кафулиња, на пример.
Исто како што и непушењето не би те афектирало тебе, доколку не доаѓаш во кафулиња, на пример.

:toe:
 
Треба да се легализира марихуаната, а да се забрани производството на цигари, освен за извоз. Причините се многу очигледни. Процентот со кој ќе го редуцираш ракот на бели дробови а со тоа и смртноста кај населението, ќе го искористиш во работна сила за грин/кана/мара/наречигокакосакаш бизнисот кој ќе го почнеш после легализација на канабис, односно го користиш за секаква употреба покрај медицинската. А пак со друг процент, од овие приходи, ќе инвестираш во производство на поквалитетен тутун за да ти оди извозот и кешот назад.
Така сите ќе имаме јахти и џипови и среќно ќе си живееме.
 
Море сите сакат да умрат здрави. Барем да дониравте органи ебаве свилените ебаве. Додуша има и една изрека рџавом курцу и длаке сметају. И види интересен феномен, пушач бил ама го поддржувал моменталниот крајно дискриминирачки закон. Абе да не пушите нешто друго вие? За цигари од тутун е муабетот.
Изрекава рџавом курцу и длаке сметају вежи и за бремени жени или само за тинејџери?
 
Изрекава рџавом курцу и длаке сметају вежи и за бремени жени или само за тинејџери?
За сите. Ништо не ви е, не туку квичите.[DOUBLEPOST=1508869135][/DOUBLEPOST]
Лупна глупост, остана жив...
Не само што останав жив туку жив сум а веќе поминав две третини од животот. Фатив јас времиња за кој ти само си слушал и си воздивнувал со тага во срцето и солзи во очите.
 
Ако цигари смее и грас нека смее да се пуши.
И хероин.
И крек.
Добро барем да знаеме на што си :свиркам:[DOUBLEPOST=1508869875][/DOUBLEPOST]
А браво. Не ти смета пушење у кафулиња а зошто тогаш ти смета загадено Скопје?
Мислам ако сакаш да умреш побрзо имаш поефективни начини.
Мене воопшто не ми смета загадено Скопје ;)[DOUBLEPOST=1508870325][/DOUBLEPOST]
Да не се лажеме, ако се пуши во кафичот, едноставно смрди. Никаква вентиалција не помага.
Тебе ако ти смрди не значи дека на сите им смрди. Мене баш ми е пријатна миризбата од тутунот.[DOUBLEPOST=1508870694][/DOUBLEPOST]
Вау.... Каква смена во парадигмата од претходната дискусија кога се носеше законот, до оваа дискусија овде. Mи текнува тогаш, на антипушачката страна од дискусијата беше ваква гужва:
upload_2017-10-24_17-44-23-gif.179229
Море Ванлок како вчера да беше ко го тупеше за полезноста на законот а пази сега на иста страна од фронтот си со најголемите душмани :). Баш да видам дали ке ти манат лајк и кој :cautious:
 
Последно уредено:
Новата влада има некои лоби од угостителите. Некои не логични работи прво укинаа забрана за алкохол после 21 сега цигари во кафичи..
 
На владата не им одговара намалување на пушењето. Акцизите од цигарите се високи и само ке растат во иднина.

Фактички пушачите со секоја цигара прават буст на буџетот иако за тоа можеби не се свесни.
 
Новата влада има некои лоби од угостителите. Некои не логични работи прво укинаа забрана за алкохол после 21 сега цигари во кафичи..

Уште не е укината забраната за алхохол, али ќе се укине, најверојатно одма после нова година, што е и добро, глуп закон е тоа.

Но, овој закон не треба да го чепкаат, најдоброто нешто што донело Вмро е овој закон за забрана на пушење внатре во објектите. Тоа што треба новата влада да направи е да не се применува селективно, односно да важи за секој газда, за секој локал и во секое јавно и државно претпријатие.

И јас бев пушач со минимум кутија на ден, но нашето право да пушиме не значи дека треба да го загрозуваме здравјето на оној кој не пуши.

Таман си е вака, и онака скоро сите локали имаат заградени тераси, не се оставени на цедило пушачите.
 
На владата не им одговара намалување на пушењето. Акцизите од цигарите се високи и само ке растат во иднина.

Фактички пушачите со секоја цигара прават буст на буџетот иако за тоа можеби не се свесни.
Тоа е многу краткогледо. Истиот тој пушач ќе си наплати се назад плус ќе ја оштети државата вишак во лекарски трошоци
 
Тоа е многу краткогледо. Истиот тој пушач ќе си наплати се назад плус ќе ја оштети државата вишак во лекарски трошоци
Цигарите поскапуваат секоја година, но никој не може да ме убеди дека тоа е така поради потикнување на луѓето да се откажат од нив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom