Конфликтот во Сирија

Член од
16 декември 2009
Мислења
1.323
Поени од реакции
1.162
Груевски ќе го вратат пак тогаш? Пак ќе живееме во рајот на светот со 600 вработувања на ден? Латас пак ќе се врати на Сител?
Јас па за миг помислив дека Грујо и Зајо заедно ќе седат во некоја влажна и ладна келија осудени за велепоредавство и наутро ќе копаат компири до крајот на животот за малку од малку да се одолжат за тоа што го направија на својот народ,ама ти сакаш пинг-понг да играш со македонскиот народ?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.683
Поени од реакции
42.268
Јас па за миг помислив дека Грујо и Зајо заедно ќе седат во некоја влажна и ладна келија осудени за велепоредавство и наутро ќе копаат компири до крајот на животот за малку од малку да се одолжат за тоа што го направија на својот народ,ама ти сакаш пинг-понг да играш со македонскиот народ?
Кој ќе ги осуди? Путин? Или ќе ги потапша по рамо повеќе да го угнетуваат народот тука? Или може некој трет ќе стави тоа да го прави. На Македонија правецот и е на запад ако сака да напредува, и ние и бугарите тоа го знаеме иако имаме симпатии према Русија, и Србија тоа го знае но и годи вниманието од Русија и балансира некако.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.726
Поени од реакции
33.971
^^
Всушност ти се потсмеваа за потребата да и на оваа тотално несоодветна тема за Сирија, да мешаш ситнополитички навивања за партијата за која навиваш во оваа држава.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.323
Поени од реакции
1.162
Кој ќе ги осуди? Путин? Или ќе ги потапша по рамо повеќе да го угнетуваат народот тука? Или може некој трет ќе стави тоа да го прави. На Македонија правецот и е на запад ако сака да напредува, и ние и бугарите тоа го знаеме иако имаме симпатии према Русија, и Србија тоа го знае но и годи вниманието од Русија и балансира некако.
Ако имаш трокатна куќа и 27 години и правиш "потпoрен ѕид" за после тоа целата куќа да ти е навалена а горниот спрат срушен,дали би продолжил да го правиш истото?
Тоа може да го прави само човек кој или е глуп или е луд или таа куќа(Македонија) не ја чувствува за своја.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.179
Поени од реакции
16.311
наводно го блокирале ама еве има...
US sends weapons, supplies into the hands of ISIS

 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.447
Поени од реакции
17.874
со постов касниш едно 3 години кога беше борбата за Кобани.
Каснење е кога ќе почне за Хрватска пред 35 години. Тенковски делови и ова е во доменот на актуелните случувања.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.962
Поени од реакции
12.381
Нешто слично како евакуацијата на борците за човекови слободи и права од Арачиново во 2001 година.

За да не пресуши изворот на борци за човекови слободи и права, мора да им се помогне на преживеаните ѓубриња, бидејќи прашање на време е кога повторно ќе бидат потребни за некаде да започнат некаква нова револуционерна "пролет".

https://off.net.mk/vesti/razno/kako-sojuznicite-borcite-na-isis-da-izbegaat-od-raka

Како сојузниците помогнаа борците на ИСИС да избегаат од Рака

14 Ноември 2017 - 15:51

Валканата тајна на Рака

ИСИС од една, Курдите и американско-британски сили во Сирија од друга страна постигнале таен договор кој им дозволил на стотици терористи на ИСИС заедно со своите семејства и оружје да избегаат од Рака. Конвојот испратен под закрила од западните сојузници во Сирија, вклучувал и некои од најозлогласените членови на ИСИС, плус десетици странски борци на џихадистите, објавува Бибиси.



За спроведување на преселбата ангажирани се повеќе возачи на камиони кои за време на целата војна претежно тераат тури низ северна Сирија. Првично од СДФ (коалиција на арапски и курдски борци против ИСИС) им е кажано дека ќе треба да пренесат стотици семејства од градот Тебка (околу 50 километри оддалечен од Рака) во еден од бегалските кампови на север, работа од максимум 6 часа.

Кога на 12-ти октомври се собира конвојот, тие сфаќаат дека планот е сосема поинаков, и дека наместо првично договорената пратка, ќе треба да товарат џихадисти од ИСИС, нивните семејства и тони оружје и муниција. Камионџиите за ангажманот ќе добијат илјадници долари, ама мора да молчат за истото.

„Договорот да им се дозволи на борците на ИСИС да избегаат од Рака - де факто главниот град на самопрогласениот калифат - е постигнат од локалните функционери. Тој доаѓа по речиси 4-месечни борби кои го оставаат градот разурнат и речиси без луѓе. Со ова ќе се помилуваат животи и ќе се стави крај на борбите. Животите на арапските, курдски и други борци против ИСИС ќе бидат поштедени.

Меѓутоа во исто време овозможи стотици борци на ИСИС да избегаат од градот. Во тоа време, ниту американско-британската коалиција, ниту СДФ, кои тие ги поддржуваа, не сакаа да го признаат своето учество.

Дали договорот, кој беше валканата тајна на Рака, создаде закана за надворешниот свет - која им овозможи на милитантите да се распостелат насекаде низ Сирија и пошироко?

Направени се огромни напори ова да се сокрие од светот. Меѓутоа Бибиси зборуваше со дузини луѓе кои или беа во конвојот, или го следеа, како и луѓе кои го преговараа договорот“, пишуваат Квентин Сомервил и Раим Далати во текстот за Бибиси.

Новинарите на Бибиси успеваат да стигнат до приказната и возачите вклучени во неа, веројатно затоа што истите уште не се платени за подвигот што го извеле. Освен што наместо ветените 6 часа, целата преселба трае 3 дена, камионџиите се жалат на сериозни оштетувања на камионите (расипан мотор, скршени осовини) кои и понатаму не можат да ги поправат.

Камионџиите, предводени од извесен Абу Фавзи, го прават клучниот подвиг во целиот договор, откако решаваат дека сами, без придружба од СДФ, ќе влезат во Рака на територија на ИСИС и ќе ги товарат борците. Меѓу оправданите стравови на превозниците во моментот се: што ако ИСИС пука на нас кога влегуваме, што ако СДФ пука на нас кога излегуваме, што ако Американците и Британците одлучат да нè рокнат и да си ги решат проблемите во еден потег, што ако Русите нè намирисаат и се истурат на нас, што ако војската на Асад нè дознае и уште безброј други сосема легитимни изводливи варијанти во кои ниту тие ниту товарот не излегува жив.

„Бевме преплашени уште од моментот кога влеговме во Рака. Требаше да влегуваме со СДФ, ама нè испратија сами. Само што влеговме, ги видовме борците на ИСИС со оружје во рака и со ставени самоубиствени појаси.

Тие ставија експлозиви и на нашите камиони. Ако нешто не оди според договореното, да го кренат во воздух цел конвој. Дури и нивните жени и деца имаа појаси бомби“, раскажува Фавзи.

Пред тргањето на конвојот, СДФ, предводена од Курдите, ја чисти Рака од медиуми, а во јавноста СДФ објавува само дека неколку десетици борци на ИСИС го напуштаат градот, и сите од нив се локалци.

https://off.net.mk/files/statija/2017/11/14/raka.mp4
(Снимка од конвојот како ја напушта Рака)

Наспроти соопштенијата на СДФ се сосема спротивните сведоштва на возачите кои учествуваат во конвојот.

„Пренесовме околу 4.000 луѓе вклучувајќи жени и деца - мешано со наши возила и нивни возила. Кога влеговме во Рака, мислевме дека треба да собереме 200 луѓе. Само јас во моето возило пренесов 112“, изјавува еден од возачите.

Друг возач изјавува дека конвојот бил долг околу 6 до 7 километри, и бил составен од речиси 50 камиони, 13 автобуси и над 100 возила во сопственост на ИСИС. Според нив, дел од џихадистите воопшто не се ни криеле туку се возеле на кровот на некои од возилата.

И покрај договорот дека може да земат само лично оружје, „борците на ИСИС го земаа сето оружје што можат да го носат“. 10 од камионите се товарени само со оружје и муниција, „ова не беше евакуација, ова беше егзодус на таканаречената Исламска држава“.

Во разговорот со новинарите, возачите почнуваат да им ги покажуваат раните што им биле направени од борците на ИСИС додека се обидувале да ги однесат на сигурно.

„Еден од пријателите на Абу Фавзи ги завитка ракавите на кошулата, под нив имаше изгореници.“

Според Фавзи, со секој возач имало тројца или четворица странски борци. За време на патувањето тие ги тепаат и навредуваат возачите нарекувајќи ги ’неверници’ и ’свињи’.

„Тие може им помагаа на борците да избегаат, но арапските возачи беа малтретирани по цел пат. И им се закануваа.“

Фавзи објаснува: „Беа дрски и не им беше гајле. Ние им бевме криви што ги избркаа од Рака“, го пренесува текстот на Бибиси сведоштвото на возачите.

Без разлика дали на камионџиите или во попатните продавници во кои застанал конвојот, борците на ИСИС речиси не изоставуваат да ги предупредат луѓето дека треба да внимаваат што прават бидејќи ИСИС планира да се врати по некое време.

Една од ретките договорени работи што е испочитувана е дека на конвојот не смее да има ниту едно знаме на ИСИС. Една од многуте работи кои не беа испочитувани, е дека странските џихадисти нема да смеат да се качат на конвојот.

Камионџиите тврдат дека во конвојот имало џихадисти од Франција, Турција, Азербејџан, Пакистан, Јемен, Саудиска Арабија, Кина, Тунис, Египет и други места. Портпаролот на западната коалиција, под притисок од истрагата на Бибиси, признава дека преселбата се случила, меѓутоа во неговата пресметка има само 4 странски борци, кои веќе се уапсени.

Портпаролот Рајан Дилон признава и дека за време на преговорите меѓу ИСИС и СДФ присуствувале и офицери од Западот, меѓутоа „не учествувале активно“ во дискусијата.



Сведоштвата на камионџиите и населението кое живее покрај рутата по која се евакуирани џихадистите е дека конвојот бил следен од американски авиони, кои на клучни места исфрлале светлечки ракети за да ги наведат камионите на патот по кој треба да возат. Од коалицијата потврдуваат само дел од ова, и според нив точно е само тоа дека тие го мониторирале конвојот од воздух.

Крајната точка на конвојот е село меѓу Маркда и Ал Сувар, каде камионџиите го истоварат товарот и се враќаат кај СДФ.

„Им ја покажавме локацијата на мапа, а тој ја обележа за чичко Трамп да може подоцна да ја бомбардира“, изјавува Ал Фавзи.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
За да не пресуши изворот на борци за човекови слободи и права, мора да им се помогне на преживеаните ѓубриња, бидејќи прашање на време е кога повторно ќе бидат потребни за некаде да започнат некаква нова револуционерна "пролет
Учат од Русите.
Асад заедно со Русите во неколку наврати го договорија евакуирањето на џихадисти од неколку џебови во околината на Дамаск. Во два случаи и припадници на ИСИС, еднаш од границата со Либан и еднаш од провинцијата Хомс.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.962
Поени од реакции
12.381
Учат од Русите.
Асад заедно со Русите во неколку наврати го договорија евакуирањето на џихадисти од неколку џебови во околината на Дамаск. Во два случаи и припадници на ИСИС, еднаш од границата со Либан и еднаш од провинцијата Хомс.
А Русите научиле од Арачиново во 2001 година.
 
T

Terroir

Гостин
Учат од Русите.
Асад заедно со Русите во неколку наврати го договорија евакуирањето на џихадисти од неколку џебови во околината на Дамаск. Во два случаи и припадници на ИСИС, еднаш од границата со Либан и еднаш од провинцијата Хомс.
На границата со Либан тоа беше повеќе на инсистирање од страна на Либан кој го договорија тоа во замена за ослободување на нивни војници додека во Хомс не сум сигурен дали и воопшто имаше договор, границата помеѓу нивниот “џеб“ и овие од Идлиб е тенка и имаше таму симулационен напад од двете страни па може избегаа така

Курдите со Американците договорија евакуирање на Рака за да ослободат војници од таму и да ги грабнат нафтените полиња пред Сиријската војска
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.962
Поени од реакции
12.381
Абе Американциве знаеме дека беа лоши, ама Русиве?
За секого/секоја зависи од тоа како гледа на настаните од негова/нејзина лична перспектива.

За Русите барем не сме слушнале досега да евакуирале терористи на македонска територија.

За американците од друга страна дури и има и пофалница за Глен Нај кој евакуирал 26 американци од Арачиново во 2001 година, тешко е - барем за мене лично, од моја лична перспектива - да се верува дека тие 26 американци биле туристи или студенти на размена на кои им се погодило да завршат во кризно подрачје во Македонија во 2001 година.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
За секого/секоја зависи од тоа како гледа на настаните од негова/нејзина лична перспектива.

За Русите барем не сме слушнале досега да евакуирале терористи на македонска територија.

За американците од друга страна дури и има и пофалница за Глен Нај кој евакуирал 26 американци од Арачиново во 2001 година, тешко е - барем за мене лично, од моја лична перспектива - да се верува дека тие 26 американци биле туристи или студенти на размена на кои им се погодило да завршат во кризно подрачје во Македонија во 2001 година.
Американците се криви што ги евакуираа терористите од Арачиново или Македонците што дозволија тоа да се случи?

На границата со Либан тоа беше повеќе на инсистирање од страна на Либан кој го договорија тоа во замена за ослободување на нивни војници додека во Хомс не сум сигурен дали и воопшто имаше договор, границата помеѓу нивниот “џеб“ и овие од Идлиб е тенка и имаше таму симулационен напад од двете страни па може избегаа така

Курдите со Американците договорија евакуирање на Рака за да ослободат војници од таму и да ги грабнат нафтените полиња пред Сиријската војска
Небитно, во неколку наврати беа евакуирани терористи (ИСИС, Ал Шам или како и да се викаат) од страна на Асад под покровителство на Русите. Тоа е факт. Каде тие заминаа и против кого продолжија да се борат не знам, но факт е дека ги ослободија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom